Деноноќното парно кое граѓаните од овој дел на градот го плаќаа 37 отсто поскапо од останатите корисници, од 1 февруари е заменето со млаки радијатори, температура во становите далеку под 20 степени, безброј реакции, објави и коментари на социјалните мрежи, залудни поплаки до надлежните и игнорирање на нивните апели.
Жителите од скопска Автокоманда, денеска во 18 часот ќе го блокираат булеварот Александар Македонски во знак на протест против тајното префрлување на населбата од таканареченото „железарско парно“ на топловодната мрежа која се снабдува од Топланата Исток со која стопанисува државната компанија ЕСМ.Деноноќното парно кое граѓаните од овој дел на градот го плаќаа 37 отсто поскапо од останатите корисници, од 1 февруари е заменето со млаки радијатори, температура во становите далеку под 20 степени, безброј реакции, објави и коментари на социјалните мрежи, залудни поплаки до надлежните и игнорирање на нивните апели.
Своето присутво на денешниот протест го потврдија пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, претседателката на Советот на Оштина Гази Баба, Дијана Илиевска, советниците во општинскиот совет, Александар Каровски и Филип Атанасов, а се очекува на блокадата да дојде и градоначалникот Бобан Стефковски кој го поддржа и првиот собир на граѓаните.Иако покана е упатена и до претседателот Стево Пендаровски како жител на Автокоманда до неговиот избор во 2019 година, засега нема најава дали ќе излезе на барикадите заеедно со своите поранешни соседи.Потврда за протестот пристигна и од Министерството за внатрешни работи (МВР):
„Поради протест од граѓани на урбана заедница Автокоманда, денеска во периодот од 18.00 до 19.30 часот, има посебен сообраќаен режим на крстосницата помеѓу булевар Александар Македонски и улива 16 Македонска бригада“, соопшти Министерството за вантрешни работи.МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.