12.8 C
Скопје
07/05/2024 04:31
МАКТЕЛ

  

     

 

(ВИДЕО) Спасовски во 360 на МТВ за претстојните избори: Патот по кој што се движиме, извесноста која ја нудиме кај граѓаните – немаат алтернатива во овој момент

      

   

Една од темите во текот на интервјуто на министерот Оливер Спасовски за 360 степени на МТВ беа претстојните избори. Запрашан околу можните постизборни комбинаторики, Спасовски со одговор дека не сака да разговара на претпоставени прашања, особено што ова се прашања за кои треба да се разговара во органите на партијата, односно партијата да донесе одлука за настапот на СДСМ, а не станува збор за ексклузивно право на ниту еден поединец како член на партијата.

 

„Ние имаме и претседател и раководство. Сега единственото прашање за кое разговараме се претстојните избори. Како успешно да ги завршиме проектите дотогаш и како успешно да настапиме на изборите“, рече Спасовски, при што околу евентуалното поклопување на терминот на претседателските и парламентарните избори додаде дека неговото размислување е дека е подобро изборите да бидат одвоени, прво претседателски, па потоа парламентарни, иако и тоа треба да е резултат на квалитетна анализа во насока што би било најдобро за државата.

   

     

Запрашан дали верува дека СДСМ е можно да победи или барем да формира Влада, Спасовски истакна: „Секако дека верувам, заради тоа што сметам дека пред сѐ, целта која ја имаме, патот по којшто се движиме, извесноста која ја нудиме кај граѓаните – немаат алтернатива во овој момент. Од другата страна немаме ништо освен кочење на евроинтеграцискиот процес, немање ставови за многу прашања од витален интерес за државата, целокупниот европски фронт, огромното мнозинство граѓани кои посакуваат движење на државата по тој европски пат, се адути кои сметам дека СДСМ треба да ги искористи на најдобар можен начин“.
Во однос на Европскиот фронт, тој појасни дека во него не ги гледа само политичките партии, туку смета на обединување на личности, структури граѓани кои го поддржуваат тој пат.
„Мислам дека детална анализа треба да покаже што е потребно да се направи, дали да се оди со заеднички листи или, би рекол, во две линии кои би биле дел од истиот фронт, па да видиме што е тоа што на крајот би дало подобар резултат“, подвлече Спасовски.

    

Најново

Украина ја претстави Викторија, портпаролка генерирана од вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Бендевска: Во Битола во последните два дена зголемување на членството за 20%

Sase Ivanovski

Емил Јанески од Прилеп, Движењето ЗНАМ-За наша Македонија

Sase Ivanovski

Остин: На Украина ќе и стигне нова транша од шест милијарди долари

Sase Ivanovski

РУСИЈА СЕ СООЧУВА СО НЕДОСТИГ НА РАБОТНА СИЛА Дури 70% од фабриките го имаат тој проблем, алармира руската гувернерка

Sase Ivanovski

Николоски од Росоман: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го изгради експресниот пат Прилеп-Градско до 2027 година

Sase Ivanovski

Под закана со огнено оружје oграбиле казино

Sase Ivanovski

Над 20 приведени во антитерористичка акција против Исламска држава во Турција

Sase Ivanovski

Историски потег на Ријад: Саудијците ја отвораат првата продавница за алкохол

Sase Ivanovski

Зошто Шведска е земјата во која живеат најосамените луѓе во светот

Sase Ivanovski

Мегапаркови во ниви и во маалски ќошиња

Sase Ivanovski

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Sase Ivanovski

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја по изјавата на Бајден дека неговиот вујко го изеле канибали:„Мојата земја не заслужува таква етикета“

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со членството во ЕУ можеме да го искористиме нашиот национален потенцијал

Sase Ivanovski

ГАЛЕРИЈА: Највредните фрески во историјата на уметноста (прв дел)

Sase Ivanovski

Николоски како известител за БиХ од Советот на Европа: Клучно за напредокот на регионот е борбата против организираниот криминал и корупција, тоа е предуслов за влез во ЕУ и задржување на младите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачевски-Скуг: Северна Македонија останува фокусирана на стратешката цел за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ МУ СЕ НАЛУТИ НА КОВАЧЕВСКИ ЗА СПОРЕДБАТА СО ДЕТЕ КОЕ САКА ПЛЕЈСТЕЈШН И ГО ПОВИКА НА ДУЕЛ ГРАДИ ВО ГРАДИ: Неинтелигентен хумор, друг пат пред да кажеш нешто размисли

Sase Ivanovski

ТИТО ИМАЛ ГОЛЕМ МЕРАК НА ОПЕРСКИ ПЕЈАЧКИ

Tamara Ivanovska

Лажни се дојавите за бомби на Скопскиот аеродром и во дел од училиштата

Tamara Ivanovska

СДСМ-Реакција на изнессени ставови на Христијан Мицкоски

Sase Ivanovski

Дополнително зголемување на каматните стапки на Народна банка, сега се на ниво од 4,25 проценти

Sase Ivanovski

Зечевиќ од Ресен: Вистински патриотизам денеска е обединување околу европски пат на земјата

Sase Ivanovski

Усвоени измените на законите за детска и социјална заштита, продолжуваме со грижа за граѓаните и ранливите категории

Sase Ivanovski
Вчитувам....