За време на заедничката прес-конференција со Макрон, Рама ја пофали улогата на францускиот претседател, додавајќи дека односите меѓу Албанија и Франција се подигнати на повисоко ниво.Претседателот на Франција, како што се наведува, изјавил дека улогата на Рама во дијалогот меѓу Белград и Приштина е конструктивна и дека неговиот глас е „скапоцен“ во тој процес.
„Во сите регионални прашања неопходна е нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, рече Макрон.Тој посочи дека Франција е посветена на интеграцијата на Албанија во Европската унија и дека „ова е да се направи Европа посилна и посуверена во контекст на војната во Украина“.„Тоа е ветување за мир за целиот регион“, заклучил Макрон, а пренесува Албанската пошта.