„Граѓанинот бара Промена! Народот бара политички систем ослободен од корупциската епидемија, која стана најголема пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Северна Македонија. Како претседател на Алијанса за Албанците, јавно го повикувам партиското Собрание да ме поддржи на ова патување и заедно да го поздравиме овој процес кој го нарекувам голема и долго чекана промена“, повика Таравари.
Кон тоа реагираа генералниот секретар и министер за правда Кренар Лога и поранешниот лидер и актуелен претседател на партиското Собрание Зијадин Села, кои рекоа дека партијата донела едногласна одлука за самостоен настап, а Таравари на своја рака изразил став надвор од партискиот статут.
Меѓу оние што застанаа зад двоецот Лога-Села, пак, е партискиот потпретседател Елми Азири, кој напиша:„Чудна комуникација на партискиот лидер со партиските тела преку социјалните мрежи! Партиските тела се избираат легитимно! Суспендирањето од социјалните медиуми не му служи на духот на Алијансата што го изгради. Коалициските понуди сè уште не пристигнаа во партиските органи! Единствената одлука на раководството на партијата е Алијансата да излезе сама на избори“.