7.8 C
Скопје
06/05/2024 09:09
МАКТЕЛ

  

     

 

Мегапаркови во ниви и во маалски ќошиња

      

Во киоскот со натпис „чизбургер“, поставен до мегапаркот што го направи скопската градоначалничка Данела Арсовска во Општина Ѓорче Петров, одамна не бил направен и продаден ниеден сендвич. Тој служи како куќарка за неколкутемина чувари што на смени внимаваат на овој парк. Дваесет и четиричасовното обезбедување тука било потребно, ни рече дежурниот чувар, бидејќи локацијата е надвор од населено место и нема струја, што привлекува несакани ноќни посетители и го зголемува ризикот од оштетување на клупите и на зеленилото.
„Навечер светиме со ламби, а се грееме на дрва“, додаде тој, покажувајќи на складираните цепаници до киоскот.

   

Мегапарковите беа едно од клучните ветувања на Арсовска во предизборната кампања во 2021 година, заедно со бесплатниот јавен превоз и новите автобуси. За разлика од превозот, ова ветување се реализира. Но, какви се резултатите од реализацијата?
Посетивме четири од петте ветени паркови, бидејќи последниот не е ниту почнат. Три се веќе во употреба, а четвртиот е во изградба. Еден е опкружен со ниви и со депонии и е надвор од населено место, друг е уредено зеленило меѓу згради, а трет е на траса каде што треба да се гради булевар. Некои имаат многу помала површина од онаа што беше најавена, или помалку елементи од тие што беа ветени на почетокот.

„Следете ги тополите“

 

   

     

Откако ниту сателитската навигација на мобилните телефони не ни помогна да го најдеме мегапаркот во Ѓорче Петров и нè однесе прво во депонија покрај Лепенец, а потоа во слепи улички меѓу куќите во Ново Село, помош побаравме од локален жител.
„Следете ги тополите, паркот е веднаш зад нив“, ни рече тој.
До тополите, пак, се поминуваше низ повеќе ниви и други имоти. Првото нешто што го забележавме на мегапаркот беше паркингот. Просторот за паркирање таму е корисен, со оглед дека паркот се наоѓа среде ниви, со само пет-шест куќи и два-три индустриски објекти во близина, и е на половина километар оддалечен од најблиското населено место, Ново Село.

Логично се наметна прашањето – зошто некој би правел парк овде?
„Мегапаркот во Ѓорче Петров е речиси целосно реализиран, а преостанува поставувањето на урбаната опрема, која е предвидено да биде поставена во следниот период“ изјавија од Град Скопје без да потенцираат кога ќе биде тоа.

Оттаму појаснија дека локацијата на која е изграден мегапаркот во Ѓорче Петров, претходно била дива депонија што предизвикувала значително загадување на просторот и на воздухот во тој дел на градот, па затоа било одлучено токму таму да се спроведе проектот. На северната страна до паркот сè уште има дива депонија, а и реката Лепенец што поминува веднаш покрај него е полна со ѓубре.

Мегапаркот има површина од над 30 илјади квадратни метри. Долг е околу 400 метри, односно за да се стигне од едниот до другиот крај се потребни десетина минути. Местото не изгледа идентично како видеоанимацијата што градоначалничката Арсовска ја објави во 2022 година на својот фејсбук-профил. Таму имаше и фонтани, летниковци и парк за миленици, кои на теренот ги нема. А тоа што најмногу недостасува е електричната инсталација и осветлувањето. Според најавеното соопштение, овој парк чини 1,1 милион евра.

„Микропарк Чаир“

Таблата на која пишува „Мегапарк Чаир“ е главниот показател дека ова парче зеленило меѓу булеварот Македонско-косовска бригада и зградите е посебен проект, а не обично маалско зеленило. Просторот и порано беше зелен, со големи дрвја, а нови се патеките, неколку видиковци и други елементи. Најпосетен дел од овој парк се лулашките и другите детски реквизити, каде што неколку мајки си играа со децата.

Споредувајќи ги цртежите од промовирањето на паркот и тоа што е реализирано досега, во него недостигаат 23 летниковци, ново детско игралиште, парк за миленици и фонтани. Од Град Скопје велат дека средствата за тоа се обезбедени и дека паркот ќе се доправи во иднина. Оттаму не кажаа колку чини уредувањето на овој простор.
„Мегапаркот во Чаир е во постапка на реализација. До овој момент е завршено поставувањето на зеленилото, а преостанува инсталирањето на урбаната опрема за која обезбедени се средства и план за реализација“, се вели во одговорот од Градот.

Парк врз булеварска траса

Мегапаркот во Аеродром е, всушност, продолжение на т.н. проект „Рајски парк“, кој го направи поранешниот градоначалник Коце Трајановски покрај последната станица на автобуската линија број 5 во Ново Лисиче. Она што е ново во овој простор е обновениот тревник, изградената пешачка патека и поставените летниковци меѓу последна „петка“ и паркот Авионче од околу 800 метри, меѓу булеварот АСНОМ и комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.

Урбанистичката документација покажува дека дел од ова зеленило и некои елементи се наоѓаат на трасата каде што треба да се направи вториот крак од булеварот АСНОМ, што значи дека ако некогаш почне тој проект, дел од мегапаркот ќе треба да се уништи. Нема конкретен одговор зошто е одлучено така. Од кабинетот на градоначалничката само рекоа дека Рајскиот парк бил делумно оштетен кога се градел колектор и затоа решиле да го обноват зеленилото таму.

Ризично ќоше

Мегапаркот во Кисела Вода, сместен во ќоше меѓу пругата и улицата Есенинова, почна да се уредува во декември 2023 година. Во средината на март 2024, кога го посетивме местото, тоа не изгледаше различно од денот кога свечено беше одбележан почетокот на работите. Освен што овојпат немаше ниту булдожери, ниту работници, само купишта земја и отпадоци. Од најавени 52 илјади квадратни метри, нема ниту две илјади на просторот што се уредува, според пресметките од сателитските снимки. Имотите во продолжение се приватни, а од Град Скопје истакнаа дека се планира тие да се откупат.
„Во овој момент, секторот за уредување ја процесуира експропријацијата“, велат оттаму за БИРН.

Улицата Есенинова беше доградена во 2021 година за да ги поврзе населбите Кисела Вода и Пролет. Со тоа, сообраќајот на неа драстично се зголеми. Една жителка на населбата вели дека е чудно што токму тоа место е избрано за парк.
„Никако да не се постават реквизити за деца на ова место. Опасно е тие да трчаат тука, кога има улица и пруга веднаш до паркот“, ни рече таа.

Најавите се дека уредувањето на овој парк ќе заврши  до крајот на годината и тој ќе чини 486 илјади евра. Изградбата на последниот парк во Карпош ќе почне во текот на оваа година, а според информациите што ги добивме од градот, тој ќе чини нешто помалку од милион евра.

 

    

Најново

Павле Арсоски, Потпретседател на ЗНАМ и носител на листата во ИЕ3: ЗНАМ ќе го врати достоинството на униформата со целосна професионализиција и департизација на секторот безбедност и со решавање на статусот на професионалните војници

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба мора да престане веднаш!

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

Sase Ivanovski

Тренчевска: Од 2017та година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме  за 5.309 денари

Sase Ivanovski

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат до последно, повторен обид на МЗ да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: СДС го уништија животниот стандард, никогаш не се живеело полошо од сега, затоа СДС ќе изгуби катастрофално

Sase Ivanovski

Битиќи за Слободен печат: Политичките партии кои немаат понуда за граѓаните се враќаат на национализмот

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ е обединета и силна партија, секогаш на браникот на татковината

Sase Ivanovski

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Sase Ivanovski

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува градба, промени, реформи, во општина Петровец ќе инвестира 5 милиони евра, ќе се заврши новата детска градинка

Sase Ivanovski

Николоски: Во четврта изборна единица ВМРО-ДПМНЕ предвидува инфраструктурно поврзување, поддршка на земјоделието и воспоставување на ред во државата

Sase Ivanovski

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Sase Ivanovski

Битиќи: Со Планот за раст ние им ја приближуваме европската иднина на граѓаните, а опозицијата им ја одзема

Sase Ivanovski

Битиќи од Шуто Оризари: Заокружете го бројот 1, тој ќе не обедини во европската идеја

Sase Ivanovski

Ковачевски: Во среда, масовно гласајте ЗА европска иднина, ЗА држава во која ќе сакаат да останат вашите деца!

Sase Ivanovski

Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

Sase Ivanovski

Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај

Sase Ivanovski

Митрески од Кичево: Нема откажување од иднината, гласањето за број 1 е вистинскиот избор на претседателските и на парламентарните избори

Sase Ivanovski

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во повисоки плати и подобри услови за работа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Начинот на кој ДУИ и СДСМ сакаат да ја добијат поддршката од граѓаните не е преку програма туку со притисоци и закани

Sase Ivanovski

Филипче: Разговарав со илјадници луѓе, влегов во стотици домови, прошетав по многу маала и пазари, граѓаните сакаат промени во нашите политики, во нашето однесување кон нив

Sase Ivanovski

Ковачевски: Гласањето на 8 мај почнува од нула – ве повикувам заедно да изградиме европска иднина

Sase Ivanovski

Филипче: На верниците им посакувам денеска да се препуштат на духовниот мир во пресрет на најсветлиот празник Велигден

Sase Ivanovski

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Sase Ivanovski

Филипче на средби со жителите на Ивањевци, Обршани, Могила, Кукуречани и Новаци: Им ветив дека секогаш ќе останам достапен и редовно ќе се среќаваме и во иднина

Sase Ivanovski

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Sase Ivanovski

Израел ги информираше САД за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во Рафах

Sase Ivanovski

Силјановска не признава два победника на изборите

Sase Ivanovski

Петровска тајно помагала во подигнување на спомен плоча на бранител

Sase Ivanovski

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

Sase Ivanovski

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

Sase Ivanovski

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

Sase Ivanovski

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

Sase Ivanovski

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

Sase Ivanovski

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

Sase Ivanovski

ЈА ИЗВЕСТИВ МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА Мицкоски вели дека ДУИ во првиот круг полнела гласачки кутии

Sase Ivanovski

ТИНЕЈЏЕР ВЛЕЧЕЛ И ГРЕБЕЛ ПОЛИЦАЈЦИ Не им дозволувал да приведат побегнат затвореник

Sase Ivanovski

ИЛОН МАСК Е ТРЕТ Бернар Арно е најбогат во светот

Sase Ivanovski

ЌЕ ГИ ЗАБРАНИМЕ БРЗИТЕ КРЕДИТИ Апасиев предлага и поголем данок за богатите

Sase Ivanovski

Светска програма за храна на ОН: Луѓето во северниот дел на Појасот Газа се соочени со „целосно гладување“

Sase Ivanovski

Владина делегација присуствуваше на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски”

Sase Ivanovski

Грковска: Посакувам мудрост во сѐ што зборуваме и сѐ што правиме за доброто на сите

Sase Ivanovski

Двапати неделно ќе има летови од Скопје до Рига со Ер Балтик

Sase Ivanovski

„Јазикот е наша татковина“: Најубавите стихови напишани на македонски јазик

Sase Ivanovski

Нема напредок во разговорите меѓу Хамас и Израел со посредниците во Каиро

Sase Ivanovski

Турскиот министер Фидан повика на глобално муслиманско единство за поддршка на Палестинците

Sase Ivanovski

Израелската Влада одлучи да ги затвори претставништвата на Ал Џезира во Израел

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пожар во казино во Охрид

Sase Ivanovski

Сарачини: Излези и гласај, биди вистински сопственик на својата држава

Sase Ivanovski

Над 30 претставници на украинските медиуми остануваат во руско заробеништво

Sase Ivanovski

Украинско МНР: Распишаната потерница за Зеленски е доказ за очајот на рускиот државен врв и пропаганда

Sase Ivanovski

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

Sase Ivanovski

Семејствата на заложниците го повикуваат Нетанјаху да обезбеди договор за примирје

Sase Ivanovski

Северна Македонија доби пофалби за напорите во заштитата на жртвите на семејно насилство

Sase Ivanovski

Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина на Македонија

Sase Ivanovski

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со ВМРО на власт нашето сточле во Брисел во 2030 ќе остане празно, а тие ќе ги обвинуваат граѓаните, соседите и ЕУ

Sase Ivanovski

За македонските идентитетски обележја не се преговара со никого и никаде, вели министерката Костадиновска-Стојчевска

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на нашиот културен идентитет

Sase Ivanovski

Апасиев: Левица предлага прогресивен данок, богатите ќе плаќаат повеќе од работниците

Sase Ivanovski

Пукање среде ресторан во Тетовско, нема повредени

Sase Ivanovski

Дете ја нападнало мајката и братот

Sase Ivanovski

Касами: Има заплашување и притисок врз гласачите од структури во полицијата

Sase Ivanovski

Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Sase Ivanovski

Заев: Со договорите кои ги склучивме со соседите всушност започнавме нова етапа од негувањето, употребата и промоцијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Тренчевска: Родител 1 и родител 2 постојат само во манипулативните умови на ВМРО-ДПМНЕ, а не кај мене или во СДСМ

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: На гости во мојот дом беше другарот Фатмир Битиќи, по повод празникот Велигден, Христово Воскресение. Му посакувам здравје низ целата година

Sase Ivanovski

Името, идентитетот, историјата и традицијата не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата – вели митрополитот Агатангел

Sase Ivanovski

Овации за Албанскиот театар и „Диво месо” во Тирана

Sase Ivanovski

Скандалозна порака на владиката Петар, како народот да гласа на изборите

Sase Ivanovski

НАУЧНИЦИ ОТКРИЛЕ ОРАНГУТАН КОЈ ЗНАЕ ДА КОРИСТИ ЛЕКОВИ ОД ТРЕВА ЗА ДА ЛЕЧИ РАНИ НА ЛИЦЕТО

Sase Ivanovski

Антикорупциска: Формирани се 45 предмети поврзани со изборите

Sase Ivanovski

Му дале полна торба ливчиња – Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани

Sase Ivanovski

Трагедија го потресе Скадар: Мајка монструм се фрли со трите деца во реката Бојана, најверојатно ги убила сите три деца!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕПРИСТОЈНО ДОФРЛАЊЕ ОД ПУБЛИКА НА НАСТАН НА ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ: ВМРО ДПМНЕ ТРЕБА ДА ПОРАБОТИ НА ЕМАНЦИПАЦИЈА НА СВОЕТО ЧЛЕНСТВО

Sase Ivanovski

МУ УДРИЈА РЕМЕТ НА МАКСО НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Sase Ivanovski

ОВАА ВЕСТ НЕ Е ПАРОДИЈА: СО ПОСРЕДСТВО НА МВР И ОБСЕ, ДОГОВОРЕНО Е НА ПЛОШТАДОТ ВО ТЕТОВО ЗАВРШНИОТ МИТИНГ НА ДУИ ДА БИДЕ ВЕЧЕРВА, А НА ВРЕДИ В ПОНЕДЕЛНИК

Sase Ivanovski

НИКОЛОВСКИ: Традиционално како и секоја година меѓу народот, во Градец на овој голем христијански празник Велигден

Sase Ivanovski

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ВЕЛИГДЕН ГО ДОЧЕКА СО ЗАЕВИ ВО СТРУМИЦА: Христос воскресе! Ви посакувам здравје, среќа, љубов, мир и спокој за вас и вашите најблиски

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Нов здравствен дом во Илинден. Промените на дело. По 8 мај уште посилно за Македонија!

Sase Ivanovski
Вчитувам....