Една од најуспешните Македонки која живее и работи 22 години во Африка, Маја Јанеска со мотивациски говор пред студентите на АУЕ – ФОН ги сподели своите искуства и патот до нејзиниот успех, при што потенцираше дека за да се успее во животот и бизнисот, покрај знаењето стекнато во образовниот процес, секој млад човек потребно е да има самодоверба;
Јанеска по потекло од Охрид, заедно со бизнис претставници од Јужноафриканската Република престојува неколку дена во нашата земја, нејзината татковина, со цел воспоставување дипломатска, образовна и економска соработка меѓу Република Северна Македонија и африканските земји;
Денес Маја Јанеска се занимава со претприемништво и соработува со сопствена компанија за бизнис и развој на руда, нафта, гас, лотарија, пакување тутун и трговија со други стоки;
Повеќе на https://bit.ly/3U5hl9C