„Рускиот претседател Владимир Путин нема да застане“, порача Зеленски на прес-конференцијата со литванскиот колега Гитан Наусед.
„Тој сака целосно да не окупира, а понекогаш, несигурноста на нашите партнери во поглед на финансиската и воена помош за Украина само ја зголемува храброста и силата на Русија“, додаде Зеленски.Украинскиот претседател предупреди дека Путин нема да застане на Украина, туку дека ќе ги нападне и другите соседи, ако партнерите не ги здружат силите во напорите да го спречат.„Мораме да разбереме дека Литванија, Летонија, Естонија и Молдавија можат да бидат следни ако ние (Украина) не го спречиме“, порача тој.