8.8 C
Скопје
03/12/2022 12:45
МАКТЕЛ

РИЗАОВ: СВЕСЕН ЛИ Е МИЦКОВСКИ КОН КАКОВ АМБИС ЈА ТУРКА ДРЖАВАТА?!

 

Раскинување на договорите за добрососедство, замрзнување на процесите со ЕУ и прогласување на мораториум се сериозна закана за европската перспектива на Македонија. Пишува Ерол Ризаов
Идеите за раскинување на договорите за добрососедство со Бугарија и со Грција добија во својата жестина. Од поединечни критички настапи на јавни личности и пропагандни популистички партиски соопштенија и изјави, тие од ден во ден прераснуваат во сериозна закана за европската перспектива на Македонија.

  

Не се во прашање само барањата на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ која е предводникот за поништување на веќе ратификувани договори во Собранието, туку и на голем број познати авторитетни личности од интелектуалните, академските, научни, деловни и медиумски средини со речиси идентичен заеднички став за замрзнување на процесите на односите со ЕУ и прогласување на мораториум кои во овие нерамноправни договори гледаат само „корени на проблемите и на злото“ во односите со соседите и со Европа.

Во Македонија, во која до неодамна над 80 проценти од населението во сите јавни истражувања беа цврсто определени за членство во Европската унија и прифаќање на западноевропските вредности, што беше повисок процент и од самите членки на ЕУ, дојде до голема промена на односот на Македонците пред се кон стара Европа, највлијателните членки на ЕУ, поради чувството на измама и неисполнување на ветувањата по потпишување на Преспанскиот договор, блокадата на Франција наеднаш со нови правила и реформи во ЕУ, за да завршат со ветото на Бугарија и со сомнежот во стратегискиот партнер Америка што не удира силно со тупаница на европската маса за симнување на блокадите и за побрзо членство на Македонија во ЕУ.

Место ЕУ, фантастичен сојуз со БРИКС

Амбиентот на недоверба е лесно воспоставен навидум само со два збора, од опасноста за „асимилација и бугаризација“ на македонскиот народ и условот „Бугари во македонскиот устав“, со што се доведуваат во прашање сите идентитетски посебности, почнувајќи од националната припадност, до јазикот и историското минато, спротивно на оснивачките и други акти на ЕУ и воспоставени и озаконети практики во негување на посебностите на сите европски народи, јазици и историско минато кои никогаш досега не биле предуслов ниту за почеток на преговорите, ниту за членство во ЕУ.

Од друга страна, во актуелниот момент додека ВМРО ДПМНЕ на највисоко партиско ниво носи одлука со предлог за раскинување на Договорот со Бугарија, премиерот и владата соопштуваат дека Македонија на 19 јули веќе ги почнала преговорите со ЕУ и до 2030 година, за седум- осум години ќе стане редовна членка на ЕУ и дека сите идентитетски посебности на македонскиот народ се заштитени и не се доведени во прашање, ниту националната припадност, ниту македонскиот јазик, ниту пак историското минато.

Влезот на Бугарите во уставот не претставува никаква опасност за асимилација и за бугаризација на Македонците во својата држава. Преговорите треба да се одвиваат со забрзана динамика и што побрзо да се затворат. Завршување на преговорите до 2030 година е цел која е достижна – изјави премиерот Ковачевски. Тој очекува Македонија да се приклучи на ЕУ при следното проширување и да стане дел од Унијата со заштита на државните интереси, нагласувајќи, кој знае по кој пат, дека членството во ЕУ нема алтернатива.

Оваа максима дека членството во ЕУ нема алтернатива, или поточно кажано нема подобра алтернатива, стана одново мошне актуелна по агресијата на Русија на Украина и по војната среде Европа која доби чудовишни димензии со жестока пропаганда за нова поправедна поделба на светот, со многу подобри алтернативи од Европската унија која безмалку небаре е пред распаѓање. Место слабата и себична ЕУ се нуди некаков фантастичен сојуз БРИКС. Таквиот воен пропаганден проект наидува на плодно тло во Македонија што се поклопува целосно со идентитетските прашања на македонскиот народ и со раскинувањето на договорите со Бугарија и со Грција кои ја прават успешна доктрината не само за блокадата на Македонија за членство во ЕУ, туку и за преиспитување на членството и во НАТО, што би било полн погодок на руската воена пропаганда, овојпат со сопствена одлука донесена по демократски пат со референдум, или со промена на власта. Сеедно.

Што ќе правиме по тридневната радост

Сите барања и заложби за раскинување на веќе усвоените и ратификувани озаконети договори со Бугарија и со Грција и идеите за замрзнување на процесите за интеграција со ЕУ имаат една голема празна дупка, една трагична фабричка грешка. Немаат ни збор рационално објаснување што ќе правиме по тридневната радост од мевлемот на раната од неправдите што ни се прават од соседите и од ЕУ кои најверојатно лицемерно ќе ни соопштат дека жалат за нашите одлуки.

Едно од клучните прашања на кое нема одговор е дали заговорниците на овие идеи за раскинување на договорите и на замрзнување на процесите за членство во ЕУ мислат дека подобро ќе ги сочуваме идентитетските посебности, јазикот и историското минато, се разбира и државата ако не сме членка на ЕУ и ако го доведеме во прашање членството во НАТО. Дали некој од нив воопшто има анализирано или некакви сознанија што ќе се случува во Македонија со оваа самоблокада доколку во наредните 10 до 15 години Србија, Црна Гора, Косово и Албанија станат членки на ЕУ, а Македонија остане изолирана на Балканот чекајќи подобри компромиси за историското минато и за своите идентитетски посебности. Дали ако донесеме одлуки за раскинување на договорите ќе продолжи економската поддршка на ЕУ и на западниот свет за Македонија, или се повеќе место сегашната стабилност на Македонија како најдобро решение за целиот регион ќе биде во фокусот распаѓањето и поделбата на државата како решение на проблемот. Ќе стасаат ли и други фактури од идните соседни членки на ЕУ и НАТО многу потешки од сегашните. Мислам дека одговорите на овие прашања многу појасно се гледаат од „продобивките“ со раскинување на договорите и со мораториум на односите со ЕУ.

Во досегашните 31 година независност економскиот и демократскиот развој на Македонија и покрај поддршката и милијардите евра долгови на товар на идните генерации не ги дадоа очекуваните резултати во ниту една област. Емпириските податоци говорат дека просечниот економски раст одвај надминува годишно скромни два отсто. Економистите велат дека раст на економијата од два отсто при ова ниво на заостанатост зад Европа е рамно на нула, или поточно значи натамошно заостанување зад европскиот просек полошо отколку кога бевме во составот на Југославија и кога се меревме со просеците на западноевропските земји без новите посиромашни членки. Нема поголеми исчекори ниту во демократските процеси и се што оди заедно со тоа.

Искуствата на новопримените членки кажуваат дека државите кандидати најдобро функционираат во време на преговорите со ЕУ. Откако ќе станат членки и ќе седнат на заедничка маса тоа е веќе друга песна, многу поразлична од онаа кога си во чекалната. Тешко дека некој тогаш ќе може да проблематизира научни докази и за идентитетски прашања и за историјата. Тоа добро го знаат сите што очекуваат со големо олеснување Македонија самата да се блокира и да ги поништи веќе склучените договори за добрососедство.

Eрол Ризаов

Извор: ДВ

         

Најново

НИШТО ОД МОЌНАТА ЕВРОАЗИЈА – РАСТЕ ТЕНЗИЈАТА МЕЃУ РУСИЈА И КАЗАХСТАН

Tamara Ivanovska

ФИНСКАТА ПРЕМИЕРКА ВЕЛИ ДЕКА КРИЗАТА ВО УКРАИНА ПОКАЖАЛА ДЕКА ЕВРОПА БЕЗ ПОДРШКАТА НА САД Е НЕМОЌНА ДА СЕ ОДБРАНИ ОД БИЛО КОГО

Tamara Ivanovska

НИКОЈ УШТЕ НЕ ЗНАЕ КОЈ Е КРЕАТОРОТ НА БИТКОИН. ПОСЛЕДЕН ПАТ ПИШАЛ МЕЈЛ ВО 2011ТА, ИМА 1 МИЛИОН БИТКОИНИ ВРЕДНИ НЕКОЛКУ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Tamara Ivanovska

ЏИМИ КАРТЕР НАПОЛНИ 98ГОДИНИ: ЖИВЕЕ ВО КУЌА ПОЕВТИНА ОД ДВАТА ЏИПА НА АГЕНТИТЕ ШТО ГО ЧУВААТ, СЕКОЈ ДЕН ОДИ ПЕШКИ ВО ЦРКВА И ГРАДИ КУЌИ ЗА СИРОМАШНИ

Tamara Ivanovska

На Мијалков за пет месеци му застарува делото во „Титаник 2“

Tamara Ivanovska

НАД 700 ЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ НА ФЛИТВУД МЕК СТАВЕНИ НА АУКЦИЈА Легендарниот бенд носел чудни кајши и облека

Tamara Ivanovska

Чавушоглу даде рок кога би имало примирје во Украина

Tamara Ivanovska

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Tamara Ivanovska

Спасовски: Има пријава дека полициски службеници во Арачиново се однесувале недолично

Tamara Ivanovska

Грешки на родителите што изродуваат тврдоглаво дете

Tamara Ivanovska

Прва био – супа без синтетски адитиви, иновација на македонката Моника Стојанова

Tamara Ivanovska

Семејството на Тот: Благодарност до македонското судство

Tamara Ivanovska

Тутунопроизводителка го споделува своето искуство со откупот: За првпат годинава го продадов тутунот без нервози

Tamara Ivanovska

Пикси не размислува да си поднесе оставка

Tamara Ivanovska

Доживотен затвор за педофилот кој уби 6 годишно девојче во сон и сексуално го злоставувал

Tamara Ivanovska

(Видео) Џака ги испровоцира Србите, па цела клупа тргна да се пресмета со него

Tamara Ivanovska

Промоција на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот”

Tamara Ivanovska

ОН: Големиот австралиски гребен да биде ставен на листата светски наследства во опасност

Tamara Ivanovska

Финската премиерка Сана Марин прогласена за „бесстрашна лидерка“ на Фајненшал Тајмс во категорија 25 највлијателни жени за 2022

Tamara Ivanovska

(Видео) Боксер од Мексико му се закани на Меси: Нека го моли Бога да не го сретнам

Tamara Ivanovska

Ковачевски ја „фрли ракавицата“, Мицкоски молчи за тоа дали барал власт а во замена нудел да го смени Уставот

Tamara Ivanovska

(Видело) ФИФА објасни зошто голот на Јапонија е регуларен

Tamara Ivanovska

Зечевиќ од Чучер-Сандево: Обединување за остварување на стратешката цел, колку сме посплотени толку нацијата е посилна

Tamara Ivanovska

Билд-„Германија е фудбалско џуџе“, Милер се прости од репрезентацијата

Tamara Ivanovska

Кинески амбасадор: Кина не ја снабдува Русија со оружје

Tamara Ivanovska

Во Холандија во следните десет години ќе се градат две нови нуклеарки

Tamara Ivanovska

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го заглави Скопје, убедливо најлоша локална власт во историјата на градот

Tamara Ivanovska

„Баленсијага“ се извини за скандалозната кампања

Tamara Ivanovska

Министерката Петровска во Кремс на состанок на министри за одбрана во Грац – форматот, состанок на Централноевропската одбранбена соработка и средба со австриската министерка за одбрана Клаудија Танер

Tamara Ivanovska

Ковачевски на средба со Совет на амбасадори: Потребно ни е сето знаење и институционална меморија за историски најважната евроинтеграција која ни претстои

Tamara Ivanovska

Пенов: Опозицијата како да не ги слушна пораките на Штајнмајер да престанат блокадите

Tamara Ivanovska

Пенов: Определбата на Владата е општините да функционираат, по Скопје направивме донација и за Тетово

Tamara Ivanovska

Текстилниот отпад шанса за нови бизниси

Tamara Ivanovska

Северна Македонија останува на грчката листа со безбедни трети земји за бегалци и мигранти

Tamara Ivanovska

Ковачевски од Штип: Во македонскиот исток речиси и да нема пат кој не е обновен во време на СДСМ

Tamara Ivanovska

Џафери во Брисел се сретна со европратениците Ќучук и Валсман

Tamara Ivanovska

Ковачевски: Мицкоски секое утро прво проверува на телефонот што кажал Апасиев

Tamara Ivanovska

Го тепале со боксови, метална шипка и синџир, но не го убиле, смета судот: Ученици добија 9 години затвор за убиство на професор

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ КОЈ Е ФИНАНСИРАН ОД ШВЕДСКА, ЖИДАС ДАСКАЛОВСКИ ЛАЖЕ НА ТВ: Во моментов има повеќе медиуми што ја фалат владата од медиуми што ја критикуваат?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЛЕНКО СЕ ЖАЛИ: Оф роуд емисии нема затоа што Грујо падна и ВМРО ДПМНЕ веќе не ми дава по десетици иљади евра за сезона

Sase Ivanovski

(Видео) Беџети: Не се работело за дипломи, туку за постапка за издавање на одредени уверенија кои немаат валидност во правниот промет

Tamara Ivanovska

ДРАМА ВО КАТАР – Уругвајците ги нападнаа судиите по испаѓањето од СП, обезбедувањето едвај можеше да реагира

Tamara Ivanovska

Силен земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина!

Tamara Ivanovska

МИСТЕРИЈА: ОД КАДЕ МУ НА АПАСИЕВ 15 000 ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА 25 КАНЦЕЛАРИИ НА ЛЕВИЦА ШИРУМ ЗЕМЈАТА?!

Sase Ivanovski

КОРУПЦИЈАТА ВЕ КОЧИ НА ПАТОТ КОН ЕУ Американската амбасадорка ни постави дијагноза

Tamara Ivanovska

СРБИЈА СТАВИ АГЕНТ НА ПУТИН НА ЧЕЛО НА ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА! Остри критики за именувањето на Александар Вулин за директор на БИА

Tamara Ivanovska

ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ОТВОРИ УШТЕ ЕДЕН БУГАРСКИ КЛУБ, ОВОЈПАТ ВО КАВАДАРЦИ! Отворањето е предвидено за 11 декември

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ЛЕВИЦА ОТВОРИ КАНЦЕЛАРИЈА ВО КОЧАНИ, 25-ТА ПО РЕД ШИРУМ ЗЕМЈАТА, АПАСИЕВ ВЕЛИ ЦЕЛТА ИМ БИЛА ДА ЈА УНИШТАТ СДСМ

Sase Ivanovski

СЕ ЕВАКУИРААТ ЦИВИЛИ ОД ИСТОЧНИОТ БРЕГ НА ДНЕПАР Двете страни разменуваат жесток оган преку реката

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) БОМБА НА ПАЛЕВСКИ: МАКЕДОНЦИТЕ НАМЕСТО ДА ПРАВАТ КЛУБОВИ ДА НАПРАВАТ ПАРТИЈА ВО БУГАРИЈА И ДА ВЛЕЗАТ ВО БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И ДА ИНИЦИРААТ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ

Sase Ivanovski

ШВАЈЦАРИЈА ГИ ПРИЗЕМЈИ СРПСКИТЕ ОРЛИ И ОДИ ВО ОСМИНАФИНАЛЕ Камерун го шокираше Бразил

Tamara Ivanovska

ЈУЖНА КОРЕЈА СЕ ИЗБОРИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ Пресудниот гол падна во судиското продолжение

Tamara Ivanovska

„МУ БЛАГОДАРАМ НА КАТАР ЗА ЧЕСТА“ Од болница се јави кралот на фудбалот

Tamara Ivanovska

НЕ СУМ ЈА ПИПНАЛ СОПРУГАТА НА РАЈКОВИЌ Душан Влаховиќ вели дека некој сака да му го оцрни образот со лаги

Tamara Ivanovska

КОВАЧЕВСКИ И АРСОВСКА ЌЕ ГО ОСТАВАТ СКОПЈЕ БЕЗ ЈАВЕН ТРАНСПОРТ! На тајни средби ги договараат набавките, тврди Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ

Tamara Ivanovska

ДЕДОМРАЗОВЦИ, ЗАГРЕЈТЕ СЕ! Почна пријавувањето на традиционалната Дедомразовска трка

Tamara Ivanovska

ВО САД МУ СЕ ЗАКАНУВААТ 175 ГОДИНИ ЗАТВОР! Асанж поднесе жалба на одлуката да го екстрадираат

Tamara Ivanovska

Закани кон Левица од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром: “Затоа ќе јадат ќотек, не за џабе ќе му ја дупнеа главата!”

Tamara Ivanovska

ЛЕНИН БИЛ МИЛИОНЕР: Имам многу пари, и не се срамам дека сум богат, да не лажат дека сум имал само еден скап мотор, имам неколку скапи мотори плус и џипови имам

Sase Ivanovski

Изгореа мазда во Кисела Вода и мерцедес во Ченто

Tamara Ivanovska

Петровски: Ѝ се закануваа на Арсовска дека ќе ѝ сечат раце, нозе, се закануваа со деца – Големите партии станаа мафијашки структури!

Tamara Ivanovska

Никовски: Пругата кон Бугарија е големо промашување

Tamara Ivanovska

Левица го подбра Наумче: Вака ли се развива “европски” спорт како што ветуваше во кампањата за промена на името?

Tamara Ivanovska

Андоновски: Имаме сомнежи дека Ковачевски и Арсовска на тајните средби договарале бизнис набавки меѓу кои и набавка со бизнис партнерот од коалицијата на СДСМ

Tamara Ivanovska

Маричиќ за Поглавје 23: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Tamara Ivanovska

Средба Бесими – Агелер: РС Македонија одлучно чекори кон ЕУ, САД значаен партнер за реформите на тој пат

Tamara Ivanovska

ПЕНДАРОВСКИ: Посета на ученици од ООУ „Ѓорги Сугарев” – Битола во рамки на Отворен Кабинет

Tamara Ivanovska

Бесими и Шијаочин Ју потпишаа Договор за грант од ЕУ за кофинансирање на проектот на СБ за модернизација на земјоделството

Tamara Ivanovska

Мицкоски: Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање, за само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември, ЕСМ ќе увезе струја во вредност од околу 4.200.000 евра

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ЈОВАНОВСКИ: Се откажавме од тоа веднаш да се плати главниот долг од 60 милиони денари, бараме да ни пуштат само 5 милиони денари колку гориво да ставиме, средбата со секретарот на Град Скопје беше многу тензична, полна со емоции, буквално го молевме да ни пушти пари доведени сме до питачки стап

Sase Ivanovski

Владата и Биатлон федерацијата реализираа Конференција за родова еднаквост во спортот

Tamara Ivanovska

85 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Tamara Ivanovska

ЕУ формално ја потврди одлуката за ограничување на цената на руската нафта

Tamara Ivanovska

Бугарија ќе и достави мало и лесно оружје на Украина

Tamara Ivanovska

Холандската Влада донесе одлука да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната

Tamara Ivanovska

Едночасовен телефонски разговор Путин- Шолц : Рускиот претседател ја предупредил Германија

Tamara Ivanovska

Јовановски: Речиси 1,3 милиони евра е долгот кон приватните превозници

Tamara Ivanovska

Ајде да пошумуваме заедно – Акција за пошумување на опожарено подрачје во село Петралица, општина Ранковце

Sase Ivanovski

Асанж поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права против екстрадицијата во САД

Tamara Ivanovska

Ковачевски: Треба да продолжи дискусијата за прогресивното одданочување

Tamara Ivanovska
Вчитувам....