Приведен криминалец баран по потерница за доиздржување казна затвор од 4 години и 10 месеци
На 19.09.2022 околу 14.00 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар при Бирото за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи го лишиле од слобода С.А.(33) од с.Арачиново.
За него била распишана централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од четири години и десет месеци за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Исто така, за него биле распишани и два централни расписи поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 288 и член 386 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
Приведен криминалец, осуден на 15 години казна затвор
На 19.09.2022 во 18.00 часот на ул.„Блажо Алексов“ во Кавадарци, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(39) од Кавадарци. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член 131, член 237 и член 396 од Кривичниот законик.
За него била распишана централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово -Скопје каде имал за доиздржување уште една година и пет месеци.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
Приведен насилник во Скопје, следува соодветна пријава
На 19.09.2022 во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Г.(28) од Скопје. Тој се сомничи дека на 31.08.2022 околу 16.20 часот на Плоштад „Скендербег“ во Скопје, за време на одржување на јавен собир на граѓани, физички ги нападнал Б.А. и С.М..
Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведено лице од валандовско за доиздржување на затворска казна
На 19.09.2022 во 11.25 часот, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода Д.Ѓ.(33) од село Пирава, валандовско, за кого била распишана потерница поради бегство од Затвор Гевгелија. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.
Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава
На 19.09.2022 на ул.„Скупи“ во Скопје, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош и Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Ф.Ч.(32) од Скопје. Тој бил баран со централен распис од Одделението за криминалистички работи Карпош поради сомнение за извршени повеќе кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Град Скопје. Тој бил задржан во Полициска станица Карпош и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.