14.8 C
Скопје
28/04/2024 09:46
МАКТЕЛ

  

     

 

КИРОВСКИ: Бугарите се континуирано изненадени – од каде таа омраза на Македонците кон Бугарија и сè што е бугарско? Многу е просто. Заради навредите

      

Пишува: АТАНАС КИРОВСКИ
Тажно е во колкава мерка се влошени бугарско-македонските односи. Откако ноќта на 19 јануари во Охрид беше претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ Христијан Пендиков, неколку мои пријатели од Бугарија ми го поставија прашањето – дали за нив постои ризик ако дојдат во Македонија да ги натепаат само затоа што се Бугари?
И за време на спорот со Грција имаше тензии, вета, економски ембарга, ама не се сеќавам дека имаше толку зла крв, на Грци да им е страв да дојдат во Македонија, или обратно. Со Бугарија, работата е стасана дотаму, што обичниот човек од Бугарија има страв, или барем чувствуваат нелагодност да дојде во Македонија, а низ лични примери знам дека голем број луѓе кои често патуваа во Бугарија, сега не одат.
Клучното прашање е дали Пендиков бил натепан затоа што се чувствува како Бугарин, односно дали овој криминален чин, е предизвикан од омраза на национална основа!

   

Според соопштението на Основното јавно обвинителство во Охрид, инцидентот започнал откако во кафеана едно лице му кажало на Пендиков „Не ли ти е срам да се пишеш Бугарин?“ и го удрило по главата, што укажува на физичко насилство од омраза, иако во некои македонски медиуми провејува информација дека Пендиков бил наркодилер против кој се водела постапка, што отвара сомнеж и за други мотиви за неговото претепување. Но засега, нема никаква официјална потврда од македонски институции, ниту дека против Пендиков се води постапка, нити пак дека има други мотиви за неговото претепување.
Исто така, министерот за надворешни работи на Бугарија Милков, изјави дека Пендиков, кој е на лекување во Софија, добива закани и откако е натепан.
На 21 јануари, пак, се одбележаа 83 години од носењето на „Законот за заштита на нацијата“. Овој закон го потпишува Цар Борис Трети, а со законот, меѓу другото, се уредува односот кон Евреите и нивниот имот, и со тоа се озаконува и официјализира антисемитска политика во Бугарија по примерот на Нирнбершките закони на нацистичка Германија, врз расистичка и фашистичка основа.

 

За ова нема никаков спор во ниту една комисија, колку и да има обиди за релативизација, затоа што станува збор за историски факти проверени од разни извори, а го има како потврда и во сите сериозни бугарски извори. Врз основа на овој закон, како што пишува во бугарски извори, се испратени илјадници Евреи во логорите на смртта од „новите територии на царството Бугарија“ (териториите што Бугарија ги има окупирано од Југославија и Грција заради сојузништвото со нацистичка Германија), а заради протести во самата Бугарија, Евреите од старите територии не се одведени во концентрациони логори.
Ако е јасно дека името на бугарскиот владетел Борис Трети е синоним за бугарската окупација на Македонија за време на Втората светска војна, и на сите злосторства извршени во тоа време, јасно е дека таквото именување на бугарскиот клуб во Охрид е чиста провокација и може да се протолкува како поттикнување на нетрпеливост и омраза.

   

     

Поттикнувањето на нетрпеливост и омраза потхранува и перпетуира друг говор на омраза како одговор, па така, уште при самото отворање на клубот во Охрид, се случи во атмосфера на протести и тензии. И тоа откако бугарскиот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“ беше запален.Нема дилема дека именувањата на бугарските клубови со личности од историјата кои се осведочени соработници на хитлеровска Германија се направени за да создадат дополнителни тензии, да предизвикаат нетрпеливост, страшен говор на омраза и инциденти. Палењето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, и претепувањето на секретарот на клубот од Охрид Пендиков, како Софија едвај да ги дочека. Затоа и веднаш беше испратен државен авион, со кој Пендиков итно е пренесен на лекување во Софија.

Бугарскиот министер за надворешни работи Милков, за време на посетата на неговиот колега од Македонија Бујар Османи, изјави и дека ваков тип на инциденти немаат место во Европа. „Тука сум да кажам „не“ на возобновувањето на оние црни традиции кои историски се врзуваат со Македонија, на палежи, стрелања и насилства врз луѓе“ изјави Милков. Оваа негова изјава во Македонија беше протолкувана како силен говор на омраза, а министерот за надворешни работи Османи беше прозван што ја одмолчи, и од медиумите и од опозицијата.
И, навистина е парадоксално Бугарија на македонска територија да ги велича Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, и да ги возобновува сеќавањета на окупација, стрелања, депортации, расизам, тортури и мачења, а историски да ја прозива Македонија за такво нешто?!?

Потоа, македонскиот министер за надворешни работи Османи, кој во неделата го посети повредениот Пендиков во Софија, изјави дека е дојден во Софија за да испрати порака дека „македонските институции ќе прават сè што е во нивна можност и надлежност, за да создадат атмосфера на нула толеранција кон провокации, насилства, навреди, кон било која заедница или народ во Македонија по однос на идентитетската и културната посебност“. Османи рече и дека се „создаваат механизми за следење на говорот на омраза и во бугарското и во македонското општество, и дека полека ќе се справиме со тоа“, но се чини дека изјавата добива призвук на гротеска, откако Милков со неговата изјава на самиот настан генерираше говор на омраза, кој натаму само дополнително беше потхрануван низ медиумите и социјалните мрежи.
Ситуацијата и натаму ќе се влошува. И во однос на бугарско-македонските односи, и во однос на атмосферата што се создава во двете општества, и во ескалацијата на говорот на омраза, и, за жал, и на насилствата. Затоа што не се преговара со добра волја, и затоа што суштинските проблеми не се вистински адресирани.

Бугарите се континуирано изненадени – од каде таа омраза на Македонците кон Бугарија и сè што е бугарско? Многу е просто. Заради навредите. Со тоа што Бугарија упорно одбива да ја признае посебноста на македонската нација и македонскиот јазик длабоко ги навредува Македонците. Ако официјална Софија ги признае нацијата, јазикот и елементарното право на самоопределување, ситуацијата веднаш драматично ќе деескалира. Тоа е чекорот кон искрена и реална основа за добрососетсво и пријателство. Тогаш никој ќе нема ништо против Бугарите да бидат дел од македонскиот Устав.
А во оваа ситуација, кога една држава не признава цела една нација, како може да очекува таа нација во сопствената држава да го уважува нивното малцинство? Треба и да се води сметка да се почитуваат чувствата на другиот. Ако Германија отвори клуб во Полска со името на Хајнрих Химлер, бездруго и таму ќе дојде до тензии, па потоа двете влади попусто ќе прават комисии и механизми за справување со говорот на омраза.
Ако не дојде до јасно адресирање на вистинските проблеми, и не се искаже добра волја во разговорите и низ практични чекори, министрите само ќе трчаат „да гаснат разни пожари“, а состојбите само дополнително ќе ескалираат. Изјавите на бугарските политичари во континуитет, тенденциозните именувања на клубовите, и постојаните провокации укажуваат на тоа дека Бугарија посакува таква атмосфера на ескалација. Би сакал да не сум во право, и праксата да ме демантира.

    

Најново

Николоски: На 8 мај потребна е масовна референдумска излезност за влада на ВМРО-ДПМНЕ која нема да е уценувана од никого, за СДСМ и ДУИ во опозиција

Sase Ivanovski

Стојаноска: Народот се обединува околу Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, се обврзуваме на Платформа 1198 која ќе донесе многу проекти, реформи и иднина за сите

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ имавме заробена држава, тогаш се затвораа медиуми, се тепаа студенти, никој не смееше да протестира

Sase Ivanovski

Изработен е мурал на објектот на Националната Установа Центар за Култура „Марко Цепенков“ во Прилеп

Sase Ivanovski

Апасиев: Доста ни е од веќе видени пратеници и од веќе видено гласање за помалото зло

Sase Ivanovski

ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ ЌЕ ГО РАСИПАТ ВИКЕНДОТ Во Скопје доаѓа краткотраен пороен дожд

Sase Ivanovski

Пендаровски од Охрид: Нашата заедничка кауза е напредна, среќна и просперитетна Македонија

Sase Ivanovski

Мицкоски до ДУИ и Ковачевски: Европски ли е кога Ахмети викаше УЧК во Скопје? И кога голобрадо момче кое случајно му е внук ја купува Соравија? Со СДС и ДУИ се подрива идејата за ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Битиќи: На 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите

Sase Ivanovski

Товарен брод десетти ден е насукан на брегот на полуостровот Истра во Хрватска, надлежните уверуваат дека засега нема загадување

Sase Ivanovski

Ковачевски: Jа внесовме Македонија во НАТО и донесовме тешки одлуки по 30 години да отпочнеме преговори со ЕУ. СДСМ е единствената политичка сила која знае како да го направи тоа

Sase Ivanovski

Ковачевски: Немојте да се плашите за иднината на Македонија и на СДСМ

Sase Ivanovski

Силјановска: По политичкиот земјотрес, очекувам политички вулкан

Sase Ivanovski

Битиќи: Премногу длабоки се лузните од ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните да му простат

Sase Ivanovski

(ФОКУС) Манипулации со спортски ваучери: Дали федерации и клубови враќале дел од донираните пари на фирмите ослободени од данок?!

Sase Ivanovski

Апасиев очекува над 80 илјади гласови и над 10 пратеници

Sase Ivanovski

ВИДЕО Наумоски: ВМРО-ДПМНЕ има мал раст на бројот на гласови, повеќе демотивривале да се гласа за СДСМ

Sase Ivanovski

Што содржел пропаднатиот мировен договор: Киев да гарантира неутралност, а Москва да не напаѓа

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

Sase Ivanovski

Ковачки: Се обврзуваме на изградба и реконструкција на улици во Виница, спортска сала и спортски терен, пречистителна станица за отпадни води, канализациони и водоводни мрежи и многу други проекти во Виница, гласајте за број 2 за ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Зачестија алергиите кај децата, загадениот воздух и индустриската храна главните причини

Sase Ivanovski

Мицкоски: СДСМ и ДУИ имаа две сценарија, прво, тивок бојкот за претседателските избори, второ, Ахмети добил бел лист од Ковачевски да напише што сака, ајде да ги спречиме со масовна излезност

Sase Ivanovski

По приемот на Косово во СЕ семејствата на исчезнатите ќе можат да ја тужат Србија, вели Вјоса Османи

Sase Ivanovski

Ковачевски: 27-ми април е крвав потсетник за владеењето на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Ќе бидам претседателка на сите и ќе се однесувам со почит кон граѓаните

Sase Ivanovski

Шкријељ: Пратениците државата да ја сакаат со ум, а не со насилство

Sase Ivanovski

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш, во тројка луѓето се вредни, чесни, достоинствени, тотална спортивност од криминалец како тебе, на 8 мај граѓаните ќе те збришат и пратат во опозиција

Sase Ivanovski

Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, полоша е само Бугарија

Sase Ivanovski

Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења

Sase Ivanovski

КУЌАТА СО КРЕДИТИ НЕ СЕ ОДРЖУВА, РЕЗУЛТАТОТ СЕ ВИДЕ НА 24 АПРИЛ Ахмети порача дека потребна е работа зошто така се обезбедува леб

Sase Ivanovski

Месиќ во Приштина: Голема Србија никогаш нема да има, Србија е само мала балканска држава

Sase Ivanovski

Отрови: Книги со арсеник во корицитe отстранети од Националната библиотека на Франција

Sase Ivanovski

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Sase Ivanovski

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите

Sase Ivanovski

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија 

Sase Ivanovski

Силјановска-Давкова во Дебар: Мојата победа е јасна

Sase Ivanovski

Ахмети од Кичево: Да дејствуваме до полноправно членство на земјата во ЕУ, како единствена алтернатива бидејќи немаме друг пат

Sase Ivanovski

На 27 април ВМРО-ДПМНЕ ја доведе Македонија на раб на граѓанска војна, вели Пендаровски

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски во Кавадарци, Неготино и Прилеп

Sase Ivanovski

Избори повеќе се губат отколку што се добиваат!

Sase Ivanovski

„Дневник“: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

Sase Ivanovski

Млад скопјанец пронајден починат во својот дом во Гази Баба

Sase Ivanovski

УЖАС: Силувана малолетничка од Струмичко

Sase Ivanovski

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

Sase Ivanovski

Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Sase Ivanovski

Бугарскиот “Флекс Кредит” ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Sase Ivanovski

На Партизанска се преврте автомобил

Sase Ivanovski

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Sase Ivanovski

Ковачки: Масовно да излеземе и да гласаме на 8 мај за да не дозволиме некој друг да ни ја крои судбината – за Македонија се работи

Sase Ivanovski

Мицкоски од Чешиново Облешево:Голема благодарност до целиот народ за постигнатиот резултат на 24 Април, сега сите масовно да излеземе на 8 мај и да гласаме за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова

Sase Ivanovski

Небојша Захариевски, носител на кандидатската листа во ИЕ 6 активности

Sase Ivanovski

СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има, масовна излезност за народот да си ја врати државата

Sase Ivanovski

105 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Соопштение до медиуми: КАКОВ ГРАД? Просторна интервенција, перформанс и музички настан во киното на Железничката зграда во Скопје

Sase Ivanovski

Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за Кочани за проекти, продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, реконструкција на железничката линија Кочани до Велес, изградба на катна гаража и старечки Дом

Sase Ivanovski

Николоски: Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, спортски објекти, поддршка за клубовите и федерациите, како и пониски даноци за домашните стопанства и привлекување на нови инвестиции

Sase Ivanovski

Сајкоски: Секоја година Битола од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе добива 11 милиони евра, затоа битолчани излезете на 8 мај за победа на ВМРО-ДПМНЕ и победа на Македонија

Sase Ivanovski

Стојаноска: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидува зголемување на паричната помош за потполно глувите лица за 20%

Sase Ivanovski

Мисајловски: За брзо започнува изградба на нова детска градинка во Стопански Двор, проект вреден 60 милиони денари

Sase Ivanovski

Ковачевски: Никогаш повторно режим, не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај

Sase Ivanovski

На 8 мај оваа криминална влада ќе се соочи со пораз, а кога веќе Спасовски се обидува да прави капитал на настаните од 27 април, нека каже дали спие мирно знаејќи дека луѓето издржуваат драконски казни за дела кои не ги направиле

Sase Ivanovski

Михаилоски: Не попуштивме. Застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир од слепилото на омразата и сеништето на работ на граѓанска војна., 27.04.2024

Sase Ivanovski

Бендевска: Во Битола во последните два дена зголемување на членството за 20%

Sase Ivanovski

Санела Шкријељ: Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина, 27.04.2024

Sase Ivanovski

Емил Јанески од Прилеп, Движењето ЗНАМ-За наша Македонија

Sase Ivanovski

Битиќи до жителите на Бутел: Резултатот е нула-нула, a на 8-ми мај заеднички одлучуваме за победникот

Sase Ivanovski

Таравари: ВЛЕН единствена албанска опција на 8ми мај, промената доаѓа

Sase Ivanovski

М-р Борче Серафимовски:ЗНАМ ќе ги поддржи младите во отворањето на сопствени бизниси

Sase Ivanovski

Лукаревска: И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, за сигурна и безбедна иднина, 27.04.2024

Sase Ivanovski

Снопче: Бројот 6 првиот совршен број, 6 точки на дигитализација зошто треба да се гласа за бројот 6!

Sase Ivanovski

О, душо моја

Sase Ivanovski

5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите

Sase Ivanovski

„ФЕРОГАО Е ВОЗОТ НА СМРТТА, ЌЕ ЈА УНИШТИ БРАЗИЛСКАТА ШУМА“ Бразилските домородци се противат на изградбата на железница

Sase Ivanovski

50 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СПОРТОТ, КЛУБОВИТЕ И ОБЈЕКТИТЕ Николоски објасни каде и како ќе се пласираат планираните средства

Sase Ivanovski

ДА ЗАПРЕ СИСТЕМАТСКОТО УНИШТУВАЊЕ, ЕКОЛОШКИОТ И УРБАНИСТИЧКИОТ ХАОС Еве што им порача Силјановска Давкова на жителите на Маврово

Sase Ivanovski

Во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград повредени две лица

Sase Ivanovski

Зеленски предупредува за нуклеарката Запорожје: Русија мора да ја отстапи, радијацијата не познава граници

Sase Ivanovski

Украина ги повлекува американските тенкови „Абрамс“ од првата борбена линија

Sase Ivanovski

Шојгу: Русија никогаш не би ги нападнала НАТО земјите

Sase Ivanovski

Грција воведува шестдневна работна недела

Sase Ivanovski
Вчитувам....