Дали сте за прекинување или поништување на договорот со Бугарија – вака според високи партиски извори во ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе гласи референдумското прашања кое вечерва треба да добие зелено светло од Извршниот комитет на најголемата опозицикска партија.
Според истите извори дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки ќе се решава вечерва.
Иницијативата со која ВМРО-ДПМНЕ ќе побара од Собранието отворање на канцелариите на ДИК за собирање 150 000 потписи се очекува неделава, а ќе биде поднесена со 100 потписи, меѓу кои и од раководството и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
По вечерашниот состанок на Извршниот комитет, изјава се очекува да даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.