Особено задоволство е да се проследи интернационалната карневалска поворка каде што различните култури се вмрежуваат и ги изразуваат вредностите кои сите нас не обединуваат. Музиката, шаренилото од бои, фигури и маски со најразлични мотиви, покажувајќи ја вечната борба меѓу доброто и злото, се само дел од атракцијата на карневалот.
Струмица е признаена како една од најдобрите во светот како дел од Асоцијацијата на европските карневалски градови, годинава одбележува јубилејни 30 години од приемот, за што упатувам честитки за овогодинешната организација и за влогот на струмичани во негувањето на традиционалните вредности.