– Нормално дека за нас е неприфатлво ако тоа не е придружено со она поради кое бевме повикани тука, согласноста под итно да се заложиме за конечен договор за целосна нормализација на односите. Рокот беше март 2023. Значи, дојдовме тука во Брисел за да се договориме за нови чекори во правец на договор пред март 2023. Со жалење морам да кажам дека посредниците, во случајов Борел, се откажа од мартовскиот рок и од предлогот на ЕУ за нормализација на односите, изјави Курти. Тој нагласи дека е секогаш подготвен да отпатува за Брисел на разговори за „разни актуелни прашања”, како што е она за регистерските таблички, но изрази очекување дека „во центарот на преговорите треба да биде меѓусебното признавање” на Косово и Србија.
– Јас сум спремен да дојдам тука, да остварувам средби, секогаш со истата структура и дневен ред – конечен договор со целосна нормализација на односите, во чиј центар е меѓусебното признавање, како и за разни актуелни прашања, како што се табличките. Меѓутоа, не може едното без другото, не можеме да бидеме неодговорни да не ги третираме актуелните прашања, но и не можеме да се претвориме во државни лидери кои се занимаваат само со прашања на табличките и не разговараат за нормализација на односите, изјави Курти.