Откриени се тајни документи во кои се споменува опсадна состојба во Москва, но и дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за државен удар. Рускиот портал The Isider објави дека има увид во таен документ кој носи наслов: „План за морално-психолошка поддршка за мировна транзиција на Дирекцијата за опреции на Федералната служба за безбедност (ФСО). Пишува дека лицата наоружани со воена опрема кои беа забележани во центарот на Москва на 26 октомври, биле припадници на ФСО и дека изведувале вежби како дел од сеопфатни специјални мерки што ФСО ќе ги преземе во случај да биде воведена вонредна или воена состојба.
Во тајниот документ Планот за морално-психолошка поддршка е поделен на четири дела. Во првата фаза се споменуваат мерките што ќе се реализирал пред прогласување на воена состојба. Во втората фаза се наведуваат мерки кои ќе бидат на сила во текот на периодот на „зголемена“ воена подготвеност. Третата фаза се однесува на подготовки за прогласување „воена закана“, а четвртата фаза е во случај да биде прогласен авоена состојба која ќе бара „целосна воена подготвеност“. Инаку, многу анкети покажаа дека Путин ужива доверба од мнозинстото Руси.