„Сега сме посветени на форматирање на опозицискиот блок, и она што е најважно да победиме во албанскиот кампус. И не сакаме да бидеме дел од некоја влада како губитници, туку како победници, како луѓе со легитимитет.
Убеден сум дека ќе победиме, тоа го кажуваат и анкетите. За да влезат Бугарите во Уставот, што е услов за за да продолжат преговорите за членство на Македонија во ЕУ, ние мораме да најдеме начин да ги убедиме ВМРО-ДПМНЕ да влезат во тој процес, затоа што без нив нема 80 пратеници во Собранието. Ние немаме време и не сакаме да губиме енергија само да ги залажуваме граѓаните, дека правиме нешто, а правиме сосема друго“,рече Меџити.
Тој посочи дека нивната партија нема да биде дел од влада која нема да биде европски настроена. И дека друг пат нема за Северна Македонија.„Топ приоритет за нас е европската интеграција, тоа го бараат и нашите гласачи, и затоа ќе инсистираме да се најде решение. Јас сум оптимист дека ќе се изнајде решение“,истакна Меџити во „Политиканти“.