Тој појасни дека тоа се однесува на решавање на билатерални спорови кои претставуваат пречка, се вели во транскриптот од прес-конференцијата на Шолц со словенечкиот премиер Роберт Голоб, објавен на веб-страницата на германскиот канцелар.
– Ова се однесува, на пример, на прашањето како да се внесе живост во процесот со Северна Македонија, а да не го попречуваат спорови меѓу земјите-членки. Тоа важи и за прашањето Србија-Косово, а секако и за прашањето како да се продолжи со Босна и Херцеговина, објасни Шолц.Тој додаде дека ЕУ сега нема само да стои настрана како набљудувач, туку конкретно ќе се обиде да постигне напредок во неопходните реформи во БиХ.
– За сите кои се надеваат на членство во ЕУ, важи дека тоа не е процес на одлучување заснован на геополитика, туку процес кој секогаш е поврзан со конкретни реформски чекори. Ова важи за земјите од Западен Балкан, а се однесува сосема конкретно и за Молдавија, Украина и Грузија. И сите ќе помогнеме да се постигне напредок што е можно побрзо, рече Шолц.
Германскиот канцелар оцени и дека Берлинскиот процес, кој го воспостави неговата претходничка Ангела Меркел, се потврди како инструмент за зајакнување на конкретната соработка на Западен Балкан и најави дека оваа соработка ќе се интензивира за да се постигне напредок во целиот регион.Словенечкиот премиер Роберт Голоб му се заблагодари на Шолц „што имал слух и помогнал да се направи пробој во Европскиот совет кога станува збор за проширувањето на Западен Балкан“.
– Мислам дека канцеларот веднаш увиде колку е важно тие земји да станат членки на ЕУ, сите земји од Западен Балкан да се најдат на патот кон Европа. И кога ги убедуваше другите држави во Европскиот совет, и оние кои беа скептични, канцеларот одигра важна улога, и за тоа сите ние од Западен Балкан треба да му бидеме благодарни, рече Голоб