Со усвојувањето на ребалансот ќе се блокира градот, рече скопската градоначалничката Данела Арсовска пред советничкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласа сопствените амнадмани за релокација на милион евра од градскиот буџет. На ВМРО-ДПМНЕ во гласањето „за“ им се придружија и двајца советници од ДУИ и Левица со што беа обезбедени 24 гласа. Советниците од СДСМ гласаа против и алармираа дека не треба да се врши измена на претходно веќе изгласани амандмани.
Изгласаните амандмани се по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, со еден од нив се дава помош од 150 илјади евра на Фудбалскиот клуб Вардар, како и повеќе реконструкции на улици во Чаир и Аеродром кои треба да се реализираат до Нова Година.
Претседателот на советот Трајко Славевски кој е и поранешен министер за финансии и порача на Арсовска дека нема можност за блокирање на функционирањето на градот Скопје и решението може да го најде за три минути од стручни лица кои се разбираат во буџет. Градоначалничката реплицираше дека мотивот за ваков ребаланс не е решение туку блокада на градот.