По тешко боледување на 77 годишна возраст почина некогашниот претседател на ФПСМ, доктор Јовица Угриновски. „Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77-годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф. Д-р Јовица Угриновски. Проф. Д-р Јовица Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на “НЕУРОМЕДИКА”. Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето. Вечна му слава!, објави “НЕУРОМЕДИКА”.
УГРИНОВСКИ, Јовица Николов (Скопје, 2. Ⅹ 1945) – специјалист неврохирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Специјализирал неврохирургија во Скопје (1975), завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981), магистрирал (1978) и докторирал (1986). Придонел во воведувањето на проспективниот предвидувачки скоринг систем во неврохирургијата и методот на премостување на крвните садови во мозокот. При атентатот врз Претседателот на РМ Киро Глигоров (Скопје, 1994) изведе сложени неврохируршки оперативни зафати. Организатор е на Итната санитетска хеликоптерска служба во РМ, како и на повеќе волонтерски организации и се занимава со алпинизам.
Публикувал повеќе од 140 научни трудови и 6 книги. Сопственик е на приватната клиника „Неуромедика“. БИБ.: Трауматска кома, Скопје, 1991; Неврохирургија, Скопје, 1992; Медицинско-санитарен прирачник за алпинисти и планинари, Скопје, 1993; Медицинско-санитарен прирачник за алпинисти и планинари. Ⅱ издание, Скопје, 1996; Практична неврохирургија, Скопје, 1999; Практична неврохирургија 2, Скопје, 2001; Сун ин тхе ице-Антарцтиц, Скопје, 2002; Неврохирургија за студенти по медицина и стоматологија, Скопје, 2003. М. шољ. УГРИНСКИ, Предраг Стефанов