10.8 C
Скопје
06/12/2022 15:32
МАКТЕЛ

АРСОВСКИ: Демократски е да им се даде шанса на противниците на договорот со Бугарија да се изјаснат на референдум

  

Дали ни треба референдум?

Со последната одлука на ВМРО ДПМНЕ дека дефинитивно ќе иницира задолжителен, правно обврзувачки референдум, ова плебисцитарно изјаснување брзо стана тема број еден на домашната политичка сцена. Се поставуваат неколку суштински прашања – дали ни е потребен референдум, каков е можниот исход, и се разбира, какви би биле последиците од референдумот.

  

Во оваа фаза, мислам дека потребата од референдум е дискутабилна. Македонија нема план Б освен ЕУ, а претставниците на меѓународната заедница се прилично јасни дека без исполнување на договорот со Бугарија нема продолжување на тој пат. Оттаму, прашањето е зошто ни е потребно ова мачење на нацијата, зашто референдумот ќе биде токму тоа – мачење, повторно преживување на сите болки и фрустрации од компромисите кои бевме приморани да ги направиме, наративот ќе се поврзе со се уште живиот отпор и против Преспанскиот договор, и така натаму. Од друга страна, ние мораме да одржиме функционална демократија, а очигледно е дека значаен дел од граѓаните имаат сериозни забелешки, па и се противат, на договорот со Бугарија. Игнорирањето на тој отпор не е здраво за нацијата на долг рок. Опонентите на овој компромис можеби треба да имаат фер шанса да го искажат своето мислење, и низ демократски процес да добијат можност за некаков алтернативен курс од овој, по кој во моментов се движиме.

Кој губи, а кој добива?

Проблемот е, секако, во начинот на кој се предвидени ваквите задолжителни референдуми во нашиот правен систем. Задолжителен референдум, кој би требало да има правно дејство, има најмалку две нужни карактеристики – првата е дека мора да биде така формулиран да создава императивно дејство – односно успешниот референдум недвосмислено да ги обврзува пратениците на некаква конкретна акција (во овој случај поништување на законот со кој се ратификува спорниот дел од договорот со Бугарија); втората карактеристика – која е врзана и за политичките последици од ваквиот референдум, е што тој е валиден само ако е успешен, односно е бинарен. Во таа смисла, успешен референдум предизвикува правно дејство, но неуспешен референдум не го предизвикува обратно правно дејство, туку е ништовен.

Така, ако на распишаниот референдум мнозинството се изјасни за поништување на договорот, тоа би ги обврзало пратениците на таква акција, но неуспешен референдум нема да го обврзе приредувачот (во случајот ВМРО ДПМНЕ) на обратната акција. Дури и ако, теоретски, на распишаниот референдум, излезат над 50% од гласачите, и мнозинството гласа против – значи ако се исполнат условите за успешен референдум во обратен правец од намерите на приредувачот – тој исход е ништовен, односно не би го обврзал ВМРО ДПМНЕ да го прифати договорот. Така, постоењето на референдумот не е фер позиција- Мицковски нема што да изгуби– зашто, ако успее референдумот, власта мора да го поништи договорот со Бугарија, но ако не успее, Мицковски нема обврска да го прифати.

Така се враќа во игра прашањето за целисходноста на ваквиот референдум. Имено, за успешен референдум прагот е исклучително висок (најмалку 910,000 излезени, најмалку 50% + 1, да гласаат „за“), па така, без активна поддршка од двете најголеми македонски партии, најверојатниот исход е неуспешен, односно ништовен референдум. Но, неуспешниот референдум нема да предизвика правни последици, а најверојатно, ни политички: тешко е да се верува дека ВМРО ДПМНЕ би толкувало неуспешен референдум како мандат од граѓаните за прифаќање на договорот со Бугарија. Така, се враќаме на почеток – екскурзија од неколку месеци и потрошени средства – за резултат кој не остава во истата позиција како и референдум да не се спроведе воопшто. Ова особено што кај опозицијата не постои наратив како ќе ги усогласат нивните две прокламирани, но спротивставени тези – за ЕУ, но против механизмите кои не носат таму.

Последиците од референдумот

Во овој случај се актуелизираат политичките последици од референдумот. За ВМРО ДПМНЕ постојат и позитивни и негативни страни на ваквиот настап. Позитивните страни се, секако, што немаат што да изгубат: ако успеат – победиле, ако не успеат – не изгубиле. Најмалку, референдумот ќе ги мобилизира нивните гласачи, ќе ги собере на куп околу еден наратив (колку и да е тој проблематичен во смисла на евроинтеграциите), а партијата ќе им ја одржува во висок степен на готовност. Во таа смисла, овој потег е за нив добар.

Но, со ваква платформа, тие истовремено релативно јасно се поставуваат (без оглед на нивната мантра) против курсот за кој цела ЕУ вели дека е единствениот правилен. Овој опозициски наратив, може да ги направи толку радикални, што ќе станат невозможен избор за нова власт, без оглед на резултатите на наредните избори.

На крајот, политичкиот исход ќе се прекрши кај номинираните уставни измени. Ако референдумот помине со најверојатниот исход – а тоа е огромен дел од излезените гласачи да се за поништување на договорот (бидејќи само оние кои се „за“ имаат реален мотив да излезат), но референдумот да биде ништовен, односно да не го собере потребното мнозинство, ВМРО ДПМНЕ ќе се врати на истата дилема која ја има и сега: дали да ги поддржи уставните измени, или да остане единствениот причинител што Македонија нема да ги отвори поглавјата за преговори со ЕУ. Имајќи предвид дека уставните измени се релативно бенигни, и претставуваат помал дел од цената (поголемиот дел веќе е платен), за ВМРО ДПМНЕ тоа ќе биде политички тешка ситуација: брендирани како анти-ЕУ, со неуспешен референдум, под силен политички притисок за прифаќање на уставните измени. Таа дилема ја имаат и сега, со или без референдум.

Петар Арсовски

  

Најново

(ВИДЕО) БОГОЕВ: Мицкоски да ја прекине блокадата на Скопје, неговите кадри да најдат решение за хаосот што го создадоа

Sase Ivanovski

Венко Филипче: Фондацијата „Заев едно општество за сите“ ќе стипендира специјализанти за усовршување во европски центри

Sase Ivanovski

Алијанса очекува на списокот на Агелер да се најдат инволвираните од аферата „Маџар Телеком

Sase Ivanovski

ОЈО го доби и ќе го „чешла“ извештајот на МВР за протечената снимка на Јутјуб од реферирањето на Димовски за Онишченко

Sase Ivanovski

Маричиќ: Ги зајакнуваме односите со ЕУ и ја движиме Северна Македонија во вистинска насока

Sase Ivanovski

Јовановски: Пенов може и тенкови да испрати!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Одговорноста за блокадите на Скопје се кај Ковачевски и Арсовска, кои договараат тендери и матни зделки

Sase Ivanovski

Тренчевска: Само преку регионална соработка можеме да успееме во воспоставување на родовата еднаквост

Sase Ivanovski

Нано Ружин: САД испрати експерти за антикорупција во Скопје затоа што македонските авторитети се неефикасни

Sase Ivanovski

Почина новинарот Димитар Ќуркчиев, семејството и пријателите се простуваат од него и на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Опозициските пратеници со црни натписи „Темнина во Србија без слободни медиуми”ги поддржа телевизиите Н1 и Нова С

Sase Ivanovski

Приведен босанскиот министер Лучиќ злоупотреба на положбата и трошење народни пари

Sase Ivanovski

Борел: Последниот предлог договор до Белград и Косово е испратен вчера

Sase Ivanovski

(ФОТО) Симон Трпчески замина во Ерменија, каде неговата ќерка ќе ја претставува Македонија на Јуниорски Евросонг

Sase Ivanovski

Здравство воведе модул за електронско пријавување на несаканите ефекти од вакцинацијата

Sase Ivanovski

ЕСМ: ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАКО СЕ ЖИВЕЕЛО ВО СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ?

Tamara Ivanovska

Герасимовски до пензионерите: Пријавете се за доделување парична помош, рокот истекува утре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сведоштва за студентските домови

Tamara Ivanovska

Приведени двајца крадци од Куманово, одземеното вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Западниот Балкан и ЕУ заеднички ќе се справуваат со последиците од енергетската криза

Sase Ivanovski

Премиерот Ковачевски на Самит во Тирана пречекан од премиерот на Албанија Рама

Tamara Ivanovska

СДСМ: Мицкоски нема доблест ниту да им се извини на скопјани за хасот во градот

Tamara Ivanovska

Владата донесе одлука да се поништи одлуката за прием на Онишченко во државјанство

Sase Ivanovski

Грковска: На сајбер безбедноста треба да гледаме како инвестиција која ја јакне довербата на граѓаните во институциите

Tamara Ivanovska

ЕУ со 18 милиони евра ќе ја развива Преспа

Sase Ivanovski

РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј нема да се затворат, тврди Битиќи

Sase Ivanovski

Кој е Добре Митрев, човекот кој стои зад отворањето на бугарски „клуб – канцеларија“ во Кавадарци

Sase Ivanovski

СДСМ: За работата на ЈСП, ВМРО-ДПМНЕ да праша во УО, таму скоро се сите се членови на нивната партија

Tamara Ivanovska

ВЕЧНА СЛАВА: 11 години од смртта на Гоце Арнаудов

Sase Ivanovski

Иницијатива за лекторат по македонски јазик во Тирана

Tamara Ivanovska

Блерим Беџети ги подбра министрите на ДУИ: Повеќе се фалат од што работат

Sase Ivanovski

ЈОНУЗ: Е па политичари, идите бре у пи*ку лепу материну!

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Директорите на СДС, ДУИ и ЛЕВИЦА управуваат со хаосот во Град Скопје, Арсовска спроведувач на крими интереси на Ковачевски

Tamara Ivanovska

Зеленски ги посети војниците во Славјанск на Денот на вооржените сили на Украина

Sase Ivanovski

Приведен крадец по распишана потерница

Tamara Ivanovska

За што разговарале Ковачевски, Макрон и Шолц на денешната средба во Тирана?

Sase Ivanovski

166 санкции за брзо возење

Tamara Ivanovska

Владата го поништи државјанството на Онишченко

Sase Ivanovski

8 декември 2022 година (четврток), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Tamara Ivanovska

Австрија и официјално кажа „не“ за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген

Sase Ivanovski

Произведени 12.379 MWh во текот на изминатото деноноќие и целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

Tamara Ivanovska

Вештите лица ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за автобуската несреќа кај Ласкарци

Sase Ivanovski

Приведен разбојник од Кондово за издржување на казна затвор од пет години

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) Драма во Албанија: На големите протести на опозицијата нокаутиран Сали Бериша!

Sase Ivanovski

СЕ ОГЛАСИ ЛИЛА ПО ТРАГЕДИЈАТА: Бог ќе ви суди, тие родители изгубиле дете, таа не е веќе меѓу живите – освен името ништо друго не знаете за неа!

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Ефектот од средбите Арсовска – Ковачевски: Блокиран град, банкротирано ЈСП и сомнеж за провизии во џебот на скопски сметководител

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: Срамниот избор на Дамева за претседател на Судски совет го покажува трулиот систем, Ковачевски продолжува да го распупува правосудството

Tamara Ivanovska

УЧЕСТВО НА СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 60. ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ПАБСЕК

Tamara Ivanovska

СДСМ: Мицкоски стои зад блокадите и хаосот во Скопје, дрско ги малтретира скопјани

Tamara Ivanovska

Тренчевска: Успешните младински политики на дело – „Гаранција за млади“ ги надмина поставените цели

Tamara Ivanovska

Комунална хигиена репарација на контејнери

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски го врати Ристо Бекатон Пенов од транзицијата за да се заканува и глуми шериф

Tamara Ivanovska

ЧИТАЊЕ ЗГРАДИ: ИЗВЕДУВАЧКИ ПРАКТИКИ ВО УРБАН КОНТЕКСТ

Tamara Ivanovska

Кривична пријава против скопјанец за „злоупотреба на службена положба и овластување” и „фалсификување службена исправа”

Tamara Ivanovska

Бесими на билатерален скрининг за финансиска контрола – Законот за буџети темел на реформите за подобрување на управувањето со јавните финансии

Tamara Ivanovska

Претрес во Општина Чешиново – Облешево, пронајдени пушка и муниција

Tamara Ivanovska

Ако мислат дека треба,нека не тргнат на сила, Ленин од денешните барикади

Tamara Ivanovska

Пенов: Блокадата на автобуските превозници во Скопје нанесува огромна штета на граѓаните

Tamara Ivanovska

Хакирана руската банка ВТБ

Tamara Ivanovska

Продолжуваат протестите на приватните автобуски превозници

Tamara Ivanovska

Ова не е сообраќаен хаос, ова е анархија

Tamara Ivanovska

Левица со кривична пријава против менаџерите на ЕВН заради непријавување кражба на струја во Арачиново

Tamara Ivanovska

Се огласи Агелер: Тимот за санкции од Вашингтон е во Македонија, ќе казнува поранешни и актуелни корумпирани политичари!

Tamara Ivanovska

Вучиќ од Тирана: Подобро да сте за масата, отколку мени на масата

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) МАСК ОБЈАВИ КАКО СЕ БРИШЕЛЕ ДОКАЗИ ЗА БАЈДЕН НА ТВИТЕР Белата куќа реагираше, „тоа е интересна случајност“

Tamara Ivanovska

ЛУКАШЕНКО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОЈНА? Белоруските вооружени сили почнаа вежби за борбена готовност

Tamara Ivanovska

ПУТИН МУ ПОДГОТВУВА АТЕНТАТ НА ЛУКАШЕНКО Му замерил што не пушта војници во Украина

Tamara Ivanovska

Инвестиции за најмладите – Аеродром добива три нови детски игралишта

Tamara Ivanovska

Приведено лице од гостиварско, затекнато при бесправна сеча на дрва

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) Потпишан договор за поевтини роаминг услуги за земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ

Tamara Ivanovska

Владев: Општина Свети Николе оствари одлични резултати во 2022 година, продолжуваме со исто темпо во идната година

Tamara Ivanovska

Лишен од слобода крадец, одземеното е вратено на сопственикот

Tamara Ivanovska

Паметни системски решенија за станбени и деловни простории – Energy Intelligence го отвори новиот изложбен салон во Скопје

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) Стоилковски: Зад хаосот на Ковачевски и Арсовска има договор бугарска фирма да го земе приватниот градски сообраќај?

Tamara Ivanovska

Вучиќ од Тирана: „Дојдов за да имаме шанса да кажеме што мислиме“

Tamara Ivanovska

Да ги спречиме младите да си одат, вели Тренчевска

Tamara Ivanovska

Овој четврток одиме на Руфтоп новогодишен базар во Скопје Сити Мол

Tamara Ivanovska

Путин распореди крстосувачки ракети кон Јапонија

Tamara Ivanovska

За работата на ЈСП, ВМРО да праша во УО, таму се нивни членови, велат од СДСМ

Tamara Ivanovska
Вчитувам....