По објавата дека се договара коалиција меѓу ДУИ и останатите албански партии во земајва, доцна синоќа беше објавено и дека е договорена коалиција со лидерот на ДПА – Мендух Тачи, но и со Аријанит Хоџа.Договорот со овие партнери ќе се потпише во понеделник, а кон „Европскиот фронт“ на Ахмети веќе се приклучи и Скендер Реџепи. Како резултат на најавата на лидерот на ДПА да се вклучи во фронтот кој го предводи ДУИ, со реакција излезе и поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини.
– Тачи во коалиција со Али Амет, за кого велеше дека е предавник и изнајмен убиец, додека ДУИ е конгломерат на сите антиалбански интереси – напиша Хајредини на Фејсбук.Еве ја неговата објава: