Меѓутоа ако ти велиш јас ќе дојдам со организиран превоз ги повикам сите Бугари во Македонија, надвор од Македонија да доаѓаат илјадници да им покажеме кои се овие кои не знаат кои се, а од друга страна имаш тоа е закана за јавниот поредок. И тоа е закана за националната безбедност за Македонија, рече Пендаровски според кого Џамбаски „само се брука, тоа се политички шарлатани и циркузанти“.
„Ако ти велиш јас ќе дојдам со организиран превоз и ги повикам сите Бугари во Македонија, надвор од Македонија да доаѓаат илјадници да им покажеме кои се овие кои не знаат кои се, а од друга страна имаш – тоа е закана за јавниот поредок. И тоа е закана за националната безбедност за Македонија“. Со овие зборови претседателот Стево Пендаровски во интервју за Топ тема на Телма објаснува што значи да прогласиш некого за персона-нон-грата. Тој јасно укажува дека тоа се однесува на личности кои се закана за националната безбедност. Тој вели дека постои дистинкција помеѓу оние кои се декларираат како Бугари и кои имаат право да го тврдат тоа и меѓу оние кои за нас Македонците како народ велат дека ние не сме Македонци.
– Сакам да го појаснам она што го кажав на прес-конференцијата по Советот. И гледам дека некои од овие познати експерти, аналитичари, професори, па и политичари кои го разбираат бугарско-македонскиот комплекс што трае децении наназад не ја гледаат таа дикстинција. Јас не барам протерување, не се битни имињата, не барам протерување, и не барам забрана за доаѓање во Македонија на лица кои велат дека ние сме Бугари. Имаат право да го викаат тоа. Ние одиме со тоа да одиме со санкции кон лица кои тврдат дека ние не сме Македонци, тука има многу за санкционирање. Значи ваква мерка персона-нон-грата никаде во светот не се презема заради политичка изјава – изјави Пендаровски и додаде:
– Значи повторувам тој тип што го споменувате не ми пречи колку и да вика во центарот на Скопје дека јас не сум Македонец. Само се брука, тоа се политички шарлатани, циркузанти кои кажуваат работи кои целокупната светска наука на прво место, а како второ чувствата на македонскиот народ ги демантираат. Меѓутоа, ако ти велиш јас ќе дојдам со организиран превоз ги повикам сите Бугари во Македонија, надвор од Македонија да доаѓаат илјадници да им покажеме кои се овие кои не знаат кои се, а од друга страна имаш тоа е закана за јавниот поредок. И тоа е закана за националната безбедност за Македонија – рече Пендаровски додавајќи дека во таков момент би реагирал и би препорачал таков сет мерки кон Владата. Борисов кон Џамбаски се однесуваше како кон „последно дупче на свиралче“
Претседателот Стево Пендаровски вели дека не се чувствуа загрозен за личната безбедност по изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. – Се шегував на оваа тема, само треба да ги изгаснеме светлата, затоа сме на една ваква локација, длабоко во шума скриени и секоја вечер откако Џамбаски ја даде таа изјава, спијам во различен стан. Се разбира, се шегувам, одговори Пендаровски на прашањето дали се чувствува безбеден.
Пендаровски додаде и дека и не е подигнато нивото на готовност, за неговата безбедност. Новиот Владо Черноземски, како што самиот се претставува, беше во оваа иста сала, пред три години, кога беше дел од делегацијата предводена од Бојко Борисов, за 2 Август. Него практично го немаше нигде, и Борисов, кој тогаш беше премиер, кон него се однесуваше како последно дупче на свиралче. Апсолутно не му даде да зборува. Само во еден момент кога ме праша Борисов што препорачуваш, што забележуваш од наша страна, а тоа беше првата година после затоплување на односите, кој го расипува овој тренд, јас му кажав овие што седат лево и десно од тебе, Ковачев и Џамбаски, затоа што од сабајле до вечер на Фејсбук пишуваат против нас. Потоа тој се сврте накај Џамбаски и му рече „Од утре ниедна објава на Фејсбук, разбра? – кажа Пендаровски. Ве уверувам, на лицата со лоши намери нема да им биде дозволен влезот
Мојата препорака до нашите партнери беше дека треба да сугерираат ни во Софија да не се помага, односно да не се поттикнуваат организирани транспорти до нашата граница за 4 февруари. Ве уверувам, постојат претходни сознанија за многу лица со лоши намери кон нас, и на нив нема да им биде дозволен влезот во државата, истакна претседателот. Според претседателот, добро ќе е и Бугарија како наш сосед, да не поттикнува организирање на вакви конвои. Претседателот сепак останува на ставот дека 4 февруари ќе помине во атмосфера каква што доликува, во црквата „Св. Спас” и во околината, и дека ќе го чествуваме тој ден како што доликува на една цивилизирана демократска држава. – Убеден сум дека надлежните органи ќе преземат се што е во нивна моќ да го поминеме 4 февруари на начин на кој ќе уште еднаш ќе бидеме претставени како држава која толерира различности, но не толерира навреди врз сопсѕтвениот народ – додава Пендаровски.