„Помалите заедници се мали, тие треба да бидат на власт за да им помогнат на нивната заедница. Затоа упатуваме порака дека тие ќе бидат со сицилијанскиот фронт до 8 мај, од 9 мај ќе се приклучат во победничкиот камп на Албанците, во коалицијата ВЛЕН“, истакна Меџити.
Тој исто така, додаде дека ДУИ во контуинитет ги рециклира 100-те фигури насекаде, по директорски позиции, како да немаме млади подготвени и без криминал за да ги извршат овие задачи.„Ние ќе го ослободиме системот и ќе им дадеме шанса на младите подготвени“, рече Меџити. Меѓу другото, Коалицијата на ДУИ со Мендух Тачи и останатите ја нарече коалиција на зортот, додека обединувањето на опозицијата во ВЛЕН како потреба на народот.