Фото: РФМ
Kaдетската ракометна репрезентација на Македонија со убедливи 33:24 славеше против Косово и се пласираше на Европското првенство до 18 години кое оваа година ќе се игра во Црна Гора.
Младите ракометари ја израдуваа Македонија пред настапот на сениорската репрезентација на Европското првенство во Германија кое стартува за три дена.
Денес избраниците на Наум Танески славеа убедлива победа и така како второпласирани го обезбедија настапот на првенството. Најефикасен со осум гола беше Теодор Пецаноски, додека Јован Петрески постигна шест гола. Македонија претходно ја победи Словачка и изгуби од Швајцарација која го го освои првото место во групата.