Сo Агенцијата за управување со одземен имот, во минатото сме имале одлична соработка, со веќе голем број донанции, автомобили за институции и други акции, кои ја нашле својата полезност и корисност за којашто биле наменети. Веруваме дека таа соработка и во иднина ќе продолжи. На граѓаните, на кои дел од донираните производи во пакетите им предизвикаа непријатни чувства, им се извинуваме, рече Пекевски.Извинувањето на Пекевски доаѓа откако во текот на вчерашниот ден беше утврдено дека одреден дел од облеката, која се наоѓаше во донираните пакети е несоодветна за учениците.