9.8 C
Скопје
04/05/2024 09:13
МАКТЕЛ

  

     

 

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 77 ГОДИНИ: Скопје било ослободено за два дена, најжестока била битката за хидроцентралата Матка, Германците ги минирале сите значајни објекти и мостови во Скопје, Планот бил да се направи обрач околу Германците

      

Битката за ослободување на Скопје, претставувала многу сложена операција, бидејќи за да биде успешна од голема важност биле успесите на партизанските бригади во битките во другите градови. Крајна цел била да се поврзат 50та дивизија која била во реонот на Штип со 42та дивизија која била на Сува Гора, за да можат заедно да нападнат во Скопје. 50та дивизија незначително задоцнила (еден ден) на позицијата за нивно спојување, во реонот на Велес. Нивното доцнење се должело на силниот отпор кој го дале Германците во реонот на Штип, каде 5та бугарска дивизија воопшто не учествувала како што било договорено и планирано, туку пасивно ги запоседнале позициите кај Злетовска Река, без да учествуваат во битките за ослободување на Штип и реонот околу градот.

   

Со вакви предуслови, ослободувањето на Скопје останало да се изврши со пешадија и улични борби (без употреба на артилерија) кои зависеле исклучиво од храброста и моралот на македонските војници. Во борбите за Скопје заробени биле голем број Германци како и нивното вооружување (топови од разни калибри, митралези и најразновидна техника).

Германците ги минирале сите значајни објекти и мостови во Скопје

 

Во Качаничката Клисура дејствувала Шеснаесеттата македонска ударна бригада која секојдневно била во судир со балистите и Германците (бригадата Angel miller) на комуникацијата Скопје – Качаник.

   

     

Скопје главно било окупирано од 22та пешадиска дивизија со 47от и 65от германски полк, некои делови од 11та воздухопловна полска дивизија, како и помали единици и борци од армиската група Е. Поголемиот дел на германските сили биле распоредени на десниот брег на реката Вардар, а нивните помошни сили од спротивната страна во реонот на денешната населба Гази Баба и индустрискиот дел на градот во тоа време. Сите објекти во кои биле позиционирани германските сили биле опколени со бодликави жици, била поставена кружна одбрана и минирани пристапи до самите објекти.

Германците ги имале минирано сите значајни објекти како што биле: зградата на Железничката станица, Кранговата палата, палата Бановина (зградата на Претседателството), дирекцијата на полицијата, Народната банка, домот на армијата, учителската школа и неколку други згради крај кејот на Вардар, вклучувајќи ги и сите мостови во градот. Германците имале поставено и надворешна одбранбена зона на линијата Горно Лисиче-Кисела Вода-гребенот на Карлијак, како и во населбата Ѓорче Петров.

Планот бил да се направи обрач околу Германците

41та дивизија добила задача да го обезбедува реонот Градско-Криволак-Кавадарци-Плетвар, а со тоа да ја штити заднината по долината на Вардар и дејствувањето на 49та дивизија во правец на Битола, како и операциите на 42та и 50та дивизија во нивните битки за ослободување на Скопје.

Планот бил да се спојат 42та со 50та дивизија и заедно да нападнат на Скопје. За таа цел морале да бидат најпрво ослободени Штип и Велес. Планот бил 42та дивизија со две бригади (третата и дванаесеттата македонска ударна бригада) да напаѓа од југ преку Карлијак, дел од нив да нападнат во Ѓорче Петров и по секоја цена да ги заземат мостовите и да се онеспособи непријателот да ги уништи.

50та дивизија и 8та бригада од 42та дивизија требало да нападнат по левиот брег по долината на Вардар, во источниот дел на Скопје, за подоцна во содејство со Шеснаесеттата македонска ударна бригада да го заземат северниот дел на градот. Планот бил да се создаде обрач околу градот и би се дејствувало кон спасување на веќе минираните мостови во самиот град.

Во крајната етапа, планот бил сите ударни младински групи кои биле организирани во самиот град, веднаш да почнат улични борби против непријателот и да се помогне во лоцирање и водење на партизаните кои би навлегле во градот. Бидејќи артилериското одделение на 42та дивизија останало на реонот на Велес, морало да се изврши силен изненадувачки напад на сите окупаторски позиции во градот со пешадиски структури.

Бугарската дивизија била целосна пасивна и добила наредба да се врати во Бугарија

Прогласот со кој се објавува дека Скопје е ослободено од страна на 42 македонска дивизија и македонските единици.

42та дивизија направила марш до селото Количани (јужно од Скопје), каде што стигнала истата вечер. 50та дивизија и 8та бригада на 42та дивизија направиле краток продор кон Скопје, со цел да се притиснат Германските позиции кон Катланово. За време на акцијата за ослободување на Штип, 5та бугарска дивизија  тоела наполно пасивна, одморајќи се кај Злетовска Река, а дури откако бил ослободен градот Велес тргнала на пат кон Скопје и ноќта помеѓу 13 и 14 ноември со наредба од Главниот штаб, им било наредено да си се вратат назад за Бугарија, уште пред да стигне целата дивизија во Катланово.

Извештајот издаден од Штабот на брегалничко-струмичкиот корпус од 24 октомври ја потврдува неактивноста на бугарската армија и во кочанскиот крај:

„Бугарските сили се целосно неактивни во кочанскиот сектор. Германците се на линијата Тракањe-Теранци. Бугарите и тука се неактивни. Тие не го извршуваат договорениот план за заедничко дејствување, затоа доцнат во борбата или воопшто не ни учествуваат.“

Од кумановскиот терен, повторно поради нерешителност на бугарската армија, која не го затворила обрачот околу градот како што им било наредено, голем дел од германските сили ноќта помеѓу 10 и 11 ноември се префрлиле во правец на Скопје.

42та дивизија се приближила кон Карлијак и почнала со напади на надворешната германска одбрана на Скопје. Третата македонска ударна бригада со главните сили напаѓала преку селото Сопиште на Кисела Вода, а другиот баталјон во реонот на Горно Лисиче. Дванаесеттата бригада со главните сили напаѓала на Крстовар, еден баталјон напаѓал на Бел Камен и со тоа до доцна вечерта македонските партизани успеале да завладеат целата линија Горно Лисиче-Кисела Вода-Крстовар-Бел Камен.

50та дивизија и 8та бригада на 42та дивизија, истиот ден извршиле напад на реката Пчиња, го зазеле Катланово, каде Германците успеале да го срушат мостот на реката. Македонските партизани до ноќта пробиле до селата Петровец – Катланово, спремни да го продолжат ослободителниот марш кон градот Скопје.

Скопје било ослободено за два дена

Утрото на 12 ноември почнале првите борби во самиот град на неговата јужна страна. Овие напади ги извршила 42та дивизија, додека паралелно со неа од правецот на Кисела Вода со силен напад, влегла Третата македонска ударна бригада, заземајќи стратешки згради и потиснувајќи ги Германците кои се прегрупирале во веќе запоседнати згради во центарот на градот. Истиот ден (12 ноември, македонските броци – биле стигнати до самите згради, крај кејот на Вардар.

Делови од Дванаесеттата и Третата македонска ударна бригада ја блокирале железничката станица и почнале борба за самата зграда, како и за Кранговата палата (која се наоѓала во нејзина близина). Главницата на Дванаесеттата македонска ударна бригада ги нападнала зградите на Учителската школа и Поштата. Дел од Дванаесеттата бригада се упатил кон денешната населба Ѓорче Петров (тогашно Ханриево).

Прогласот за ослободувањето на Скопје 

Во овие улични борби значајна улога одиграла скопската младина која веднаш странично ги нападнала сите утврдени германски позиции и ги водела македонските борци до сите за нив добро познати германски упоришта низ градот. 50та дивизија и осмата бригада со извесно задоцнување претпладне на 12 ноември почнале напад на германската одбрана во источниот дел од градот (реонот на Гази Баба и индустриската зона)

Паралелно со нив во текот на 11 и 12 ноември Шеснаесеттата македoнска ударна бригада, ги нападнала албанските балистички групи на Скопска Црна Гора, а во попладневните часови веќе ги напаѓале касарните во кои биле сместени германските војски. Германските сили кои биле стационирани во северниот и во северно-источниот дел на градот успеале да се извлечат од градот и да се упатат кон Качаничката Клисура. Најсилни упоришта на Германците останале Учителската школа и Поштата кои доцна во ноќта на 13 ноември биле заземени од на македонските борци. Во учителската школа биле заробени 86 германски војници. Целата ноќ од 13 кон 14 ноември како и целиот 14 ноември вршени се чистки на целиот терен од преостанати германски единици.

Битката за Скопје била извршена со голем успех бидејќи биле спасени сите мостови во градот и зградите кои биле минирани. Германските единици успеале да ги срушат железничките мостови во Скопје и во Ханриево (денешна населба Ѓорче Петров), едно крило од зградата на Железничката станица, а нешто подоцна од непронајдена мина била оштетена и зградата на Народната банка.

Битката за хидроцентралата Матка

Еден баталјон од Дванаесеттата македонска ударна бригада по заземањето на Бел Камен, продолжил да води жестоки битки во реонот на селото Матка, каде германските инженерски единици имале план да ја минираат и разурнат браната Матка. Со огромна пожртвуваност на оваа бригада потпомогнати од месното население успеале да ги разбијат албанските балисти и Германци, а со тоа ја обезбедиле ХЕ „Матка“, како и градот Скопје.

Во овие борби кај ХЕ „Матка“ загинале: Никола Георгиевски, Никола Јаневски, Драгољуб Анчевски, Драган Јакимовски, Николо Маладини, Иван Колосенко, Бранко Тодоровски, Александар Спасовски, Александар Костадиновски, Илјаз Салиев и Васил Калановски. Во нивна чест е изграден споменик кој се посетува на 9 мај Денот на победата над фашизмот.

На овој ден покрај македонската делегација, свежо цвеќе положува и руска делегација, оддавајќи почит кон македонските борци, но и кон нивниот сограѓанин Иван Колосенко кој загинал во тие битки.

Жестоки судири имало и на 14 ноември

Откако Скопје било заземено од македонските партизани, утрото на 14 ноември продолжени се чистките на непријателот. 42та дивизија на Шеснаесеттата македонска ударна бригада се дала во потера кон последните германски сили кои се повлекувале во правецот Скопје-Качаник, а друга бригада по долината на Вардар кон Хромовите рудници на Радуша.

Додека 50та дивизија ги гонела кон правецот Скопје-Групчин-Тетово. Најжестоки судири на 14 ноември се одиграле на линијата на селата Орман, Ново Село, Оризари, Глумово и Матка. На овие позиции албанските балисти заедно со германците извршиле неколку против-напади. Македонската војска успеала да ги издржи сите нивни напади и да продолжи да ги протерува во правците кон Качаник и Тетово.

Осум жени меѓу загинатите борци

Во борбите за Скопје загинале 426 борци. Од нив 8 се жени. а 418 се мажи. Бројот на цивилните жртви не е претставен во оваа бројка.

Се смета дека последните стрелани скопјани се деветтемина стрелани во близина на Камениот мост од страна на германскиот окупатор: Драган Јакимов, Дончо Андонов, Јордан Јакимов, Перо Јовановиќ, Пантелеј Давчев, Перо Червеников, Светислав Ѓуриќ, Фоки Владимиров и Христо Kараџа. Во нивна чест е подигнат и споменик во близина на Камениот мост во Скопје.

Бугарски искривувања на историјата

Како што забележал генералот Апостолски, само 5 дена после битката за Скопје, одредени бугарски историчари пробале да ја извртат историјата, пробувајќи да вметнат бугарски заслуги за ослободување на градот Скопје, за кој генералот Апостолски, како и многу други преживеани борци потврдуваат дека бугарски војници не само што не учествувале во битките за ослободување за Скопје, туку не биле вклучени во ниту еден од направените воени планови.

Радио Софија, секојдневно ширела дезинформации низ бугарските медиуми како нивните војски играат ослободителна улога во Македонија. Ова со гнев го увидел генералот Апостолски, кој тогаш издал наредба, со која им се забранило воопшто да влезат во Скопје, а не пак да парадираат. На оние кои се појавиле откако битките завршиле им било дозволено од генералот Апостолски да се одморат во касарните и да се вратат назад во Бугарија, без никакво право да парадираат на улиците на слободниот град Скопје.

„Набргу по нивното заминување, кај мене дојде еден командант на полк и ми рече дека сакале да одржат парада во Скопје. Во меѓувреме, влегле и некои единици во индустрискиот дел на градот. Ваквото барање и доаѓањето на некои нивни единици во градот, кај мене предизвикаа голем револт и лутина. Веднаш им реков дека нема да можат да одржат никаква парада во Скопје, зашто парада одржува само оној што се борел за Скопје, а тие пушка не пукнале за неговото ослободување. Им наредив веднаш да го напуштат градот“, сведочи генералот Михајло Апостолски.

Сведоштвото на генералот Боро Чушкар за тоа како е спречена бугарската парада во Скопје

Најјасни податоци за овој чин дава Боро Чушкар, провоборец и генерал, во неговите мемоари и сеќавања. Тој го потврдува фактот за манипулацијата на Радио Софија, која на големо ги манипулирала бугарските граѓани дека генералот Стојчев лично го ослободил Скопје.

„Стигнавме кај Железничката станица во последна минута. Бугарските осмореди само што не беа тргнати по главната улица на параден марш. Рипнавме од коњот и Ѓуро и јас. Му пријдовме на најстариот по чин офицер. Беше тоа командант на дивизијата, а по чин беше – генерал мајор. Сув, слабичок и некако жолт, како лимон.

Отидов и го прашав: „Знаеш ли дека ова не е царска Бугарија? Знаеш ли ти, генерале, дека се наоѓаш во Југославија? Знаеш ли ти дека војуваме против вас четири години? Да ви ја ебам мајката фашистичка! Знаеш ли ти, ѓубре едно бугарско, ако направите уште еден единствен чекор кон градот, дека ќе наредам да се пука кон вас од сите оружја и орудија што ги има во градот!?

Се влечете како лешинари по нас и јавувате по радио како ја „ослободувате Македонија!? Каде вие испаливте куршум за ослободување на Велес и на Скопје, да ви ебам мајката! Што ви дава за право така гадно и подло да се лажете себеси и светската јавност!? Сместа во овој момент ќе им наредите на војската да се сврти на лево круг и сите да се вратите во касарните од каде и дојдовте. Дали разбравте, генерале? Со нас шали ќе нема!“, му реков нему, а кога завршив, видов дека сè уште го држам за градите како детска играчка.

Тој цело време трепереше како штиклица. На крајот, сепак, отсечно рече „Јасно другар. Но јас не сум виновен. Таква наредба добив“.

Тогаш јас повторно викнав „Да им ебам мајката на оние што ти дале наредба за ова. Наредби они можат да дадат за изведување вежби во касарните каде ве примивме како гости, а не да ми се маате и парадирате по градот. За тоа само ние можеме да дадеме одобрување, а не твојата посрана влада од Софија. Дали сега ти е јасно?“, го прашав.

„Сичко ми е јасно“, рече тој. Тогаш тој престрашен генерал со сув глас нареди круг на лево, и се вратија, сведочи Чушкар.

Ако им се дозволела парадата, денес ќе имавме поголеми проблеми

Борецот Трајко Стаматовски, исто така, потврдил дека ослободувањето на Скопје е дело на македонските борци и партизани. Потегот на генералот Апостолски да не им се дозволи парадирање на бугарската армија (бидејќи не учествувале во битките за слобода на Скопје), според него одиграл важна улога и за денешно време.

Изненаден од тоа што Бугарија и во модерно време пробува да ја извртува и манипулира историјата за овој настан, тој сметал дека ако тогаш им се дозволело да парадираат, дека денес Македонија ќе имала многу поголеми проблеми, објаснувајќи се со бугарската историографија.

    

Најново

Каде се парите? Бранко Азески: Политиката само го слуша бизнисот, но ништо не спроведува

Sase Ivanovski

Децата се отуѓуваат од нас поради застарен систем – разведени бараат нов концепт на родителство

Sase Ivanovski

Изборите во С. Македонија и геополитичката слепост на ЕУ

Sase Ivanovski

МОК на чело со Димевски врти 1,5 милион евра годишно и влече екстра приходи од „Јане Сандански“!

Sase Ivanovski

СТОЈАНЧЕ МУ НАЦРТА ЦРТЕЖ НА ОСМАНИ Ангелов сликовито му објасни на Бујар како стојат работите во Македонија

Sase Ivanovski

ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ И АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН РОДИТЕЛИТЕ Уапсен 19-годишен охриѓанец!

Sase Ivanovski

ВО ЧАИР НАПАДНАТО ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО Петмина скопјани им влегле дома и ги претепале

Sase Ivanovski

Поради трговскиот бојкот на Турција, Израел поднесе жалба до ОЕЦД

Sase Ivanovski

Стејт департмент: Русија ја прекрши меѓународната забрана за хемиско оружје во војната во Украина – што вели Кремљ

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Коалицијата „Вреди“ во центарот на Тетово со кафе почестија членови на „ЗНАМ“

Sase Ivanovski

Русија: Ќе има „разорна одмазда“ доколку Украина го нападне мостот на Крим

Sase Ivanovski

Песков: Без учество на Русија не ја гледаме поентата на одржување на мировна конференција

Sase Ivanovski

На Хутите на мета им се сите бродови што се упатуваат кон израелските пристаништа

Sase Ivanovski

Хрватска е најголем фаворит за победа на Евровизија: Бејби Лазања се искачи на првото место на обложувалниците

Sase Ivanovski

Зеленски: Украина се соочува со „нова фаза“ на општа руска војна

Sase Ivanovski

Се повеќе украински бегалци не сакаат да се вратат дома

Sase Ivanovski

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката од граѓаните за работите да не бидат како досега

Sase Ivanovski

Гаши: ДУИ веќе не може да се повикува како претставник на Албанците

Sase Ivanovski

Албинизам, мицкоизам, бадентеризам…

Sase Ivanovski

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат 49 или повеќе часа неделно

Sase Ivanovski

Зошто масовните убиства не ја променија Србија?

Sase Ivanovski

Лукаревска: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад туку да продолжиме да работиме за просперитетна држава за сите

Sase Ivanovski

Битиќи: Цврсто да ја држиме заедничката визија за европска Македонија

Sase Ivanovski

Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден

Sase Ivanovski

Бербок ја обвини Русија за сајбер напад врз Германија

Sase Ivanovski

Ковачевски: На 8-ми мај да го спречиме ВМРО повторно да го донесе режимот

Sase Ivanovski

Ковачевски за Сител: СДСМ е потребна во Собранието за да продолжат реформските и прогресивните политики,нема да се откажеме од европската иднина 

Sase Ivanovski

Ковачевски: Најлесно е да се гласа ПРОТИВ, само со глас ЗА може да одиме напред кон просперитет

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

Sase Ivanovski

Маричиќ-Стевановиќ: На Собранието му требаат современи патриоти и борци за еднаквост, права и слободи

Sase Ivanovski

Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Симеонов: Време е да се формира здравствен систем кој што ќе биде функционален и кој што ќе биде во интерес за сите граѓани во Македонија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“, обвинителството веднаш да постапи

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Ќе формираме тело коешто ќе ги проверува трансакциите на функционерите, судиите, јавните обвинители – секој што работи спротивно на закон ќе одговара

Sase Ivanovski

Ковачевски: Одредени кадровски решенија и однесувањето на дел од коалиционите партнери во Владата влијаеја да имаме таков изборен резултат

Sase Ivanovski

ЗОШТО МАКЕДОНЦИТЕ ВОЗАТ КАКО ДА НЕ ИМ СЕ ЖИВЕЕ?! Целосно уништен еден од автомобилите во сообраќајката во која загинаа две лица на магистралниот пат Радовиш-Штип

Sase Ivanovski

Ахмети: Касами на 8 мај ќе добие класичен нокаут

Sase Ivanovski

Битиќи: Соживотот и солидарноста се основи на прогресот на нашето општество

Sase Ivanovski

Ковачевски: Да испратиме јасна порака дека во Македонија има прогресивни луѓе кои сакаат европска иднина, а не враќање во минатото

Sase Ivanovski

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина, за држава во која ќе сакаат да останат вашите деца

Sase Ivanovski

Лукаревска од Кочани: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат, нема ниту една добра причина за да се откажеме од добра иднина

Sase Ivanovski

Лукаревска: Ако биде сопрен патот кон ЕУ, најголем губитник ќе биде државата

Sase Ivanovski

Камерон во Киев преговара за „стогодишно партнерство“ со Украина

Sase Ivanovski

ПРОРУСКИОТ ПРЕМИЕР НА ГРУЗИЈА ГИ ОБВИНИ САД ДЕКА ПРАВАТ ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ВО ГРУЗИЈА ЗА СОБОРУВАЊЕ НА ВЛАДАТА

Sase Ivanovski

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери, Приведен крадец во Гостивар, следува соодветна пријава, Претрес во Битола, приведен дилер

Sase Ivanovski

100 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Премиерот Џафери на отворањето на Националната установа Музички ансамбл на Република Северна Македонија – Тетово: Северна Македонија, европска земја со европски вредности и стандарди за сите граѓани

Sase Ivanovski

ДОБРИЛА АНДОНОВСКА ОД ГРОМ: Предлагаме да пакетот за социјална помош биде загарантирани 18.000 денари, тоа ни е во однос на труд и социјала и повторно да ги спомнам тука изградба на старски домови и геријатриски центри во сите градови коишто ќе бидат во склоп на постоечките болници кои имаат испразнети капацитети

Sase Ivanovski

СРБИТЕ ЌЕ ГРАДАТ НОВ СТАДИОН ВО БЕЛГРАД, ЌЕ СЕ ВИКА НАЦИОНАЛЕН СТАДИОН, ВУЧИЌ ВЕТУВА ДЕКА НА НЕГО ВО 2028МА ЌЕ СЕ ИГРА ФИНАЛЕТО НА ЛИГА ЕВРОПА

Sase Ivanovski

ФУРКАН САЛИУ: Господ нека ни е на помош ако професорката стане Претседател. Секој чест за нејзината кариера како професор, но изгледа ќе го бараме Хорхе после некој месец

Sase Ivanovski

УТРЕВЕЧЕР ПОЛОВИНА СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНО Еве каде ќе се празнува Велигден, автомобилите оставете ги дома

Sase Ivanovski

НЕВООБИЧАЕНА СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ Куче паднало во шахта и изгризало кабли за интернет на поликлиника, еве како е решен случајот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И ГРУЗИЈЦИТЕ ГИ ЈАДЕ НЕКОЕ РЕБРО, САКААТ РУСКИ БОМБИ ДА ИМ ЛЕТААТ ВРЗ ГЛАВА

Sase Ivanovski

Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата против поранешен директор на ЈП Пазари Битола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: ВО ВИЛАТА ВОДНО НЕМА МИР И СПОКОЈ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ОД САБАЈЛЕ ДО ВЕЧЕР САМО СОСТАНОЦИ И НОСЕЊЕ ОДЛУКИ

Sase Ivanovski

„МАКЕДОНИЈА Е СЀ ШТО ИМАМЕ“ 107 години од раѓањето на Киро Глигоров, првиот претседател на Македонија

Sase Ivanovski

„Репортери без граници“: Македонија со скок од две места во најновиот извештај за слободата на медиумите

Sase Ivanovski

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ РАДОВИШ-ШТИП Две лица загинаа, а едно со потешки повреди е пренесено во болница

Sase Ivanovski

Мицкоски: Владини функционери се обидувале да поткупуваат граѓани и во верски објект

Sase Ivanovski

Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАНДАТ ЗА СОСТАВ НА ВЛАДАТА ДОБИВА КАНДИДАТОТ НА ПАРТИЈАТА (ПАРТИИТЕ) КОЈА ИМА МНОЗИНСТВО

Sase Ivanovski

Николоски: Зошто Груби толку силно притискаше за Законот за игри на среќа?

Sase Ivanovski

Руските сили влегоа во база со американски војници во Нигер

Sase Ivanovski

Забрчанец: Никогаш не сме имале поголема медиумска слобода

Sase Ivanovski

Меџити: Ахмети му вети поддршка на Пендаровски, но организира бојкот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХИСТЕРИЈАТА ЗА ПРОМАЈАТА СМЕ ЈА НАСЛЕДИЛЕ ОД СТАРИТЕ РИМЈАНИ

Sase Ivanovski

Петковски: ВМРО и ДУИ се велемајстори за национализам, мислам ќе направат влада

Sase Ivanovski

БРАВО СДСМ И ДУИ, ЗА ОВА ЗАСЛУЖУВАТЕ ГОЛЕМО БРАВО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗБОРНИОТ СПОТ НА ТВОЈА ПАРТИЈА Е КАКО ПРИКАЗНА НА ДИЗНИ ОД АЛИ ЕКСПРЕС

Sase Ivanovski

Меџити до Османи: Не се грижи, идната влада ќе биде стабилна без ДУИ и Левица!

Sase Ivanovski

Црвенковски одлучи да се затвори дома и да пати, вели Петковски

Sase Ivanovski

Апасиев: Спикерското место во Парламентот е моќна позиција, не за џабе Груевски не го даде

Sase Ivanovski

Штип одбележа 23 години од загинувањето на Димитар Двојаковски и Влатко Петров

Sase Ivanovski

Маричиќ: Создадовме услови за слобода на медиумите, Северна Македонија прворангирана од земјите во регионот

Sase Ivanovski

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми

Sase Ivanovski

Македонија е најдобро рангирана во регионот според Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

3 мај светски ден на медиумите

Sase Ivanovski

Повторно отворен мостот “Беласица”

Sase Ivanovski

ПОПУЛИЗМОТ Е КАНЦЕР ВО ДЕМОКРАТСКИТЕ ДРЖАВИ – Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Sase Ivanovski

Меџити одговора на иронијата на Ахмети: Никој не е недопирлив

Sase Ivanovski
Вчитувам....