– Сега во Собранието има 120 пратеници, ние во програмата предлагаме 90 пратеници и таа тема треба да се отвори. Сакаме заменик директорите да ги скратиме, сакаме да има што помалку членови во управните одбори, балансерот при вработување исто така да се укине, да отвориме дебата за една изборна единица. Македонија треба да се реформира, рече Мисајловски.