Фото: EPA-EFE/Peter Komka HUNGARY OUT
Автобус од Украина денеска се преврте во Словачка при што повредени се осум патници, меѓу кои и деца, јавуваат украински медиуми.
Несреќата се случила на патот меѓу планинскиот премин Даргов и градот Сечовце, додека автобусот се движел кон украинската граница.
Во автобусот во моментот на несреќата имало 53 патници и двајца возачи, изјави украинскиот новинар Виталиј Хлахола, додавајќи дека повредените патници биле свесни и се здобиле со повреди на главата и екстремитетите, по што им била укажана лекарска помош во болниците.Портпаролот на украинското МНР Олег Николенко изјави дека нема опасност по животот на повредените.
Останатите патници се превезени во градот Кошице, каде што чекаат да дојде друг автобус.