Премиерот Димитар Ковачевски вели дека е огорчен од начинот на кој лице кое е на црната листа на Соединетите Американски Држави ги поминало сите безбедносни проверки и добило македонско државјанство.Одговарајќи на новинарско прашање рече дека Агенцијата за национална безбедност мора да спроведе внатрешна истрага и да ја информира Владата на затворена седница бидејќи станува збор за сензитивни информации.
Штом ќе има извештај мора да има одговорност за тој пропуст, а за причините тоа ќе мора да го каже истрагата што треба да се спроведе, рече Ковачевски.