13.8 C
Скопје
27/04/2024 13:24
МАКТЕЛ

  

     

 

Трагедијата на изманипулираната нација

      

Никој не може подобро да разјасни од кафеанскиот дух и смисла за хумор што сакал да каже Христијан Мицкоски, а што Димитар Ковачевски, или колку убаво ќе ѝ прилега функцијата претседател на државата на Гордана Силјановска-Давкова, но и зошто треба да си продолжи со работа уште еден мандат Стево Пендаровски. Каква и кому праќа порака Али Ахмети кога вели по 8 мај опозицијата подготвува руско сценарио со немири. Ахмети вели на изборите ќе се гласа за Русија и за Европа.

   

Не помалку интересна и значајна е определбата на албанската опозиција и на Арбен Тарвари претседателскиот кандидат дека не се можни постизборни коалиции со партии кои нема да го прифатат безусловно продолжувањето на преговорите со ЕУ. Демек со ДУИ никако, но и со тие што ги попречуваат преговорите и членството во ЕУ. Така е пред изборите, ќе видиме како ќе биде по изборите. Во тие денови на тазе освоена власт многу ветувања паѓаат во вода и се обновуваат старите партнерства, а се склучуваат и нови, за кои многумина мислат дека се невозможни. Љубовта кон власта прави големи чуда.

 

Во кафулињата и кафеаните надвикувањата и досетките се стил и „ораторство“, на телевизиите најчесто се какофонија, а на социјалните мрежи, освен само во неколку случаи, односно во неколку релевантни медиуми и автори, во сѐ друго преовладува валкана пропаганда полна со лаги, навреди и клевети, каде ретко кој полемизира со напишаното. Ниските удари се „ад хоминем“, фронтален напад по авторите и нивно навредување и сатанизирање, а не по содржината на напишаното, што обично е доказ дека тоа вреди да се прочита. Партискиот предизборен натпревар е поблиску до уште една трагедија на една изманипулирана нација, отколку кон нејзино освестување да го дооди преостанатиот дел кон цивилизираниот демократски свет каде што припаѓа.

   

     

Кафеанските дискусии, па дури и кавги, имаат подобар шмек и се повозбудливи од здодевните интелектуализирања, кои најчесто се сведуваат на простачки надвикувања на разни независни експерти и аналитичари кои брзо се разоткриваат како огорчени политички и партиски противници. Обично тука има и по некоја „корисна будала“ во улога на лош партиски адвокат, или обвинител. Додека пак водителот се впрегнал да биде неутрален судија, но мака мачи да го сокрие уплавот од газдите, чиј став одлично го знае. Тој притисок секогаш се провлекува и излегува на виделина.

Не е време за неутралност

Секоја чест на ретките исклучоци кои се избориле за независна позиција, дури и во партиски определени медиуми. Тие водители, за жал, заглавуваат во потрагата по авторитетни интелектуалци, балансирајќи некаква неутрална дебата. Резултатот е многу здодевно и тешко разбирливо „филозофирање“, оти времето не е за неутралност, туку за силна определба кон Европа.

Позната е формулата како се релативизира најзначајниот историски приоритет на државата – членството во ЕУ. Прво оди фронталната негација дека никој не е против евроатлантските интеграции на државата. Веднаш потоа следува додавката – но по која цена, дали треба да се прифатат грчкиот и особено бугарскиот диктат, протекционизмот на Европа, лажната поддршка на Америка? Потоа следува патриотскиот вознес – каде ни е достоинството и националната и човечка гордост да се прифати вакво понижување?

Кога едно по друго реалноста и настаните ги демантираат овие тврдења, пропагандистите од поништување и подобрување на договорите со соседите и преговарачката рамка со ЕУ се префрлаат на темите за организираниот криминал и корупција, за владеењето на правото… Ако и тоа не е доволно, тогаш се разгоруваат прашањата за меѓуетничките односи. Многу е податлива темата за Македонците како потчинети граѓани од втор ред во сопствената држава, а не помалку за загрозените и недоволните демократски права на Албанците да имаат претседател на државата и премиер и така секој ден ново изненадување во подземните битки за власт.

Тука не помагаат многу аргументите за состојбите по сите овие прашања во државите кои се веќе од поодамна членки на ЕУ и НАТО. Таму сѐ уште се актуелни темите за организиран криминал и корупција, за нарушени демократски права, за притекционизмот на Европа и експлотацијата од стара Европа врз новите членки, за блокадите на одлуките на Брисел и милион други за нас прилично познати, но и многу непознати судири, особено околку милијардите евра и разни видови субвенции. Разликата е во тоа што тие се веќе членки на ЕУ, а ние сме сѐ уште во чекалницата, што е вселенска разлика до каде може да се оди. Но заклучокот е јасен – прво треба да се стане членка на ЕУ, па потоа кога ќе се седне на иста маса оправданите барања добиваат поинакви димензии.

На чија страна треба да бидат новинарите

По безмалку половина век поминати во новинарството во повеќе редакции, во два, или поправилно кажано во три различни општествено политички и економски системи, во период кој припаѓа на два века и на два милениума, во возбудливи и интересни години на тектонски и револуционерни промени, од денешна историска дистанца што е тоа што можам да издвојам како најголемо изненадување и разочарување, гледано само од новинарски агол и сведоштво на едни бурни времиња? Прифајќајќи ја тезата на Албер Ками дека новинарството треба да биде пред сѐ сведоштво не толку за достигнувањата на тие што прават историја, туку за тие што страдаат од таа историја, можам да кажам дека најголемото изненадување не беа промените и војните при распадот на Југославија, ниту пак прогласувањето на независност и самостојност на Македонија. Тие настани имаа свои историски околности кои го навестуваа крајот на потрошениот историски модел.

Долгите расправи и меѓусебните обвинувања навестуваа предвидлив крвав распад. Истото претходеше и на политичките промени што ја зафатија цела Источна Европа. Може многумина нема да се сложат, но најголемо изненадување во целиот период на големите промени беше и сѐ уште е нашиот примитивизам, провинцијализмот и незнаењето. Знаев до некаде дека ги немаме тие потенцијали кои се глорифицираа во социјализмот, ама не верував дека толку сме заостанати за луѓето да можат да ги месат политички шарлатани и алчни моќници. Најголемо пак разочарување ми е молкот на учените луѓе, на научниците, на универзитетските професори, писателите, поетите, актерите, новинарите, успешните деловни луѓе, она што го викаме, веројатно многу погрешно, интелектуални елити.

Полоши од нив и поразочарувачки се само оние кои станаа соучесници во трагедијата на најголемата и најлоша манипулација на македонската нација, плашејќи ја со изгубен идентитет, јазик, национална припадност, знаме, име, историско минато, асимилација, бугаризација и жестоки обвинувања за велепредавство на националните и државни интереси на сите што застанаа на праведната страна на историјата и ја гледаат Македонија во западноевропската цивилизација и географски и демократски и културно и економски.

Може ли ова тврдење да се аргументира со факти? Се разбира дека може, но ако тоа сами не го гледате и не го чувствувате, тогаш веќе сте добро измесенивво тестото. Прво да почнеме од тоа колкава е навредата ако некој тврди и докажува секој ден јавно дека ви е доведен во прашање идентитетот и сѐ што ја сочинува идентитетската посебност, национална припадност, јазик, писмо, култура, историско минато, име, дека сте веќе во фаза на асимилација, бугаризација… Дали тоа значи дека било толку лесно само поради потпишани договори со соседите да го изгубите идентитетот да се асимилирате и да станете Бугарин? Толку ли се плитки темелите на идентитетот на Македонците? Ќе потпишеме договори со комшиите и оп, отиде идентитетот, ќе исчезне македонскиот јазик, ќе го снема. Наместо да зборуваме македонски дали ќе лаеме?

Може ли да се избрише минатото

Со уставните промени ќе ги снема ли и милионите книги напишани на македонски јазик? Ќе ги снема ли научните лигвистички докази за македонскиот јазик, ќе се избрише ли од индоевропската мапа на јазици? Така ли е, или не е така? Ќе ни ја избришат историјата домашните предавници? Може ли да се избрише историја? Имало и има многу обиди да се пишува разубавена историја, да биде што пославно минатото. Но секогаш тоа трае до одредена историска дистанца, кога ќе се појават историчари кои не произведуваат опиум за народот, туку наука без политичка интервенција. Тоа што било, никој не може да го избрише, само се потребни докази кои науката единствено ги признава дека нешто се случило. Може тоа да потрае долго, со децении или стотици години, но еден ден вистината ќе се разоткрие. Има историски настани кои остануваат вечно неразјаснети и така се третираат во вистинската наука.

Каква е таа фобија што ни се наметнува, за жал и прифаќа, како опасност од асимилација во сопствена држава на мнозинскиот народ затоа што заедно со уште десет делови од народи ќе бидат застапени и Бугарите во македонскиот Устав? Ако не се креваат тензии и застрашувања, брзо би се сознало како ординарна глупост и уште една тешка навреда за кревкоста на националната припадност на Македонецот ако поверувате дека со влезот на Бугарите во Уставот, истиот ден Македонците со бугарските пашапорти, распослани по светот во потрага по егизистенција, ќе станат Бугари.

Името на државата, што е со името? Во светот има само една држава која во името го има клучниот збор Македонија. Ниедна друга. Тоа е нашата држава. Географската одредница, страна на светот, е додавка и ништо повеќе. Таа не одредува национална и јазична припадност како што не одредуваа и додавките федерална, народна, социјалистичка, поранешна југословенска што во своето име ги имаше Република Македонија во различни историски периоди. И конечно, дали е подобро овие компромиси да се избришат кога ќе станеме членка на ЕУ, или да се избришат сега и да не станеме дел од европското семејство?

За политичарите кои ги шират овие опасни застрашувања и манипулации во битките за власт својствени на десните и леви екстремисти и радикали човек може и да ги разбере ако навистина играат на картата дека тоа е само за да се освои власта, а штом се седне на престолот ќе се прифати реалноста на ратификуваните договори и на преговарачката рамка со ЕУ дека тие се неменливи. Тешко е да се признаат стратегиските грешки и трагичните последици од децениско доцнење што ги направи ВМРО-ДПМНЕ во попречувањето на државата да стане членка на ЕУ и НАТО. Но, најразочарувачки е молкот на голем број јавни личности, авторитети во науката, културата и деловниот свет, кои можат да дадат огромен придонес да се разобличи таа самоубиствена измама која ја уназадува и изолира Македонија од напредниот свет .

Во нивно отсуство во празниот простор се појавија желни за слава и евтин патриотизам личности кои создаваат јавна атмосфера која оневозможува јасно да се видат работите и сѐ она што го чини можно злото. Сето тоа остава трагични последици за иднината на државата и севкупните односи и поделби во земјата. (dw)Ерол Ризаов

    

Најново

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го истреби криминалот и за истиот ќе има одговорност, затоа ни треба поддршката од граѓаните на 8 мај за број 2

Sase Ivanovski

Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините

Sase Ivanovski

Радовишанец со месеци силувал малолетно девојче

Sase Ivanovski

Маричиќ: До крајот на месецот конечната верзија на реформската агенда до ЕК, првата исплата на средства од Планот за раст во септември

Sase Ivanovski

Тешко повреден возач кој со автомобил излета од патот Радовиш-Штип

Sase Ivanovski

Прегазен малолетен пешак во Тетово, итно пренесен во болница

Sase Ivanovski

Николоски од Подгорица – Полноправното членство во ЕУ најбрзо преку економското приближување

Sase Ivanovski

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ е пример за лажен патриотизам

Sase Ivanovski

Бучковски: Фер е да се даде шанса на Пендаровски, во игра се повеќе од 330 илјади гласови на другите кандидати

Sase Ivanovski

Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски е истиот феномен како НСДП во 2006 година

Sase Ivanovski

МАЛАТА ДАНКА УШТЕ НЕ Е ПРОНАЈДЕНА, ИСТРАГАТА СÈ ПОЗАПЛЕТКАНА Тројцата полицајци кои го претепале до смрт главниот сведок, меѓусебно се обвинуваат

Sase Ivanovski

ДА ИМ ГИ РАЗУБАВИМЕ ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРАЗНИЧНИ ДЕНОВИ! Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Sase Ivanovski

ПОДДРШКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕТО ВО СЕПА Забрзување на процесот на интеграција главна тема на средбата на преставниците на Народна банка со Светска банка

Sase Ivanovski

ДЕНАРОТ НАПОЛНИ 32 ГОДИНИ Се одбележува годишнината од воведувањето на македонската национална валута

Sase Ivanovski

Миле Цеков: Струмица благодариме на изразената поддршка за гласањето во неделата.

Sase Ivanovski

ИТНА ЕВАКУАЦИЈА НА ДВЕ БОЛНИЦИ ВО КИЕВ Најавени руски напади на украинската престолнина

Sase Ivanovski

Скопјани најдобро е да одат пешки – автобусите се нередовни, а ретко кој таксист вози во сообраќајниот шпиц

Sase Ivanovski

РУСКАТА АРМИЈА ЈА ПРЕСРЕТНА ИСПОРАКАТА Ракетен напад на воз со западна воена опрема за Украина

Sase Ivanovski

Шефот на кинеската дипломатија до Блинкен: Може да дојде до конфликт

Sase Ivanovski

Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ кои ја ограбуваат и ја ставаат Македонија на колена

Sase Ivanovski

Ќерката на Џаро се прости од својот татко: „Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол“

Sase Ivanovski

БИХ увезува 250.000 литри млеко од Црна Гора

Sase Ivanovski

Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што ѝ е потребно за војната во Украина

Sase Ivanovski

Проф. д-р Ѓоко Буневски: Производството на сопствена храна, вода и енергија е приоритет на секоја земја, а Движењето ЗНАМ – За наша Македонија има стратегија за тоа да го оствари

Sase Ivanovski

Италијанската премиерка Мелони испрати воен авион за да спаси бебе хоспитализирано во Британија

Sase Ivanovski

УКИМ донесе одлука за основање на Фондацијата „Горан Стефановски“

Sase Ivanovski

Како дел од бранот студентски пропалестински протести, во Париз студенти блокираа универзитет поради војната во Газа

Sase Ivanovski

Фергусон: Неопходно е што поскоро да се формира ЗСО, бидејќи тоа е важен дел од дијалогот и нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина

Sase Ivanovski

Повеќе од 300 бомби од Втората светска војна пронајдени на местото на поранешниот аеродром во Атина

Sase Ivanovski

САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испорака на хуманитарна помош

Sase Ivanovski

Даниел Стојчевски: нема да ги заборавиме бранителите и припадниците на безбедносните сили кои ги дадоа своите животи за Македонија

Sase Ivanovski

Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“

Sase Ivanovski

Муцунски: Започнува реализацијата на голем капитален проект

Sase Ivanovski

Сто години борба на ИЈЗ со закани како Ковид-19 и дезинформации околу вакцини

Sase Ivanovski

Градоначалничката Данела Арсовска со скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ и АД Стопанска банка Скопје во заедничка еко акција засадија 180 дрвја на булеварот 8 Септември во општината Карпош

Sase Ivanovski

Де Кро: Белгија останува дел од групата европски земји кои сакаат признавање на Палестина

Sase Ivanovski

Османи: Говорот на Вучиќ во Советот за безбедност на ОН беше „посттрауматичен“

Sase Ivanovski

Зошто вратата од бањата секогаш треба да ја држите затворена?

Sase Ivanovski

Ковачевски: Еве ја вистината!

Sase Ivanovski

ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан за подобро да го контролира проширувањето на ЕУ

Sase Ivanovski

Блинкен: Америка виде докази за обидите на Кина да се меша во ноемвриските избори

Sase Ivanovski

ЛИДЕРОТ НА БОЈКОТИРАМ, САШО ПАНГОВСКИ: Најголем пораз од блискоста со Џаро ми беше сознанието дека и мафијашите ценат чест, збор, имаат образ – за разлика од политичарите

Sase Ivanovski

Мицкоски со порака од Кавадарци: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Sase Ivanovski

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби, за сплотена и силна Македонија 

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со крената глава заедно одиме во вториот круг на изборите и очекуваме масовна поддршка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БЕКТЕШИ: НИЕ ЌЕ ИМАМЕ НАД 20 ПРАТЕНИЦИ, ВЛЕН ЌЕ ИМА ПОД 10!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ ќе се стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и судство и на добрите меѓуетнички односи

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА ТАРАВАРИ: ДУИ НЕ ПОБЕДИ СО ГЛАСОВИТЕ НА РОМИТЕ И ТУРЦИТЕ, САМО ВЛЕН Е ЛЕГИТИМЕН ПРЕСТАВНИК НА АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БЕКТЕШИ: ВЕЧЕРТА НА 8-МИ МАЈ, ВО ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ЈА БАРААТ МАЛА РЕЧИЦА НА ГУГЛ МАПС

Sase Ivanovski

Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

Sase Ivanovski

Таравари: Мицкоски разбра каде е тежината на албанскиот глас

Sase Ivanovski

Нема да го спасуваме ова раководство на СДСМ од потопот, рече Димитриевски

Sase Ivanovski

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Sase Ivanovski

Ковачевски: Јасно ни е дека партијата треба да се менува, за да ја вратиме довербата

Sase Ivanovski

Мицкоски: Банди на ДУИ нудат пари

Sase Ivanovski

Бектеши: Постои документ на кој се потпишани и Таравари и Ахмети, во кој пишува дека нема да прават коалиција со партија која нема да ги направи уставните измени

Sase Ivanovski

Филипче: Активистите се мобилизираат.Да ги подигнеме главите и да продолжиме да се бориме за она во што веруваме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА ТАРАВАРИ: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ВМРО ДПМНЕ СЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

СОФИСКАТА ПУБЛИКА ДОБИ ТРИ БИСА ОД ТРПЧЕСКИ И ПРИЈАТЕЛИТЕ НА КОНЦЕРТОТ „МАКЕДОНИСИМО“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ РАСПАЛИ ПО АХМЕТИ: МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ ВО ПОЛИТИКАТА, ЗАТОА СЕ ОДНЕСУВА ВАКА ДИВЈАЧКИ!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

Sase Ivanovski

БИТИЌИ: „Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките  на раздорот, на национализмот, на сеењето страв

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: ЛОШО ГО МЕНАЏИРАВМЕ ИЗДАВАЊЕТО ПАСОШИ, ЈА ПРЕЗЕМАМ ОДГОВОРНОСТА

Sase Ivanovski

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: И МИЦКОВСКИ ЌЕ ЗАВРШИ КАКО ГРУЕВСКИ, СИТЕ ПОПУЛИСТИ ЗАВРШУВААТ ТРАГИЧНО

Sase Ivanovski

Маричиќ: СДСМ ќе се спротивстави на националистичкиот и популистички виор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: СДСМ СЕКОГАШ РАБОТИ ВО КОРИСТ НА ДРЖАВАТА А НА СВОЈА ШТЕТА, ЗАТОА СЕ СЛУЧИ ВАКОВ РЕЗУЛТАТ

Sase Ivanovski

СДСМ: Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество

Sase Ivanovski

Мицкоски: Освоивме 20% повеќе гласови од збирот на гласовите на владините кандидати – власта на ДУИ и СДСМ е делегитимирана и после 8 мај заминува во опозиција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: АКО САКА ВМРО ДПМНЕ КОАЛИЦИЈА СО НАС ЌЕ МОРА ДА СЕ ДОРЕФОРМИРА, ДА СЕ ТРГНАТ НЕКОИ КАДРИ КОИ СЕ ИЗВАЛКАНИ ОД ГРУЕВИЗМОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: СО СДСМ НЕМА ШАНСИ ЗА КОАЛИЦИЈА, СО ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ВИДИМЕ

Sase Ivanovski

Димитриевски на Сител: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

Sase Ivanovski

Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку противник на народот и Македонија, затоа на 8 мај да се обединиме за бројот 2 и да ги срозиме за сите криминали и катастрофални политики

Sase Ivanovski

Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш, дали од крими тендерите на сопругата во РЕК Битола или од твојот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?

Sase Ivanovski

ЧУДНО ВИДЕО ОД СВЕТИ САВА ВО БЕЛГРАД: ВЕРНИЦИ СЕ КЛАЊААТ И СЕ КРСТАТ ВО ИСТО ВРЕМЕ?!

Sase Ivanovski

Ердоган: Нетанјаху, како и убијците пред него, срамно го запиша своето име во историјата!

Sase Ivanovski

Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Тимчо Муцунски се сретна со поранешни амбасадори, презентирана платформа 1198 и побарана поддршка

Sase Ivanovski

Косово е политички феномен. Прва мнозински муслиманска земја која легализира истополови заедници. Дури неверојатно звучи

Sase Ivanovski

Бугарскиот медиум  „Фактор“ ја анализира средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со Николај Валканов, поранешниот  потпретседател на „Мултигруп“

Sase Ivanovski
Вчитувам....