-Тоа е целосно контрадикторно со политиката на ЕК. Ние во рамки на Берлинскиот процес само што потпишавме договор шесте земји – членки за движење со лични карти во регионот, така што трендот е спротивен од воведување на визи. Ние сега не само со Косово, со БиХ, со Црна Гора, со Србија нема потреба ни пасош да вадиме, а целта е на крај целосно овој регион да влезе во рамки на слободното движење на граѓани, изјави Османи.Министерот за надворешни работи одговарајќи на новинарско прашање ги отфрли тврдењата за одземање на визната либерализација на Северна Македонија. Османи кажа дека ќе се работи на дополнителни ослободување во односите со ЕУ.