📍Секогаш ме радуваат иницијативите кои создаваат нови пријателства, искуства, нови знаења и развиваат добрососедски односи.
Младите од Северна Македонија и Бугарија денес покажаа дека знаат да градат мостови кои ќе ги поврзуваат двете држави и се одличен пример дека преку образованието може да се градат соработка и нови проекти кои ќе им донесат нови можности. 🇲🇰🇪🇺🇧🇬
📍Домаќин на учениците од Скопје и од Велико Трново беше европратеникот Ilhan Kyuchyuk, со кој заеднички му порачавме дека она за што работиме и за што се бориме е да отвориме нови можности за младите од двете земји кои сите разлики ќе знаат да ги надминат во духот на европските вредности.
💭Верувам дека ќе има уште повеќе вакви иницијативи, на кои младите од двете земји ќе другаруваат, соработуваат и со меѓусебно почитување ќе напредуваат и ќе носат успеси за своите држави.