„Ова традиционално уживање од пиперки и модар патлиџан е еден од најпопуларните зачини низ целиот Балкан и Источна Европа. Најценетиот вид ајвар често е македонскиот, кој се прави само со црвени пиперки. Иако неговото потекло често се оспорува, се вели дека името ајвар потекнува од турскиот збор havyar, што значи кавијар“, пишува на фејсбук-профилот на „Тејст атлас“.
На престижната листа, во топ 5, како врвни специјалитети се најдоа и македонскиот пинџур, бугарската лутеница, пиклиз од Хаити и закуска од Романија. Македонскиот ајвар е оценет со 4,52 во категоријата relishes (сладост), а пинџурот доби оценка 4,26. Aјварот, исто така, се најде на второто место во категориите dips (макала) и spreads (намази)