Вицепремиерката Грковска информираше за приоритетите на кои е посветен и кои ги координира нејзиниот кабинет, а се насочени кон дигитална трансформација на општеството, креирање на антикорупциски политики, како и градење на професионални, одговорни, отчетни и ефикасни институции. Таа оцени дека е многу важно за клучните реформи, вклучително и во делот на јавната администрација, да има консензус за тие да бидат долгорочни и одржливи. Вицепремиерката Грковска се заблагодари за поддршка што ОЕЦД и СИГМА и ја даваат на нашата држава, што е особено важно сега, кога ги почнавме преговорите со Европската Унија.
Генералниот секретар на ОЕЦД, Корман го поздрави почетокот на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија и оцени дека пристапните преговори овозможуваат брзи и квалитетни реформи. Во таа насока, двајцата соговорници се согласија дека е неопходно во наредниот период да се унапреди меѓусебната соработка, особено во однос на експертска поддршка за клучните реформи што нè очекуваат.