За еден поранешен маркетинг менаџер на Македонски Телеком, запрепастувачки е колку Димитар Ковачевски не го разбира маркетигнот и медиумите. Буквално му оставија на ВМРО ДПМНЕ 2-3 години да врши длабинска ТЕПИХ медиска бомбардировка, не остана камен на камен од наративот на СДСМ и после се чудат зошто биле збришани на терен?! СДСМ продава политичка роба која тешко се продава, тоа е како да убедуваш некое дете да јаде брокула и спанаќ додека ВМРО ДПМНЕ на граѓаните им нуди лесковачка и ќебапи и хамбургери и пица, се знае народот за што ќе се одлучи од прва, треба многу мака да му објасниш на народот зошто треба соживот со Албанците, зошто треба договор со Бугарите, зошто ни треба ЕУ и НАТО итн итн, за тоа треба многу медиска битка да се објаснува и да се објаснува 24/7 секој ден со години…
Која е сличноста на Ковачевски и Зеленски? И двајцата се борат со голи раце против многу помоќен непријател. Без ракети и тешка артилерија. И резултатот е таков каков што е. Запрепастува наивноста на СДСМ кои мислеа дека без силни медиуми можат да се борат со популизмот и национализмот и константниот критицизам на ВМРО ДПМНЕ со нивната моќна медиска машина која меле се пред себе. Ги има на тв на радио на портали на социјални мрежи со масивна ботовска армија па го освоија и Јутуб со фамозниот Лазаров кој гази со по пола милион прегледи на штета на СДСМ со гости кои фрлаат дрва и камња по Бихачка?!
СДСМ никогаш овие 30 години не ги разбирале медиумите, имаше некои несмасни обиди, но СДСМ отсекогаш мислеле дека народот е доволно паметен сам да разбере, дека медиумите треба да бидат независни, дека новинарите се доволно одговорни и чесни и свесни, дека медиските газди се доволно чесни и одговорни, ама сето тоа е една хипи утопија која нема врска со реалноста. СДСМ требаше и мораше да го владее процесот да не ги успушта уздите од рацете да створи своја моќна медиска машина која ќе и парира на онаа на ВМРО ДПМНЕ, но тие не го направија тоа.
Да заклучам, СДСМ не изгуби за тоа што владееја толку лошо, изгубија затоа што медиската артилерија на ВМРО ДПМНЕ ги исцепи како свиња мрсен џак што би рекле кумановци, ги разнесоа како што Русите го разнесоа Мариупол и Бахмут, камен на камен не остана. Ова е ладен туш за дечките на Бихачка, треба да разберат дека митинзите и останатите глупости се фрлени пари, само медиуми дечки, телевизии, радија, моќни портали и јутуб поткасти кои 24/7 ќе се тепаат со машината на ВМРО ДПМНЕ и на Левица, СДСМ треба да има свој Инфомакс, свој радио Лидер, своја Алфа, свој Курир, свој Плусинфо, свој Лазаров, свој Васко Ефтов кој ќе ја продава истата роба што ја продава и ВМРО ДПМНЕ и ќе ја објаснува на народот 24/7, за потоа тие аргументи народот да ги рециклира на слави пред кооперација во кафани на социјални мрежи, значи само тоа е лекот, штета што СДСМ ова никогаш не го разбра за мое големо чудење и запрепастеност. Ова се како два и два дека се четири?!
За жал последиците од овој политички аматеризам и наивност на лидершипот на СДСМ ќе го плаќа самиот СДСМ кој сега ќе дреме во опозиција наредните 10 години најмалку но уште пострашно е што државата ќе плати голема цена со тоа што ЕУ како идеја веќе од вчера официјално умре, ЕУ ќе ја гледаме само на тв и кога ќе патуваме низ ЕУ додека се уште не ни опнеле пак визи. Ќе ни требаат најмалку уште 10 години да излеземе од ова срање од кое зацапавме вчера. Да се надеваме дека ВМРО ДПМНЕ се реформирало и дека нема да се врати Груевизмот уште појак и со научени лекции за тоа како не се губи власт со бомби и шарени револуции, тек тогаш сме го обрале бостанот.