Адвокатот Звонко Давидовиќ во гостување на телевизија Телма, за есктрадицијата на првоосомничениот за две уббиства, Љупчо Палевски-Палчо рече дека од официјални лица има многу незгодни изјави со кои отвараме врати кои не смееме да ги отвориме, мислејќи на тоа дека случајот не смее да биде третиран како политички предмет.
„Дури од офиицијални лица имаше многу незгодни изјави, ова го зборувам како адвокат каде што се спомнуваа политички партии, бесилка, монструми, се тоа можеби и е точно, можеби и треба да се направи, но не е момент да се зборува за тоа и не е момент да дискутираме за такви работи. Зошто? Затоа што во краен случај, а верувам и во Република Турција, министерот за правда ќе процени дали ќе има фер и коректно судење, фер судење, законито судење, да, можеби не е политички предмет. Не треба да дозволиме да отвараме врсати кои не смееме да ги отвориме, туку треба да си ја почитуваме процедурата, правно и да завршиме со екстрадицијата“, порача Давидовиќ.