23.8 C
Скопје
02/05/2024 17:41
МАКТЕЛ

  

     

 

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

      

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО.Воедно, претседателот Пендаровски ја проследи проекцијата и на анимираниот филм „Грозомор“според истоимената песна на Ацо Шопов инспирирана од скопскиот земјотрес во 1963 година. Во рамки на чествувањето на јубилејот претседателот Пендаровски ќе ја посети изложбата „Патот по кој чекорам“ за творечкиот пат на Ацо Шопов проследена со перформансот „Треба да бидеме подобри“.

   

Меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов „Поезија: творештво, препев и оптек на делата на јазиците од помалите говорни подрачја“ е во организација на МАНУ и Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија”. Со денешните настани во Париз на Светскиот ден на поезијата – 21 март, покрај чествување на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, се одбележуваат и 30 години од македонското членство во УНЕСКО.

 

Почитувана г-ѓа Азуле, Генерален директор на УНЕСКО,
Ценети екселенции,
Дами и господа,
Денеска, на Светскиот ден на поезијата, тука, во Париз, прославуваме два големи јубилеи – 100 години од раѓањето на знаменитиот македонски поет Ацо Шопов и 30 години од македонското членство во УНЕСКО.

   

     

Овие исклучително значајни пунктови во нашиот социо-културен развој нѐ потсетуваат дека задачата на уметникот отсекогаш била да поставува критички прашања во светот и за светот и времето во кое живее. Книжевниот корпус на нашиот великан Ацо Шопов е парадигма за тоа дека поезијата и севкупната уметност, не припаѓа само на естетското, туку е длабоко вкоренето во етичкото и хуманото.

„Дали ова време што го живееме и чии граници човештвото ги раширува фантастично смело и фантастично брзо, не е и време што ја убива поезијата?“ Ова е време на „научни достигнувања што ја оставаат зад себе и најсмелата и најбогатата фантазија“, време на технички чуда и „роботи што можат за неколку мига да напишат песна што ќе ги задоволи сите естетски барања. Дали нашето време е мртво за поезија, или пак таа е мртва за него?“

Со овие зборови Ацо Шопов ги отвори првите Струшки вечери на поезијата во далечната 1962 година. Далечна, а, сепак блиска затоа што додека зборуваме, алгоритмите на вештачката интелигенција веќе генерираат текстови што ги имитираат големите книжевници. Шумот на социјалните мрежи и медиуми ја нарушува тишината неопходна за уметничко промислување и согледување на светот.

И како и во времето на Шопов, некои сметаат дека научниот и технолошкиот напредок и современите предизвици ја истиснуваат човековата потреба да создава поезија. Значењето на слободата, правдата и демократијата како клучни човекови достигнувања стануваат жртви на војната, вклучително и онаа во Украина. И денес, распнат меѓу многубројни стравови, кризи и војни, светот „морничаво настојува да се најде себеси.“

Затоа, и ние, како и Шопов, сме соочени со дилемата: Дали нашето време е мртво за поезија? Чуму ни се поетите и уметноста? Одговорот би можеле да го бараме во животот и творештвото на Ацо Шопов. Иако најважните пораки во неговата поезија не се експлицитно кажани, туку се имплицитно сугерирани, сепак можеме да препознаеме неколку клучни параметри.

Првата поетска вертикала на Шопов е слободата. За време на Втората светска војна, како партизан учествуваше во создавањето на современата македонска држава, а потоа, како поет се вгради во темелите на современата македонска книжевност. Неговото име е врзано со почетоците на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонската академија на науките и уметностите. Ацо Шопов е еден од основачите и прв претседател на Струшките вечери на поезијата како наша прва и до ден-денешен жива поетска република.

За Шопов, поезијата помага во исцртување на контурите на човековата иднина како „огромно поле за слободно манифестирање на сите негови духовни способности во постојан натпревар со себе си и со другите.“ Според него, поезијата не е само естетско доживување, туку и „конкретен активен однос и етички став кон битните проблеми на животот.“ Како свест и совест на општеството, „поетот не смее да молчи“ пред системските неправди. Со моќта на зборот поетот треба контракултурно, па дури и субверзивно, да критикува и да еманципира.

Втората поетска вертикала на Шопов е еднаквоста. Во време кога нееднаквоста меѓу глобалниот север и југ се зголемува, се проширува, поезијата има улога на еквилибриум. „Во поезијата нема високо и средно развиени земји и земји во развој,“ велеше Шопов. Поезијата им дава еднакво достоинство на различните. Самиот еднаш истакна дека „на големите литературни региони не им е сеедно како се однесуваат кон нив малите … литературни средини“ со нивните нови и свежи видици. А,токму Ацо Шопов е еден од неколкуте поети со кои македонската книжевност ја задолжи и европската и светската култура.

Третата поетска вертикала е човечноста. Ацо Шопов исцрта широк поетски круг во кој има доволно место за сѐ што е хумано. Поаѓајќи од идејата дека „најдолг и најтежок е патот до човекот“, Шопов веруваше во магичната моќ на поезијата да го очовечува животот. Никој не се чувствува како туѓинец во неговата лирика бидејќи тој зборува за човечките болки, страдања и надежи.

Како амбасадор во Сенегал, Ацо Шопов се увери дека „зад секој национален и регионален симбол се крие човекот“ и дека запознавајќи ги другите, полесно и побргу се запознава себеси и својата татковина. Шопов во националната поезија препознава „свет со универзални димензии и универзално значење“, и разви космополитизам вкоренет во татковината и родољубие насочено кон светот. Само поети како Ацо Шопов и неговиот франкофонски брат, Леополд Седар Сенгор, можат да се „нурнат во неизмерните длабини на душата и духовниот свет на својот роден крај и од него да излезат со пораки за човештвото.“ Затоа Шопов можеше со полно право да каже: „за мене светот е татковината, а татковината светот“.

Но, за овие три вертикали на слободата, еднаквоста и човечноста да не бидат сведени на убави желби, потребно е уште нешто. А тоа е сочувствување со страдањата на светот. И повторно Шопов ни го покажува патот затоа што тој секогаш настојувал светот и настаните околу него да ги доживува како лична судбина и да се идентификува со нив. Но, освен што со длабока емпатија ги доживува оние кои се маргинализирани, Шопов се чувствува одговорен кон нив и да ги застапува. Токму поистоветувањето со немоќните му дава сила да не молчи пред општествените и системските неправди и преку силата на зборовите да ја менува реалноста.

Дами и господа,
Имајќи ги во мислите трите вертикали во поетскиот опус на Шопов, на крајот повторно се враќаме на дилемата: дали нашето време е навистина мртво за поезијата?
Токму тука, во Париз, во 1977 година, седејќи во едно бистро спроти Операта, опкружен со млади луѓе од целиот свет, Ацо Шопов го слушнал нестивнатиот глас на Париската комуна. Слушајќи го нивниот џагор, тој размилувал за визијата за една „светска комуна“, како заедница на млади луѓе од секој јазик и култура обединети во борбата за слобода, еднаквост и братство меѓу луѓето и меѓу народите.

Еден од клучните двигатели на таа визија е УНЕСКО, кое пред 20 години ја воспостави наградата „Мостови на Струга“ за најдобра збирка од поет-дебитант од светот. Тоа е дел од она што Шопов го нарече „општокултурен фронт за афирмација на сопствените културни вредности и за прифаќање на сите творечки дострели до кој се извишил човечкиот дух денес во светот.“ На тој начин, Струшкиот фестивал, со помош на УНЕСКО израсна во вистинска и цврста врска меѓу поетите од целиот свет.

Драги пријатели,
Во една прилика Ацо Шопов истакна дека „поезијата е една од најсуштинските човекови одредби, нешто што историски се раѓа и живее со него па затоа нејзиното одречување значи одречување на човекот како човек.“ И со тоа самиот ни ја разреши дилемата. На нашето време поезијата му е потребна повеќе од било кога порано.
Ви благодарам.

    

Најново

СИЛЈАНОВСКА И ПЕНДАРОВСКИ НЕ СЕ ПРОТИВ ИСТОПОЛОВИ ПАРТНЕРСТВА Имаат резерва дали треба да имаат потомство

Sase Ivanovski

„МИРИСА НА ПРОМЕНИ“ Мицкоски со семејството на 1 Мај во Мокриево

Sase Ivanovski

Спилберг му помага на Бајден во изборната кампања

Sase Ivanovski

Колумбискиот претседател најави прекин на дипломатските односи со Израел

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова на тв дебата со Пендаровски: Логично е опозицијата да се обединува кога има противник каква што е оваа власт!

Sase Ivanovski

Силјановска-Давкова ќе почитува, но нема да употребува Северна, за Пендаровски тоа е невозможно во меѓународните институции 01.05.2024 21:34

Sase Ivanovski

Ѓоковиќ запрен од Агут на мастерсот во Мајами

Sase Ivanovski

Загина 19-годишен возач во Србија, со автомобилот удрил во бетонски крст

Sase Ivanovski

Соопштение

Sase Ivanovski

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Sase Ivanovski

157 санкционирани возачи под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

СДСМ: Глас за СДСМ на 8-ми мај е глас за поголеми плати и унапредени работнички права.

Sase Ivanovski

ВМРО: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

Sase Ivanovski

34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола

Sase Ivanovski

ВМРО: Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес и нови 8 милиони евра за општината

Sase Ivanovski

ВМРО: Николоски: Соработка со Али Ахмети во било која варијанта, форма и начин нема да има

Sase Ivanovski

Пендаровски: Силјановска-Давкова призна дека имала фри шоп

Sase Ivanovski

ВМРО: Николоски: Четирите про опозициски кандидати за претседател до денес ја немаат поддржано Силјановска Давкова, тоа значи дека или немаат елементарно чувство за државата или свесно или несвесно работат за ДУИ и Али Ахмети

Sase Ivanovski

СДСМ: Со глас за СДСМ на 8 мај ги чуваме темелите на државата, демократските вредности и слободата

Sase Ivanovski

Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Почина таткото на Тоше Проески: Само еднаш се огласи во јавност по смртта на синот!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ И МЕНДИ ЌИРА СО РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НА ПОЛИСИТЕ ЗА АВТО ОДГОВОРНОСТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МЕНДИ ЌИРА ОД КОМОРА НА СЕВЕРОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА ДЕМАНТИРА ДЕКА ИМА БИЗНИСМЕНИ КОИ СЕ ПРОТИВ ВЛЕЗОТ ВО ЕУ

Sase Ivanovski

Ковачевски: Тој што не може да формира влада, значи изгубил на изборите

Sase Ivanovski

Ердоган: Неонацистичкиот тероризамво Европа достигна ниво што ја загрозува безбедноста на животот и имотот на нашиот народ

Sase Ivanovski

Али Ахмети стана „почесен граѓанин“ на Тирана

Sase Ivanovski

130 санкции за брзо возење

Sase Ivanovski

ДА ГИ НАДМИНЕМЕ ВНАТРЕШНИТЕ РАЗНОГЛАСИЈА И ПОДЕЛБИ Да ги зацврстиме единството и слогата, порача г.г. Стефан во Велигденското послание

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАД 1 МИЛИОН ГРУЗИЈЦИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПРОРУСКАТА ВЛАДА

Sase Ivanovski

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Sase Ivanovski

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Sase Ivanovski

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ 6 МИЛИОНИ ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ – во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

Sase Ivanovski

ВАЖНА ОДЛИКА ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА – Ќе се дели богата дивиденда, еве колку же изнесува по акција

Sase Ivanovski

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

Sase Ivanovski

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Sase Ivanovski

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Sase Ivanovski

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Sase Ivanovski

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Sase Ivanovski

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Sase Ivanovski

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Sase Ivanovski

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Sase Ivanovski

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ – Амар Мециновиќ: Левица нема да биде дел од Влада која ќе прифати уставни измени

Sase Ivanovski

Автобусите обезбедени, за гласачите од дијаспората не се знае

Sase Ivanovski

Зеленски: Украина во НАТО по победата во војната со Русија

Sase Ivanovski

Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“

Sase Ivanovski

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Sase Ivanovski

ВИДЕО: РУСИТЕ ЛАНСИРАА МИСТЕРИОЗНА РАКЕТА Новото оружје создало паника, на небото се појавиле чудни траги

Sase Ivanovski

ВИДЕО Американци и Русин ја лансираа ракетата на Маск кон Меѓународната вселенска станица

Sase Ivanovski

(Видео) Николов: За неполни два месеци во повеќе наврати на Хрватската граница утврдено е присуство на забранет пестицид во земјоделски производи од Македонија

Sase Ivanovski

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО – УЖАСЕН ТРЕНД ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА Деца се снимаат додека мачат и убиваат животни

Sase Ivanovski

КОЈ ЧУВА ПАПАГАЛ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ! Смртоносна папагалска треска се шири во Европа

Sase Ivanovski

ВИДЕО Драма во турско училиште: Наставник спаси ученичка со Хајмлихов зафат

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Напад над главната руска база на Крим

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во една од најпознатите згради во Копенхаген: Се урна цела кула

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во фабрика во Русија, има загинати и повредени

Sase Ivanovski

ФОТО+ВИДЕО: Десетици илјади луѓе се евакуирани поради поплави во Кина – 11 лица се водат како исчезнати

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Силен ветер урна минаре на џамија во Турција

Sase Ivanovski

Лидер на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали

Sase Ivanovski

Во поплавите во Кенија загинале 170 лица

Sase Ivanovski

Oсновачот на крипто берзата Бајненс призна дека перел пари, осуден е на четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Над 20 лица исчезнаа во поплавите во Бразил

Sase Ivanovski

Маричиќ: 20 години од големото проширување на ЕУ, ние треба да сме во следното

Sase Ivanovski

Запленети 1,8 тони кокаин во близина на островот Сен Мартин

Sase Ivanovski

Пендаровски и Силјановска Давкова со различни ставови за употребата на името и преговорите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(Видео) Ковачки најави големи проекти во Зрновци: зелен пазар, изградба на брана и резерворар

Sase Ivanovski

(Видео) Видео на руски војник стана вирално:„Добредојдовте во пеколот драги браќа, кои доаѓате за пари“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стојановски: По изборите ќе се преслика политичката разврска од 2006 – ВМРО ќе го исклучи ДУИ од идната влада, СДСМ е во незавидна ситуација!

Sase Ivanovski

Трогателна исповед на родителите на девојче-жртва на монструмот Коста Кецмановиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протестен марш за 1. Мај – од пред Собрание, преку Правда, па до Влада

Sase Ivanovski

ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година, порача Шарл Мишел

Sase Ivanovski

20 години членство во ЕУ ја промени радикално економската состојба во источна Европа

Sase Ivanovski

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Sase Ivanovski

Мерц: Вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи го и Западен Балкан

Sase Ivanovski

СИЛЈАНОВСКА: Струмица ја нареков феудот на Заеви што ќе се распадне!

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова „за“, Пендаровски „против“ амнестија за 27 април

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАНКО БАЧЕВ: КАНДИДАТИТЕ НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ РАБОТАТ ЗА НАРОДОТ, СИТЕ ДРУГИ ЌЕ РАБОТАТ ПРОТИВ НАРОДОТ!

Sase Ivanovski

ЛУДА ВЕСТ НА ДЕНОТ: СКОПЈАНЕЦ СО КОЛА УДРИЛ ЖЕНА, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ СО ИЗГОВОР ДЕКА СЕ БРЗА?!

Sase Ivanovski

Пендаровски: Клучните столбови од програмата од 2019 – членство во НАТО, преговори со ЕУ и стабилни етнички односи се остварени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИТИНГ НА ФАШИСТИ ВО МИЛАНО!

Sase Ivanovski
Вчитувам....