Русија го додаде меѓународното ЛГБТ движење, вклучувајќи ги и неговите филијали, на листата на терористички и екстремистички организации, пренесе РИА Новости.Меѓународното ЛГБТ движење, кое, инаку, е забрането во Руската Федерација и неговите структурни единици се на списокот на терористи и екстремисти, според базата на податоци Росфинмониторинг.Да потсетиме дека рускиот Врховен суд веќе го прогласи ЛГБТ движењето за екстремистичка организација и ги забрани неговите активности во Русија.