Организираноста на групата ќе се испитува дополнително, сега за сега дејствијата се соизвршителски, едно дејство без друго не може. Мајката нема никаква улога во дејствија кои се од проблематична природа, рече Бубевски.
– Заедно ги вршат но се како соизвршители, заеднички извршители на едно дело – појасни Бубевски.Од петтемина приведени тројца се во притвор, двајцата други се сопствениците на „реното“ кое возело заедно со „цитроенот“, појасни Спасовски.
– Двајцата други беа сопственици на „реното“ кои ги имаат возилото, а го даваат на користење на партијата и ова возило го управува првоосомничениот – рече Спасовски.