4.8 C
Скопје
26/04/2024 05:51
МАКТЕЛ

  

     

 

МАКЕДОНЦИТЕ ВО АМЕРИКА МУ ОДДАДОА ПОЧИТ НА ВОЈВОДАТА СМИЛЕ ВОЈДАНОВ

      

   

Огранокот на здружението „Заборавени Македонци” од САД по повод денешниот ден 1 февруари, односно 151 година од раѓањето на Смиле Војданов (1872-1958), врсникот на Гоце Делчев, македонскиот илинденски војвода и доживотен активист за слободата и независноста на Македонија го обзнануваат Меморандумот што Смиле Војданов, како претседател на Македонско-Американската Народна Лига (во САД) на 11 февруари 1945 г. го испратил до американскиот Стејт департмент и претседателот Френклин Д. Рузвелт.
Со оглед на честите референци за македонското прашање во последните депеши од Балканот, како и поради тоа што јавно се разговара за проблемот околу идните граници меѓу балканските земји, Националниот комитет на Македонско-американската народна лига на САД што се состана во Детроит, Мичиген на 11 февруари 1945 година се чувствува повикан како претставник на илјадници Американци со македонско потекло да го достави до нашиот Стејт департмент и јавното мислење следниов меморандум:

 

Во сегашната реконструкција на балканските земји на демократска основа, правилното решение на македонското прашање ќе придонесе кон долгорочното стабилизирање на мирот на повоениот Балкан, како и на Европа во целина.
Македонското прашање израсна од желбата и борбата на македонскиот народ за правото на самоопределување и национална независност.
„Поради стратешката положба на Македонија на Балканскиот полуостров и хетерогениот карактер на нејзиното население, македонското прашање одиграло и ќе продолжи да игра важна улога во животот на балканските народи.“
Македонија е земја што го зазема централниот дел на Балканот, со Солун како нејзиното главно пристаниште во Егејското Море. Територијата на Македонија е приближно иста со територијата на Западна Вирџинија. Се протега од двете страни на Вардарската долина – балканската порта кон Егејот. Две други реки – Струма и Места – го пресекуваат источниот дел на земјата. Поголемиот дел од Македонија е планински, особено на северот, со богати, плодни полиња во централниот и јужниот дел.„Населението на Македонија кое брои нешто повеќе од 3 милиони, се состои од многу националности. Најбројни се Македонските Словени. Втората по големина група се Грците. Потоа доаѓаат Албанците, Евреите, Турците и Арм’ните. Македонските Словени зборуваат дијалект кој е најблизок до бугарскиот и српскиот јазик.“

   

     

Од сите балкански народи, Македонците најмногу страдаа под угнетувачката власт на турската империја. Србите ја освоија својата национална независност во 1804 година. Грција ја доби својата слобода во 1829 година. Бугарија беше ослободена од Русија за време на руско-турската војна од 1877-78 година. Со Берлинскиот договор, 1878 година, тогашните европски државници решија да ја остават Македонија под власта на декадентнста Османлиска империја. Нивниот неуспех да го послушаат советот на британскиот либерален водач Вилијам Гледстон да им се даде Македонија на Македонците се покажа како скапа грешка која оттогаш е одговорна за најголемиот дел од неволјите на Балканот.Македонија е географски и економски ентитет со историја од повеќе од педесет години борба за слобода и национална независност. Оваа борба ја водеше ВМРО (Внатрешна Македонска Револуционерна Организација) основана во Солун во 1893 година. Оваа организација беше вистинска народна сила предводена од Гоце Делчев. Десет години подоцна во 1903 година македонскиот народ се крена против неподносливиот јарем на султаните. Три месеци 20.000 македонски герилци се бореа со турската војска што броеше 200.000. Борбениот крик на Патрик Хенри – дај ми слобода или дај ми смрт! – одекнуваше со недели по планините и долините на Македонија. Востанието беше задушено најбезмилосно. Повеќе од 5.000 беа убиени, а 200 села целосно уништени.

Во 1912 година Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора (последнава исто така сега дел од Југославија) и објавија војна на Турција наведувајќи дека се борат за ослободување на македонскиот народ. Меѓутоа, со поразот на Турција, балканските сојузници почнаа да ја делат Македонија меѓу себе. И бидејќи не можеа да се договорат за поделбата на пленот, избувна Втората балканска војна, овој пат меѓу сојузниците. Војната заврши со поделба на Македонија (Букурешки договор од 1913 година) на три дела. Бугарија доби една десетина, додека остатокот од Македонија беше поделен речиси подеднакво меѓу Грција и Србија.

„Поделбата на Македонија меѓу балканските земји настрана од сите трагични политички последици му нанесе тежок удар на индустрискиот и економскиот развој на земјата. Делот на Солун беше отсечен од поголемиот дел од неговата заднина. Бродскиот превоз на луѓе и стоки низ Солун нагло се намали. Градовите како Скопје и Битола значително се намалија во населението поради економската дислокација и политичкото угнетување што го предизвика поделбата на Македонија.“Мировната конференција во Версај на крајот на Првата светска војна наместо да ја исправи поделбата на Македонија – ја санкционираше и всушност ги охрабри деспотските предвоени влади на Бугарија, Грција и Србија да продолжат со својата политика на тероризам и денационализација на македонскиот народ. Не се слушна гласот на американската делегација која предложи автономија на Македонија.

Она што се случуваше во трите дела на Македонија пред и по Првата светска војна беше исто толку одвратно како најлошите злосторства на нацистите во оваа војна (Втората светска војна). Во Македонија под Југославија, српските хегемонисти водеа политика на безмилосна денационализација, принудувајќи ги Македонците да се нарекуваат „јужни Срби“ и да додадат „-иќ“ на нивните презимиња. Во Македонија под Грција судбината на Македонците не беше подобра. Грчките власти насилно ставаа рицинусово масло во грлото на секој што беше фатен ако зборува македонски. Стотици илјади македонски селани беа протерани од земјата и нивната земја беше предадена на грчките бегалци од Мала Азија.

Македонија под бугарска власт претрпе најмногу од тероризмот на фашистичката клика на озлогласениот Иван Михаилов. Михаилов и неговиот претходник Тодор Александров се прогласија за водачи на старата ВМРО. Меѓутоа, под нивно раководство оваа организација дегенерираше во банда на платеници. Терористите на ВМРО одиграа срамна улога во соборувањето на селскиот режим на премиерот Стамболиски во Бугарија (1923). За време на владеењето на теророт што следеше тие учествуваа во масакрот на 30.000 антифашисти – Бугари и Македонци.„Таква беше трагичната судбина на македонскиот народ по Првата светска војна. Искрено се надеваме дека сегашната народна војна на Обединетите Нации против германската и јапонската агресија ќе донесе правда и слобода за Македонија.“

Во текот на оваа војна македонскиот народ повторно докажа дека заслужува да биде слободен и активно да учествува во обновата на Балканот врз основа на демократијата. Во сите три дела на нивната маченичка земја, Македонците се бореа рамо до рамо со југословенските, грчките, албанските и бугарските партизани, подеднакво против нацистичките поробувачи како и против домородните квислинзи. Во Македонија под Југославија беше формирана Македонска народноослободителна армија, со командант генерал Михаил Апостолски. Оваа армија е дел од Ослободителната народна армија на Југославија и се бореше под генерална команда на маршалот Тито.

Осврнувајќи се на улогата што ја одиграа македонските партизани во војната на Балканот, Голт Мекгован од северноамериканскиот весник „Алијанса“ рече во депеша од „некаде на Блискиот Исток“ – „Македонија стана меѓународно место за состанување на герилци, прв пример на ентузијастичка балканска тимска работа. Таму се собираат грчките, југословенските и бугарските борци. Нивната цел по војната е независна Македонија, поврзана со федералниот систем на Тито, кој црпи инспирација делумно од САД, а делумно од Русија.”

Првиот чекор во создавањето на слободна Македонија е веќе направен. На 29 ноември 1943 година, заседанието на АВНОЈ одржано во Јајце, го усвои федералниот принцип, со кој се даде „целосна еднаквост на народите на Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина“. За Македонците под Југославија оваа историска одлука значеше дека за прв пат по пет века тие го добија правото на самоопределување и национална независност. Ова е одлично сведоштво за вистинскиот народен карактер на југословенското националноослободително движење.

„Прогласувањето на слободна македонска држава како федерална единица на новата демократска Југославија се случи на 2 август 1944 година во манастир во близина на градот Битола (грешка на американскиот новинар, б.м.) каде тајно се собраа 125 делегати од сите делови на Македонија. Меѓу луѓето кои беа сведоци на овој значаен настан беа претставниците на Сојузничката воена мисија во Југославија и Високата команда на Тито.“
Според извештаите од Софија, цитирани од ОВИ, шефот на новата влада на Бугарскиот татковински фронт Кимон Георгиев изјавил дека Бугарија нема да се противи на желбата на бугарскиот дел на Македонија да се обедини со новата македонска држава во федеративна Југославија.

„Според нашата промислена проценка обединувањето на сите три дела на Македонија во слободна македонска држава во заедницата на демократските јужнословенски и сите балкански нации ќе понуди најдобро и праведно решение на македонското прашање.“Основната грешка на сите претходни обиди за решавање на македонскиот проблем лежи во тоа што желбата и борбата на македонскиот народ за слобода и национална независност беа целосно игнорирани што доведе до страшни последици за мирот на Балканот.

Слободољубивите Американци со македонско потекло имаат доверба во нашата влада, дека заедно со владите на нашите сојузници – Советскиот Сојуз и Велика Британија – ќе ја увидат праведната кауза на македонскиот народ и ќе помогнат во остварувањето на неговиот стар сон за слободна и обединета Македонија.

Со почит

Смиле Војданов Георги Пирински
Претседател Национален секретар

Македонско-Американска Народна Лига
11 февруари 1945, Детроит, Мичиген
(Забелешка: пасусите што се во наводници се цитати од американскиот новинар Голт Мекгован).

    

Најново

ПЕТРОВСКА: Норвешка донација од 7️⃣6️⃣ неборбени моторни возила, од кои 3️⃣6️⃣ лесни пешадиски возила и 4️⃣0️⃣ камиони SCANIA значително ќе придонесат за зголемување на транспортните можности на едниците на @ARM_mil_mk 🇲🇰

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИСУСЕ ХРИСТЕ: МАКЕДОНЕЦ НАШОЛ ПИРАМИДА ВО СКОПСКО ЈУРУМЛЕРИ?!

Sase Ivanovski

ФАРИЗИ: Тезата дека Албанците може да ги уценуваат македонските политички партии паѓаат во вода

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОИ ЛУДАЦИ: СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА БИЛЕ МАКЕДОНЦИ ОД ШТИП?!?!

Sase Ivanovski

МЕМОВ: ЗНАМ НЕМА ДА СЕ ПАЗАРИ ЗА ФУНКЦИИ ЗА ДА ПОДРЖИ НЕКОЈ ОД КАНДИДАТИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Sase Ivanovski

МЕМОВ ОД ЗНАМ: УСПЕХОТ НА ВМРО ДПМНЕ НЕ Е ПОРАДИ НЕКАКВО ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ ВО ОПШТИНИТЕ, ТАМУ СЕ МНОГУ ЛОШИ, ТУКУ ПОРАДИ НЕСПОСОБНОСТА НА СДСМ

Sase Ivanovski

МЕМОВ ОД ЗНАМ: Очекуваме приливот на гласови значително да порасне во вториот изборен круг, да имаме најмалу 10 пратеници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СРЕЌКО ПОПОВСКИ ОД САБОТАЖА ДОБИ ДАР ОД БОГОВИТЕ, ЕРА ТРЕТА СЕ ЛУДАЦИ ОД КОЛОСАЛНИ ЕПСКИ РАЗМЕРИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГОРДАН ГЕОРГИЕВ: МАКЕДОНЦИТЕ НЕ ГО ПОСЛУШАА О’БРАЈАН, СИТЕ КУПИЈА ПОЛОВЕН АВТОМОБИЛ ОД МИЦКОВСКИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈКОВСКА: СДСМ ЈА ПРЕСПА 2023-ТА, ВМРО СЕКОЈ ДЕН ГИ БОМБАРДИРАШЕ СО СКАНДАЛ ИЛИ АФЕРА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈКОВСКА: ПРЕД ЦУНАМИ ОБИЧНО ИМА ЗЕМЈОТРЕС, ЕПА КОГА СЕ СЛУЧИ ТОЈ ЗЕМЈОТРЕС ШТО ГО ПРЕДИЗВИКА ОВА ЦУНАМИ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХРВАТИТЕ СЕ ПОДНОВИЈА СО АВИОНИ РАФАЛ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БИТИЌИ: НАРОДОТ ИМА ПРАВО ДА ЗГРЕШИ

Sase Ivanovski

НОСИТЕЛОТ НА ЛИСТА НА ЛЕВИЦА СО ДРАМАТИЧНА ОБЈАВА НА ФЕЈСБУК- Јанчев: Жив сум, здрав сум и сè е во ред

Sase Ivanovski

ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК: Маноилов Михајло одржа предавање на тема МР на срце на 2-от конгрес на радиолошки технолози кој се одржа на Копаоник

Sase Ivanovski

НИЕ САКАМЕ ВО ЕУ ДА ВЛЕЗЕМЕ, А ТАЊА ЦАРОВСКА ГЛАСАЛА ПРОТИВ КЕМТРЕЈЛС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БУЧКОВСКИ: ДУИ ПОБЕДИ ВО СИТЕ АЛБАНСКИ ОПШТИНИ ОСВЕН ГОСТИВАР, ПОМОГНАА СЕЛА И ДРУГИТЕ КОАЛИЦИОНИ ПАРТИИ НА ДУИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БУЧКОВСКИ: РЕЗУЛТАТОТ ОД ИЗБОРИТЕ ЗА МЕНЕ СЕ ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРВАТА ИЗЈАВА НА СИЉАНОВСКА ПО ПОБЕДАТА: НИСАМ ОЧЕКИВАЛА ОВОЛИКУ РАЗЛИКУ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЛАНОВИЌ: Хрватска нема намера да ја уценува Србија, ама и Србија мора малку да се прибере, понекогаш мислам дека прават се што можат за да не влезат во ЕУ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЦО ИНФОМАКС СЕ ИЗНЕРВИРА ОД РЕЗУЛТАТИТЕ: Народот сакаше да го казни СДСМ ама се казни себе!

Sase Ivanovski

Маж пријавил дека е нападнат, а него го пријавиле дека тепал жена

Sase Ivanovski

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера, јас ќе ви одговорам, ве снајде народ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ‘ќе биде убав парк, а подземно катна гаража

Sase Ivanovski

Мицкоски: Масовна излезност во вториот круг како одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ

Sase Ivanovski

Екс албанскиот претседател, Илир Мета радосен за победата на ВМРО ДПМНЕ: Победата на професор Силјановска Давкова ќе биде уште поубедлива

Sase Ivanovski

Лукашенко: Голема опасност од конфликт на границата со Украина

Sase Ivanovski

Заменик претседателот на заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Македонија, д-р Наум Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Sase Ivanovski

Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РЕМЕК ДЕЛО ОД СТАДИОН СО КРОВ КОЈ СЕ ОТВОРА И ЗАТВОРА

Sase Ivanovski

Таткото на Вања излегува од Шутка, оди во домашен притвор

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нашата цврста и одлучна борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Sase Ivanovski

Расчистено разбојништво во тетовско, приведени две лица

Sase Ivanovski

Мицкоски за проектот 1 милијарда за општините во 4 годишен мандат: Работата на владата ќе ја доближиме до секој дом, да нема повеќе општини без елементарни услови за живот

Sase Ivanovski

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација на Македонија

Sase Ivanovski

Џафери – Лапсли: Северна Македонија е ценета членка на Алијансата која посветено ги развива одбранбените капацитети

Sase Ivanovski

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија, ИКТ секторот државата ќе го стимулира

Sase Ivanovski

Мицкоски: 400 милиони евра во буџетската ставка „други трансфери“, власта ги злоупотребува и краде, ние ќе ги намениме за линеарно зголемување на пензиите

Sase Ivanovski

ОБСЕ/ОДИХР даде позитивна оценка за изборниот ден

Sase Ivanovski

БРУКА Е ШТО АПАСИЕВ НЕ СОБРА ХРАБРОСТ ДА НАПРАВИ НИТУ ЕДЕН МИТИНГ ОД ПУСТИ СТРАВ ОД ФИЈАСКО

Sase Ivanovski

Николоски: За мене најдрага е победата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Sase Ivanovski

ОД ГОЛЕМИТЕ ГРАДОВИ, ПЕНДАРОВСКИ ПОБЕДИЛ САМО ВО КРУШЕВО И ДЕБАР!

Sase Ivanovski

ВО ГАЗИ БАБА И ИЛИНДЕН ОДНОСОТ СИЉАНОВСКА СО ПЕНДАРОВСКИ Е 5:1, БУТЕЛ 4:1, ВО ОХРИД, КИЧЕВО, СВЕТИ НИКОЛЕ И КИСЕЛА ВОДА 3:1

Sase Ivanovski

ЗА МАКСО ГЛАСАЛЕ 25 000 СКОПЈАНИ, 14 000 КУМАНОВЦИ, 5000 БИТОЛЧАНИ И 3500 ПРИЛЕПЧАНИ

Sase Ivanovski

Камшикот, од блиску дојде

Sase Ivanovski

Осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ испратени на Психијатрија на вештачење

Sase Ivanovski

За маџунот се вели дека е хранлив како мајчиното млеко. Изобилува со минерали (калиум, натриум, калциум, фосфор, железо), витамини (Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, А, Д), енергетски супстанци, танини, флавоноиди, антиоксиданси, гроздов и овошен шеќер, органски киселини

Sase Ivanovski

Претставник на Хамас вели дека групата ќе го остави оружјето доколку се спроведе решението за две држави

Sase Ivanovski

Пентагон: Моќни балистички ракети со дострел до 300 километри веќе се испорачани на Украина

Sase Ivanovski

Војската на Буркина Фасо масакрирала 223 селани во одмаздничка акција

Sase Ivanovski

Трпение, спасение

Sase Ivanovski

ЕП го усвои досега најамбициозниот план за раст на Западен Балкан

Sase Ivanovski

Макрон на Сорбона: Постои ризик оваа наша Европа да умре

Sase Ivanovski

Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна

Sase Ivanovski

Грчките медиуми за првиот круг од претседателските избори

Sase Ivanovski

КОЈ Е КРИВ ЗА КАТАСТРОФАЛНИОТ ПОРАЗ НА СДСМ? И КОЈА Е СЛИЧНОСТА МЕЃУ КОВАЧЕВСКИ И ЗЕЛЕНСКИ?

Sase Ivanovski

Белгиски медиуми: Северна Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина

Sase Ivanovski

Хамас предлага едногодишен прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

Бугарија, Турција и Романија потпишаа клучен договор за деминирање на Црното Море

Sase Ivanovski

„МАМО, НЕМОЈ ДА МЕ ОСТАВАШ, ГЛАДНА СУМ И ПОВРЕДЕНА“ Ова се последните зборови што 6-годишната Хинд од Газа ѝ ги рекла на мајка си

Sase Ivanovski

Во Турција осудени девет железничари на повеќе од 108 години затвор поради несреќа во која загинаа 25 луѓе

Sase Ivanovski

Муцунски: Функционален дијалог со ДУИ како опозиција

Sase Ivanovski

Организацијата за набљудување тврди дека Израел го крши меѓународното право и човековите права во Газа

Sase Ivanovski

Норвешка донира 76 неборбени возила за АРМ: „Донацијата ќе придонесе за поголема борбена готовност на нашата Армија“

Sase Ivanovski

Кинескиот извоз во Русија опадна за прв пат од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Армијата на САД тестира иновативно решение за неутрализирање нагазни мини

Sase Ivanovski

Камиони влегуваат во Газа на преминот Рафа, ја носат ја многу потребната помош

Sase Ivanovski

Бајден ја поддржува слободата на изразување на кампусите во САД

Sase Ivanovski

ГОЛЕМ УСПЕХ НА МАКСО, УСПЕА ДА ГО НАДМИНЕ АРБЕН ТАРАВАРИ!

Sase Ivanovski

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Sase Ivanovski

ОВА Е ВИСТИНСКИ МАСАКАР ОД СТРАНА НА ИЗРАЕЛ: Oд масовните гробници во Кан Јунис извлечени 392 тела

Sase Ivanovski

Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК

Sase Ivanovski

Историски прв пат СДСМ падна под 200.000 гласови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГОЛДЕН АРТ: Од запуштен дел на метрополата, до еко-луксузен комплекс. Добредојдовте во комплексот Треска!

Sase Ivanovski

Од Белата куќа изјавија дека Русија во наредните недели може да изврши повеќе тактички придобивки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛИДЕРОТ НА ТХП, ЕНЕС ИБРАХИМ: СЕМЕЈСТВОТО Е НАЈВАЖНО, МОРАМЕ ДА ГО ЗАШТИТИМЕ И ДА МУ ДАДЕМЕ СВЕТЛА ИДНИНА

Sase Ivanovski

Тинејџер е уапсен во Франција поради планирање терористички напад за време на ОИ во Париз

Sase Ivanovski

Во СБ на ОН,Русија блокираше резолуција на САД и на Јапонија за нуклеарното оружје во вселената

Sase Ivanovski

Петковски: Развиваме култура на доброчинителство

Sase Ivanovski
Вчитувам....