Гласањето на црногорските пратеници во Комитетот за политика и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа против Косово ја одразува новата реалност на мнозинството во таа земја, додаде тој.
– За време на мојот мандат целосно го поддржавме Косово, но ова е нова реалност. Тоа се случува затоа што мнозинството е создадено од партии кои не ја делат истата визија, програми и вредности. Тие мислат дека може да работи, јас го велам спротивното – изјави Абазовиќ.Запрашан за немањето конкретни резултати во дијалогот меѓу Србија и Косово, Абазовиќ апелираше двете страни да бидат конкретни.
– Изгубивме 20 години, не можеме да чекаме уште 20. Го поддржувам изнаоѓањето конечен договор меѓу Србија и Косово и ги повикувам двете страни, владите, лидерите да седнат заедно и да најдат решение за иднината на оние луѓе кои својот живот го гледаат во регионот – заклучи поранешниот црногорски премиер.