Претставници на РС изјавија дека овој собир е реакција на иницијативата за усвојување на Резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).
Митингот започна со интонирање на националните химни на РС и химната на Србија „Божја правда“, а од плоштадот Краина до Бански двор се развиори знамето на РС долго петстотини метри.Приврзаниците на владејачките партии пристигнале со автобуси од сите делови на РС, а според претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ, автобуси пристигнале и од Србија.
Претставниците на опозицијата во РС претходно најавија дека нема да присуствуваат на „митингот на СНСД“, освен градоначалникот на Бања Лука Драшко Станивуковиќ од Партијата за демократски напредок (ПДП).На митингот присуствуваат и претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, како и министерот за труд, вработување и социјални работи на Србија, Никола Селаковиќ и претседателката на Српската партија Заветници, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски.