Фабриката за акумулатори денешна ТАБ МАК, е врежана низ историјата на постоење на нашата општина како еден од водечките столбови на економијата од локално значење.
Денес на прославувањето на 10 години компанијата присуствував и на отварањето на нов погон, што само ја потврдува успешната приказна на ТАБ МАК, оваа компанија со над 500 вработени, генерално од нашата општина е важна за допринесот и развојот на економијата во општина Пробиштип.
ТАБ МАК овде во Пробиштип, во Северна Македонија виде потенцијал за развој и проширување на своето производство, со препознавањето на добрата визија од страна на Владата и поддршката којашто ја доби преку субвенционирање на развојот, односно зголемување на производствените погони, укажува само едно нешто, а тоа е дека преку креирањето на правилни политики се отвара можност за странски инвестиции, што е еден одличен пример за добра соработка, стабилна економија и развој кој директно влијае на локално ниво односно на општина Пробиштип. На раководството и вработените во ТАБ МАК, им посакувам уште многу децениски јубилеи, многу успеси и во иднина.