Флук-Екрен на судското рочиште се изјасни „виновна” по обвиненијата што и се ставааа на терет, дека ја предводела „Хатиба Нусајба” формацијата на ИД, во која стотици жени и малолетни девојчиња биле обучувани да ракуваат со автоматско оружје и да вршат самоубиствени напади со појаси со експлозив.
Во изјавите што ги даваше пред Судот таа ја презеде одговорноста за своите постапки и ангажманите во Сирија, Ирак и Либија, но поголемиот дел од времето го потроши обидувајќи се да го оправда своето однесување.