Ѓорѓија Сајкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, објави заедничка фотографија во неговиот партиски кабинет со поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески и поранешниот технички премиер Емил Димитриев.
Ставрески и Димитриев во 2016 истовремено беа дел од техничката влада. Ставрески тогаш ја поднесе оставкјата, а Димитриев го назначи Кирил Миноски на негово место.
– Состанок со луѓето кои се експерти во својата област и своето искуство и знаење го ставаат во функција на развојот, македонските работи и враќање на државата, напиша Сајкоски.