За неа ќе се аплицира електронски и таа на ист начин ќе се добива. На одговор на апликацијата ќе се чека од неколку минути до 96 часа. Дозволата ќе чини седум евра.
Овие мерки се дел од новите правила за зголемување на безбедноста кои ги воведуваат земјите од ЕУ и Шенген зоната. Тие ќе важат за влез во вкупно 30 држави, а дозвола ќе им биде потребна на граѓаните на шеесетина држави од светот кои сега патуваат без визи.