Најмалку 10 лица се тешко повредени, а вкупно 28 лица се задржани во болница и им е пружена лекарска помош, кога автобус со 54 патници се превртел во близина на словачкиот град Кошице.
Портпаролката на итната служба во Кошице, Петра Климесова, истакна дека во моментов нема извештаи за загинати, пренесува локалната агенција.
„Во автобусот имало 54 патници. На десет пациенти им била укажана прва помош и итно биле пренесени во болниците во Кошице и Требишов. Меѓу нив имало и три деца на возраст од една до 15 години“, рече Климесова. Таа посочи дека медицинскиот персонал претежно лекувал лица со повреди на главата, стомакот и екстремитетите.