11/05/2024 06:15
МАКТЕЛ

  

     

 

Избори повеќе се губат отколку што се добиваат!

      

Двојните избори се чини дека се решени уште во првиот круг. Убедливата победа на Силјановска над Пендаровски ги расчисти дилемите кој ќе биде идниот претседател, но и како ќе изгледа распоредот на силите во следниот парламентарен состав. Огромната разлика навестува политички промени.

Изборниот резултат е неминовен кога ќе се вкрсти драматично надолниот тренд на СДСМ со растот на ВМРО-ДПМНЕ, кој не е со иста динамика, но сепак е континуиран. Ваквите тенденции дополнително ќе се интензивираат поради психолошкиот ефект и опортунизмот кај дел од гласачите, меѓутоа, кога-тогаш, СДСМ ќе мора да се соочи со реалноста ако сака да избегне целосен колапс на политичката сцена, а ВМРО-ДПМНЕ со предизвиците во кои се наоѓа државата и да понуди излезни решенија. Најнеизвесно е како ќе се развива ситуацијата во албанскиот блок, каде ДУИ ја победи обединетата албанска опозиција, меѓутоа веројатно тоа ќе биде пирова победа, бидејќи се најавува владина коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, која, пак, ја потисна Левица и се позиционира како трета политичка сила.

   

Ако се изземат мал број пријави за изборни инциденти и нерегуларности, првиот круг од претседателските избори мина во крајно демократска атмосфера. Меѓутоа, изборните резултати ги пробија сите можни проценки, па дури ги надминаа најоптимистичките очекувања, како на набљудувачите, така и на самите учесници во изборниот процес.

 

Како што е познато, претседателската кандидатка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова постигна убедлива победа, освојувајќи над 362 илјади гласови, што е за над двојно повеќе од гласовите што ги освои нејзиниот главен противкандидат од владејачкиот табор на СДСМ – Стево Пендаровски, на чие конто легнаа околу 180 илјади гласови.

   

     

Иако се работи за прв изборен круг и двајцата кандидати повторно ќе се судрат во директен дуел, додека истовремено ќе се одржат и парламентарни избори, може да се извлечат неколку заклучоци. Имено, овој изборен исход е сосема логичен след на настаните, ако се земе предвид дека СДСМ подолг период наназад бележи надолен тренд, за на крај да заврши во слободен пад.

Откако Зоран Заев успеа да го сруши режимот на Никола Груевски, политичкиот амбиент неспорно се демократизираше, но новата влада не рефлектираше согласно очекувањата на поддржувачите, кои не се дел од партиската база. Наместо бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, таа влада сè повеќе калкулираше и тактизираше на тој план, правдајќи го тоа како неминовна жртва за повисоки цели.

А, тие повисоки цели беа членството во НАТО и интеграцијата кон ЕУ. По членството во НАТО, платено со амнестија на осомничени и обвинети криминалци, кои учествуваа во крвавиот упад во парламентот или испумпале милиони од државниот буџет и ги акумулирале во приватни џебови, СДСМ фрли сè на картата на членството во ЕУ, запоставувајќи ги целосно реформите во другите витални подрачја (администрација, образование, здравство…), што се покажа како фатална грешка.

На тој начин, СДСМ речиси веднаш ја загуби поддршката од една граѓанско-либерална структура, која главно преку Шарената револуција, чиј лозунг беше „нема правда нема мир“, ги поддржа политичките промени. Всушност, тие гласачи го факторизираа СДСМ и го донесоа во конкурентна позиција да формира парламентарно мнозинство, се разбира, заедно со албанските гласови.

Но, покрај тоа што социјалдемократите ја загубија оваа, условно кажано, екстра поддршка отстрана, тие во следна фаза почнаа да го губат и партиското ткиво. За разлика од кохезивноста на ВМРО-ДПМНЕ, базичното гласачко тело на СДСМ повеќе флуктуира, што, гледано од една поширока перспектива, и не е лошо, бидејќи тоа укажува дека не дејствуваат како армија, туку до некаде мислат со своја глава. Арно ама, овде суштината е поинаква.

Едноставно, Бихаќка сè помалку трошеше енергија на идеолошки наративи, што, во комбинација со игнорантскиот однос кон реалните животни потреби на дел од членството, бидејќи кај нас, нели, партијата се доживува и како сервис, сè повеќе го намалуваше базенот на гласови на СДСМ. Така, партијата во првиот круг од претседателските избори падна на историски минимум, што навестува целосен дебакл во вториот круг, како и на парламентарните избори.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ на овој и на претходните изборни циклуси (претседателски, парламентарни и локални) не може да се пофали со енормен раст на гласовите, но просто падот на СДСМ е толку драматичен, поради што победите на ВМРО, особено сега во првиот круг на претседателските избори, се апсолутни. Тоа оди во прилог на констатацијата дека изборите повеќе се губат отколку што се добиваат.

Како и да е, разликата на релација ВМРО – СДСМ е драстична и таа бездруго ќе има импликации врз идниот развој на настаните, кога се очекува второто полувреме од изборната битка и конечната политичка разврска. Несомнено е дека овие изборни резултати ќе бидат катализатор за парламентарните избори, кога може да биде запечатена судбината на СДСМ, во негативна смисла.

И покрај тоа што растот на ВМРО-ДПМНЕ не е со иста динамика и прогресија како падот на СДСМ, сепак, тој бележи една нагорна тенденција во континуитет, која во вакви околности ќе има ефект на лавина или снежна топка. Тоа значи дека во следниот период, овој раст сè повеќе ќе се зголемува.

За тоа има и психолошки фактори, бидејќи многумина избирачи што досега биле неутрални или неодлучни, може да се приклучат кон победникот, бидејќи одбиваат да се идентификуваат со губитници. Воедно, има и многумина опортунисти, кои резонираат клиентелистички, па потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се зголемува и по таа основа.

Инаку, опозицискиот лидер Христијан Мицкоски веќе најавува победа со 61 пратеник или приближно до тоа, што не е целосно нереално, имајќи предвид дека реториката против ДУИ ќе се засилува и ќе кулминира во следниот период. Секако, контрареакција се очекува и од ДУИ, која има голема самодоверба, откако успеа да ја победи обединетата албанска опозиција.

Поточно, претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи освои над 120 илјади гласови, а Арбен Таравари од ВЛЕН освои над 83 илјади гласови. Меѓутоа, оваа разлика од 37 илјади гласови е резултат на една широка коалиција што ја направија и „интегративците“, излегувајќи од етнички дефинираните блокови.

Досега, Али Ахмети настапуваше самостојно на избори и секогаш успеваше да излезе како победник, иако имаше помалку гласови од вкупниот број албански опозициски партии. Тие во пресрет на овие избори одлучија да се обединат, под покровителство на косовскиот премиер Албин Курти. Тоа дефинитивно го вклучи алармот во Мала Речица, каде што смислија стратегија како да го одбијат ударот.

Прво, стимулираа раскол во опозициските партии, каде што се отцепија високи функционери, кои формираа нови субјекти и ги внесоа во блокот на ДУИ. Потоа, на своја страна го зедоа и Зијадин Села и тоа го платија со многу отстапки, откако претходно Села се раздели со Таравари. И конечно, направија пакт со најсилните партии на Турците, Бошњаците и Ромите, што ја направи клучната разлика за Османи пред Таравари.

Сепак, едно се бројките, а сосема друго е нивната интерпретација од политичка призма. Настрана што, според овој распоред на силите, ДУИ ќе има неколку пратеници повеќе, сепак, албанската опозиција може да каже, впрочем веќе кажува дека нивните гласови и пратеници се само албански и тие ја претставуваат мнозинската албанска волја.

Притоа, истото може да го каже и ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Мицкоски веќе обелодени дека се чул со Таравари и дека посакува да формираат влада по парламентарните избори. Но, за многумина е дискутабилно дали со овој потег тој воопшто му помага на ВЛЕН? Или, пак, им одмага на посакуваните партнери од албанската опозиција и го бустира ДУИ?

Факт е дека овие пораки на Мицкоски му помагаат на Ахмети да тргне во уште поголема мобилизација на гласачите, со пораката сами да го изберат својот претставник во владата, а не тоа да им го прави Мицкоски, кому претходно му порача да бере памет. Но, ако многу „жешки глави“ би паднале на таа етнонационална карта, исто така, има и многу „ладни глави“, кои заради привилегии сакаат да се приклучат кон оној утре што би бил на власт.

Во секој случај, Мицкоски, доколку ја потврди убедливата победа од првиот круг, може да си го дозволи луксузот да ја заобиколи водечката албанска коалиција, дотолку повеќе што токму ДУИ го прекрши принципот „победник со победник“, кој предвидуваше владата да се потпира на победниците во македонскиот и во албанскиот блок. Дали, т.е. колку тоа ќе ја дестабилизира политичката сцена, е сосема друго прашање.

Колку за потсетување, ДУИ формираше влада со СДСМ по пресвртните избори во 2016 година, иако ВМРО-ДПМНЕ имаше 2 пратеници повеќе. Па, зошто сега истото да не го направи и ВМРО-ДПМНЕ, особено откако веќе и нема само чисти етнички партии, па да се знае кој победил во, условно кажано, македонскиот и албанскиот двор? Тие етнички линии своевремено го избриша СДСМ, а сега тоа го прави токму ДУИ.

Згора на тоа, дополнителна комоција на ВМРО-ДПМНЕ при постизборните комбинаторики би му дала соработка со уште еден партнер, како на пример ЗНАМ, чиј лидер Максим Димитриевски освои над 83 гласови на претседателските избори, што го прави трета политичка сила во македонскиот блок, преземајќи го таквиот примат од Левица на Димитар Апасиев, чија претседателска кандидатка Билјана Ванковска освои 41 илјади гласови.

Оттука, по СДСМ на овие избори за најголем губитник може да се смета Левица, која во најдобар случај би стагнирала, без да го постигне растот што го очекуваше. Станува збор за партија, чиј подем се должи на популистичка реторика, во период кога ВМРО-ДПМНЕ имаше колеблив став во однос на многу теми, вклучително и за Преспанскиот договор. Треба да се потсети дека во ВМРО-ДПМНЕ до последен миг не се изјаснуваа како ќе гласаат на референдумот за промена на името.

Во такви услови, подемот на Левица претежно се должеше на прелевање на разочарани гласачи од ВМРО-ДПМНЕ, иако не треба да се негира дека и еден дел од младите луѓе кои се во фаза на формирање на политички идентитет имаат изворни левичарски убедувања и во Апасиев гледаат нешто ново и автентично, а во Левица антисистемска партија со образовани и најважно – некорумпирани кадри.

Но, кога Левица го презеде максимумот од десницата и дојде време да собира незаводолни гласачи од левицата, како што впрочем Апасиев јавно изјави во една пригода, на сцената се појавија ЗНАМ и Димитриевски, кои се многу поприродна алтернатива за незадоволни гласачи на СДСМ отколку Левица, која често ја проблематизира стратешката проевропска и прозападна ориентација на земјава.

Фактички, тоа што ВМРО-ДПМНЕ се радикализираше и настапи цврсто и доследно против „францускиот предлог“, преговарачката рамка со ЕУ и уставните промени за внесување на Бугарите во Преамбулата, заедно со појавувањето на ЗНАМ, го сопре растот на Левица. Сега, оваа партија е во непријатна ситуација, од која би можела да излезе само ако продолжи да дејствува жестоко во опозиција.

Но, тоа подразбира уште една претпоставка, а тоа е ЗНАМ да влезе во влада и со текот на времето, како што обично бидува, да почне да се троши и компромитира. И, кога ќе се види дека Мицкоски и Димитриевски имаат компатибилни ставови околу интеграцискиот процес, борбата против корупцијата и други теми, тоа е најверојатното сценарио, со евентуална можност, ако има потреба, Левица да ја поддржи владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН од надвор, со цел да се поддржи падот на СДСМ и пред сè – да се прати ДУИ во опозиција.

Моментално, политички профитабилно за опозицијата е да покажува мускули кон ДУИ, која, според анкетите, предизвикува револт кај 2 третини од етничките Македонци. Токму затоа главниот напад на опозицијата е кон ДУИ, која се прикажува како извор на корупцијата и стопан на државата, а СДСМ како измеќар. За оваа состојба најголема цена плаќа СДСМ, чиј гробар, фигуративно кажано, повторно е ДУИ, исто како и во 2006 година.

Сепак, треба да се има предвид дека времето брзо минува, што значи дека брзо ќе дојде денот кога СДСМ ќе треба да се соземе од шокот од изборното фијаско и да преземе итни чекори како да се рехабилитира. Димитар Ковачевски најавува борба до крај, но веќе јасно е дека тоа не може да биде борба за победа, туку за што помал и подостоинствен пораз, по кој социјалдеммократите ќе (мора да) влезат во фаза ва внатрешно реорганизирање.

Истовремено, брзо ќе помине и времето за славје на ВМРО-ДПМНЕ, која по преземањето на власта, ќе се соочи со сериозни предизвици и ќе мора да испорача резултати, за, како што најавуваат, трансформација на Македонија. Да се надеваме дека овојпат ја научија лекцијата и од политичките противници, но и од своите претходници, кои, без исклучок, на почеток демонстрираа невиден триумфализам и проектираа високи цели. На крајот, сите завршија со политички порази, а дел и со кривични процеси.

Пишува: Влатко СТОЈАНОВСКИ

 

    

Најново

Спикерското место камен на сопнување, Мицкоски утре седнува на маса со лидерите на „Вреди“

Sase Ivanovski

Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и оваа лето затворена за туристи

Sase Ivanovski

Борел-Вархеји: Изборите поминаа во мирна и демократска атмосфера, но изборниот процес останува недоволно регулиран

Sase Ivanovski

Руската Дума го изгласа Мишустин за премиер

Sase Ivanovski

Кочанчанец дивеел во кафуле и со пиштол удрил девојка, полицијата го приведе

Sase Ivanovski

Рот: Десниот национализам триумфираше во С. Македонија, сериозен удар за ЕУ амбициите

Sase Ivanovski

Чернева: Одлагањето на уставните измени е трагична загуба на време за Северна Македонија

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ ќе мора да помине низ длабока внатрешна реформа и реорганизација

Sase Ivanovski

Салвини: Политичарите кои се залагаат за испраќање трупи во Украина се опасни

Sase Ivanovski

Бешлиоска: Има одлив на медицински сестри во странство

Sase Ivanovski

Кејт Мидлтон храбро се справува со ужасната дијагноза, тврди принцот Вилијам

Sase Ivanovski

ДИК: Досега не се понднесени приговори за двојните избори на 8 мај

Sase Ivanovski

Израелски војници се обучуваат за можна голема војна со Либан

Sase Ivanovski

Џафери: Спроведовме европски избори во слободни, фер и демократски процеси

Sase Ivanovski

Токсиколошката лабораторија ќе работи незаконски додека да се формира нова влада

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Аналитичари: Можно е да се иситни Европскиот фронт на ДУИ, некои пратеници да заминат со ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Новиот шкотски премиер верува дека земјата ќе стане независна во следните пет години

Sase Ivanovski

За Дачиќ е „срамно и безобразно“ Црна Гора да гласа за резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Арсовска до Џафери: Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос, не е ни очекувано да знае што е негова обврска

Sase Ivanovski

Нема веќе предавници на чело на државата

Sase Ivanovski

Израел незапирливо расте во обложувалниците: по свирежите, пејачката Еден Голан поздравена со овации

Sase Ivanovski

Писториус: И Германија размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Sase Ivanovski

Белгиската телевизија го прекина настапот на Израел на Евровизија, во знак на протест поради Газа

Sase Ivanovski

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Sase Ivanovski

Мицкоски: Имаме сигнали од поединци од други коалиции да консолидираме 61 пратеник, а со „Вреди“ да имаме до 75 пратеници

Sase Ivanovski

ЗАРАДИ ЛОШИОТ ИЗБОРЕН РЕЗУЛТАТ, СЕ БАРА ОСТАВКА ОД АРСОВСКА: „По ваквиот резултат јасно е дека таа го загуби кредибилитетот да го води Скопје„, вели Стефковски

Sase Ivanovski

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА: Која иднина ја нудат пратениците од оваа партија?

Sase Ivanovski

„СЕ ГЛЕДАМЕ ВО НОВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ“: Да ги преброиме зулумите, да ги израмниме есапите, порача Апасиев

Sase Ivanovski

Бучковски: На ВМРО-ДПМНЕ ќе му треба коалиција со двотретинско мнозинство за да ги исполни ветувањата

Sase Ivanovski

ПАДНА УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ВО НИЗАТА: И Лукаревска заминува од подпретседателското место во СДСМ

Sase Ivanovski

АНГЕЛОВ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ: Се ќе беше поинаку доколку, оние кои требаше, го сфатеа сериозно моето предупредување

Sase Ivanovski

Франција се залага за подобра заштита на жртвите на сексуално насилство во армијата

Sase Ivanovski

Студентите во Бразил се приклучија на глобалниот протест за поддршка на Палестинците во Газа

Sase Ivanovski

Карпошани со претставка до полицијата ќе бараат поголема безбедност во општината

Sase Ivanovski

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

Sase Ivanovski

Домашниот туризам расте во Кина, иако странците се држат настрана

Sase Ivanovski

Стигна казната, изостана катарзата

Sase Ivanovski

Експерти од САД и ЕУ: Македонија да остане на проевропскиот курс и да внимава од руското влијание

Sase Ivanovski

Пендаровски ќе се откаже од привилегиите и се враќа како професор на меѓународниот универзитет Американ Колеџ Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург – загинаа 7 луѓе

Sase Ivanovski

Џафери: Составот на идната влада е работа на преговори меѓу политичките субјекти коишто добиле мандат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада

Sase Ivanovski

Старо-нови пратеници ќе му служат на народот за 1.828 евра плата месечно!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски на средба со коалицијата „Твоја Македонија“, разговарале за формирање на идната Влада

Sase Ivanovski

Во Јужна Кореја, златото може да се купи во супермаркет, заедно со колбаси, тестенини и друга храна

Sase Ivanovski

Буенос Аирес парализиран, втор генерален штрајк во последниве пет месеци

Sase Ivanovski

Кочишки: Иднината во ЕУ сигурно ќе биде подобра за нашата држава и градови

Sase Ivanovski

Израел планира повеќе помали воени операции во Рафа, изјави египетски функционер

Sase Ivanovski

Кредит од 1милијарда од странска влада најавува Мицковски. Во ТИРЗ ќе дошле две инвестиции ама прво да го сменат директорот, социјалдемократот Деспотовски

Sase Ivanovski

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за земјава

Sase Ivanovski

Египет ги повика Хамас и Израел да покажат флексибилност и да постигнат договор за прекин на огнот во Газа што е можно поскоро

Sase Ivanovski

Двајца скијачи загинаa во лавина на планина во Јута

Sase Ivanovski

Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и деца

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска: Капитализираноста на македонскиот банкарски систем порасна двојно повеќе од ЦЈИЕ

Sase Ivanovski

Во Штутгарт нападнати двајца пратеници на АфД, осомничени две девојки на возраст од 19 и 23 години

Sase Ivanovski

Маж нападна жена во Париз и застрела двајца полицајци откако е приведен во полициска станица

Sase Ivanovski

ЦУК: Паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ во Автокоманда

Sase Ivanovski

Амнести предупреди на раст на смртноста кај цивилите во случај на копнена офанзива во Рафа

Sase Ivanovski

Орбан: Унгарија го поддржува мировниот план на Кина за Украина

Sase Ivanovski

Роберт Саздов и Стојне Николова ќе избираат нова македонска музичка ѕвезда!

Sase Ivanovski

Одлуката ќе биде донесена вечерва: Воениот кабинет на Израел свика „судбоносен состанок“

Sase Ivanovski

Алармантно на Рафа: Преминот блокиран, нема гориво и медицински материјали

Sase Ivanovski

Адеми: Говорот на Ковачевски беше силен и инспиративен

Sase Ivanovski

Најмладиот син на Трамп влегува во политика

Sase Ivanovski

Митева: Новиот пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде гласот на граѓаните, ќе ја оправда довербата дадена од граѓаните и ќе ги штити македонските национални интереси

Sase Ivanovski

Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник

Sase Ivanovski

ЧАО ЕУ: Ако Бугарија не е подготвена на отстапки, би се свртеле кон домашната агенда и би чекале нова гарнитура во Софија, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница, издвоивме 500.000 денатри за оваа намена

Sase Ivanovski

Честитки за победата на Гордана Сиљановска-Давкова пристигнуваат од региониот и Европа

Sase Ivanovski

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Капиталните инвестиции во првиот „предизборен“ квартал на ниво од 14,5 отсто – дел од ресорите со 0 реализација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ахмети: „Ако не влеземе во влада, ќе влеземе во Европа“

Sase Ivanovski

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

Ветувања во партиските изборни програми: во здравството ќе тече „мед и млеко“

Sase Ivanovski

Албанскиот театар од Скопје ја изведе „Диво месо“ од Горан Стефановски во Тирана

Sase Ivanovski

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел поради нападот врз Рафах

Sase Ivanovski

Владимир Кара-Мурза добитник на Пулицерова награда за колумни што ги пишувал во затворска ќелија

Sase Ivanovski

Бесплатни работилници за филм наменети за млади од 15 до 25 години

Sase Ivanovski

Слухот вратен на глуво едногодишно девојче со помош на пионерска генетска терапија

Sase Ivanovski

В недела инаугурација на Силјановска Давкова за претседателка

Sase Ivanovski
Вчитувам....