Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во рамки на Караванот „Собрание за граѓаните”, што се реализира во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка” финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарската Амбасада, што се спроведува од Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за управување со промени (ЦУП), денеска ќе биде на плоштадот во Гостивар, град во Изборната единица од која што доаѓа и тој самиот.Како што најавија од кабинетот на Џафери, тој ќе разговара со граѓани кои ќе ја посетат наведената локација.