Претседателот Володимир Зеленски минатата недела рече дека добива „особено многу поплаки од Киев“ за мерките. „ Не сакам да се вовлекувам во политички битки, особено не во сегашната ситуација“, објави Кличко на Телеграм и додаде: „Бесмислено е. Морам да работам во градот“. Кличко оцени дека советниците на претседателот се вклучиле во „манипулација“ и „тоа не е добро ниту за Украинците, ниту за странските партнери“. „ Денес, кога треба да бидеме обединети и да работиме заедно, се игра еден вид политичка игра“, рече тој. Минатата недела Зеленски се заложи за отворање на „центри за непобедливост“ низ Украина, засолништа каде што жителите ќе можат да се загреваат, да имаат вода, интернет, мобилни врски и лекови достапни бесплатно, 24 часа на ден.