Ова меѓудругото синоќа го изјави заменик претседателката на СДСМ, носител на ИЕ 3 и директорка на УЈП – Сања Лукаревска во емисијата Клик плус на ТВ21.Според Лукаревска, не треба целата концентарција на понудата на политичките партии треба да се однесува на уставните измени.
Таа посочи дека процесот е паралелен покрај за уставните измени, треба да се види и понудата и за транспортот и инфраструктурата, подобар стандард за граѓаните, подобра бизнис клима, младински политики, земјоделство, родови политики, повисоки плати и пензии.
Таа рече и дека „СДСМ има одлична коалиција во моментов. Нашите традиционални партнери остануваат во рамки на коалицијата со СДСМ, како и многу други вон парламентарни партии се дел од коалаицијата со СДСМ. Потпишавме меморандуми за соработка и со нови политички партии. Ние ја претставивме нашата рамка, нашиот план поединчно на секој колаиционен партнер и врз основа на тоа и самите тие ги носеа самите одлуки. Она кое што е наша заложба, европскиот пат е она кое што ќе не одбележи во наредниот период, одередени храбри мерки во речиси сите области и конзистентни економски мерки за добробит на граѓаните“.
На тема албански блок и поделеноста на две страни во него, Лукаревска истакна дека тоа се случува за првпат, да има окрупнети сојузи на две страни.„Очекувам дека ќе има една фер и позитивна кампања. Ќе се бориме со мерките и проектите наместо со лични дисквалификации,“ рече Лукаревска.